На 13.03.2020 г. седум граѓански велосипедски организации од 7 градови во државата (Скопје, Битола, Прилеп, Гостивар, Тетово, Штип, Кочани) испратија допис до политичките партии кои ќе учествуваат на изборите на 12-ти април за вклучување на визија и стратегија во нивната изборна програма за унапредување на велосипедскиот сообраќај во Р.С.Македонија.
Во продолжение е e-mail-от пратен до политичките партиите, а дополнителните документи ги има тука:
Во продолжение е e-mail-от пратен до политичките партиите, а дополнителните документи ги има тука:
------------------------------------------------
Почитувани претставници на политичките партии,
Почитувани претставници на политичките партии,
Ви се обраќаме во името на 7 граѓански велосипедски организации од 7 градови со барање за вклучување на визија и стратегија за унапредување на велосипедскиот сообраќај во политичката програма со која ќе настапите на Парламентарните избори 2020, а со што ќе адресирате повеќе проблеми со кои се соочуваме на државно ниво (загадување, здравје, безбедност, климатски промени, квалитетна средина за живеење).
Нашето обраќање поврзано со новите Парламентарни избори 2020 го има во документот со наслов:
а во документот со наслов:
Ви ги испраќаме 9-те клучни барања кои интензивно ги комунициравме во јавноста последниот месец под мотото “ЦРВЕНИ ВЕЛОЛИНИИ 2020“.
Деветте предлози сметаме дека во овој момент е исклучително важно да бидат вметнати во Вашата програма како ветување и обврзување за искрени, сериозни и посветени заложби за подобрување на ова поле, а подоцна и имплементирани како политики на национално ниво.
Станува збор за многу повеќе отколку само за про-велосипедски политики.
Се работи за животи и за квалитет на живеење.
Со почит,
НаТочак - Скопје, Битола На Точак, Прилеп На Точак, Гостивар На Точак, Тетово На Точак, Штип На Точак, Кочани На Точак
0 comments:
Post a Comment