26 November, 2021

Обраќање од НаТочак до градоначалниците на скопските општини и Град Скопје

На 19-ти ноември 2021 НаТочак се обрати до сите 10 градоначалници на скопските општини и градоначалничката на Град Скопје по електронски пат (e-mail). Во обраќањето им го честиташе стапувањето на функција, ги потсети на главните 10 чекори до пешачко и велосипедско Скопје и побара состанок во насока на од една страна отпочнување на соработката со нив како политички избраници, но истовремено и продолжување на соработката на НаТочак со институциите кои ги предводат.До овој момент (26-ти ноември 2021), одговори единствено градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски со кого е веќе закажана средба за наредната седмица, а со градоначалникот...

16 November, 2021

Предлози од НаТочак за буџетот на Град Скопје за 2022 година

На 13.11.2021 година претставници на НаТочак учествуваа на Граѓанскиот буџетски форум организиран од Зелен Хуман Град за предлози за буџетот на Град Скопје за 2022 година.На Форумот зедоа учество претставници на 14 организации и активистички групи кои долги години се општествено ангажирани и дале придонес за унапредување на сферите во кои делуваат.Во рамки на форумот, претставниците ги презентираа предлозите на нивните организации, даваа коментари за подобрување на предлозите и изгласуваа кој предлог е прифатлив за поднесување до Советот на Град Скопје. Предлозите беа од теми како: пешачки и велосипедски сообраќај и безбедност, енергетска независност, справување со аерозагадувањето, грижа за бездомните животни, справување со биоотпадот и трансформација на градски објекти и простори....

Pages 111234 »