23 May, 2014

Промотивни материјали - #КМ25

[дизајн: Таби Азири] Промотивните материјали од овој блог- пост може слободно да се споделуваат, печатат, да се лепат на соодветни локации во градот, да се користат во рамки на објави за настанот или како линкови.  Однапред ви благодариме на сите за помагањето да се прошири информацијата за Критична маса #25. А на Таби му благодариме за веселиот роденденски дизајн и сработувањето на овие материјали како придонес за Критичната маса во нашиот град. МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ постери и флаери  Постер (А3, во боја) верзија за печатење: линк. Флаер (А5, црно-бело) верзија за печатење, предна страна: линк. Флаер (А5, црно-бело)...

Критична маса #25: Хепи точак ту ју!

Датум: 28.05.2014, последна среда во месецот Тргнување: 17:30, Плоштад МакедонијаЗабава: 19:00, Паркот со авиончето, Аеродром -> променето -> Школка, Градски Парк --------------------------------------------------------------Промотивни материјали: линк.Facebook настан: линк.Рута: линк. -------------------------------------------------------------- постерот за КМ 25 Се сеќавате на првата Критична Маса кога се изненадивме колку не’ има: сограѓани на точак кои имаат потреба да се искаже глас за нешто поинакво? А на првиот роденден пред МКЦ? На вашето омилено возење? На оној пат кога видовте точак каков што...

07 May, 2014

Предлог до ЈП Градски Паркинг за нови локации за рент-станици и држачи-паркинзи за велосипеди

Со цел подобро да се запознаеме со јавниот систем за изнајмување на велосипеди и да ги пренесеме нашите согледувања во врска со него, упативме барање за состанок до ЈП Градски Паркинг во чија надлежност е системот. Средбата се одржа на 23-ти април 2014 г. во просториите на ЈП Градски Паркинг.  Беа присутни претставници од НаТочак, Град Скопје и ЈП Градски Паркинг.  На средбата ги претставивме нашите сознанија и искуства во врска со системот за изнајмување велосипеди. Како предност ги истакнавме: достапната цена и релативно лесната процедура, а како најголем недостаток: нередовното одржување и малиот број на станици, односно бавниот развој на системот кој функционира од 2009-та година.  Исто така, беше спомната можноста за воведувањето...

05 May, 2014

Точакољупците за системот за изнајмување велосипеди

Што велат скопјани и по некој странец за системот за изнајмување велосипеди во Скопје? Сите на пример го знаеле пунктот кој бил на Плоштад Македонија (нема кој не го забележал), но повеќето не знаат каде е преместен (нема информации) + ”tourists don’t come to the hospital” :) Потребни се повеќе и посоодветно лоцирани пунктови и подобра информираност за локациите и за начинот на изнајмување. Како најголема предност ја истакнуваат цената: -„Цената е во ред, стварно е симболична“.  Но сметаат дека најнеопходно од се' е да се подобри одржувањето на точаците, но и самиот систем: -„The bikes are a bit too short and not well maintained. It would be better if the bikes are of better quality“. -„Тешко се наоѓа исправен точак меѓу тие што се на паркингот“. -„Да се сервисирааат почесто, да...

Pages 111234 »