Датум: 28.05.2014, последна среда во месецот
Тргнување: 17:30, Плоштад Македонија
Забава: 19:00,Паркот со авиончето, Аеродром -> променето -> Школка, Градски Парк
Тргнување: 17:30, Плоштад Македонија
Забава: 19:00,
--------------------------------------------------------------
Промотивни материјали: линк.
Facebook настан: линк.
Рута: линк.
--------------------------------------------------------------
Промотивни материјали: линк.
Facebook настан: линк.
Рута: линк.
--------------------------------------------------------------
постерот за КМ 25 |
Се сеќавате на првата Критична Маса кога се изненадивме колку не’ има: сограѓани на точак кои имаат потреба да се искаже глас за нешто поинакво? А на првиот роденден пред МКЦ? На вашето омилено возење? На оној пат кога видовте точак каков што сакате и вие, или на некој постар посветен господин кој возел со нас, кога видовме куче како не’ прати во текот на целото возење...
Дојде време да го прославиме вториот роденден!
Дваесет и четири пати масовно возевме по скопските улици, на дваесет и четири различни теми во врска со урбаниот велосипедизам. Критикувавме, мотивиравме, пишувавме пријави, едуциравме.
Критична Маса немаше да опстане без секој еден од вас, ако одите со велосипед на работа, ако ги поддржувате вашите блиски да се обидат да го користат велосипедот почесто, ако сте имале ситуација да едуцирате некој пешак или возач на автомобил затоа што ви се нашол на патот, ако сте учествувале во акции, ако сте го славеле возењето точак!
Овој роденден го посветуваме на вас и на сите оние кои имаат удел во подигнување на вело-културата во Скопје. Ги поддржуваме и оние кои се посветени на велосипедизмот, кои почнале свој бизнис поврзан со точаци и го прават градот поубаво место за живеење!
Ќе славиме во Градски Парк кај Школка, со музика, штандови и дизајни од точакољупци и со сите нас што делиме една иста цел!
Ќе не' забавуваат роденденски:
1. DJ Torta
2. Палиндром
3. Шутка Рома Рап
4. DJ Чваре
1. DJ Torta
2. Палиндром
3. Шутка Рома Рап
4. DJ Чваре
Кон забавата ќе не' одвози следнава рута:
View Рута КМ25 in a larger map
Да бидеме видливи, гласни, многубројни!
--------------------------------------------------------------
*** Секој учесник вози на своја одговорност.
0 comments:
Post a Comment