На 14.09.2023 пративме допис до Град Скопје и Општина Карпош во однос на реконструкцијата која е во тек на ул. Бледски договор.
Дописот е во прилог:
Скопје, 14.09.2023
како при нејзината т.н. реконструкција ќе се подобрат условите за
движење на пешаци и велосипедисти.Оваа улица е важна артерија за пешаците кои се движат од автобуските
постојки на бул. Партизански одреди до болничкиот центар во кој се
наоѓаат Градска и Воена болница, како и приватната клиника Жан Митрев,
средношколци се движат до гимназијата Никола Карев,
а во продолжение на оваа улица е важен конектор на пешаците кои се
движат до спортскиот центар „Борис Трајковски“ кој во кратки периоди
врска е на бул. Партизански одреди. Многу важно, голем број од пешаците
се и лица на кои им е потребна медицинска помош, вклучително лица со
помагала, скршеници, постари лица итн.
За улица по која се движат илјадници посетители на болници и средно
училиште проширување на коловоз на сметка на тротоари не е праведен сооднос
на просторот и не соодветствува на заложбите за еднаквост, одржливост, безбедност.
Важно е на оваа улица да се овозможи безбедно движење за пешаци и
велосипедисти, а да не се дозволи колите да возат брзо и да ги загрозуваат
останатите учесници во сообраќајот.
стеснување на автомобилските ленти од 3.5 на 3 метри;
добивање на 0.5метри повеќе кон секој тротоар;
можност за реорганизација на тротоарите со издвоени или мешани пешачко-велосипедски патеки, се разбира со зеленило.
Според Регулацскиот план за З 05 (слика подоле) ул. Бледски договор е предвидена со профил од 21 метар, во кои коловозот е 7 метри, тротоари од 6 метри од едната страна (3 метри за пешаци и 3 метри за зеленило) и 8 метри од другата страна (1.5 м за велосипеди, 3.5 м за зеленило и 3 м за пешаци). Зошто плановите се почитуваат само за автомобилите? Ќе добиеме ли толкав простор за пешаци и зеленило во новата изведба?
http://gisportal.skopje.gov.mk/GUP_sintezni/Z05.pdf
Со нашиот предлог нема ни да се намали капацитетот за примање на возила, туку само ќе се зголеми безбедноста на булеварот за сите учесници во сообраќајот.
Апелираме употребата на коловозни ленти со ширина од 3 метри или помалку, наместо 3 и пол метри да стане пракса во сите изградби на нови булевари и при реконструкција на постоечките булевари и сервисни улици. Просторот добиен со новата распределба (т.н. Road diet, патна диета), може да се користи за пешачки, велосипедски патеки или зеленило (намени кои недостасуваат и му се неопходни на градот, особено ако се стремиме тој да станува пријателски за велосипеди и пешаци климатски неутрален град) зависно од тоа што недостасува во
контекстот.
Регулацски план за З 05 - ул. Бледски договор
Стеснување на лентите и слејување на рабниците се зафати кои треба да се прават при секоја реконструкција, додека решенијата кои влијаат на фукнционалноста мора да станат пракса.
Подолу можете да ги погледнете сликите од различните локации на кои предлагаме подобри решенија за успорување на сообраќајот и подобрување на условите за движење на пешаците и велосипедистите.
Генерални забелешки за оваа реконструкција:
Секоја раскрсница треба да има слеани рабници и кренати пешачки премини попречно на улиците кои се слеваат во Бледски договор.
Столпчиња треба да се постават за да се спречат коли непрописно да се паркираат и да ги узурпираат велосипедската и пешачката патека.
- Зеленило треба да се засади онаму каде недостасува и дрвјата треба да се заменат онаму каде се исечени. Дрвја треба да се посадат на местата каде порано имало дрвја, а во последните 5 години се поставени бехатонки (сега пропаднати бидејќи земјата се има повлечено).
- Дополнително на сите раскрсници сметаме дека треба да се прошират и продолжат тротоарите за да бидат под прав агол со мал радиус. Да се смени практиката на оставање широк радиус кој го имаат сите раскрсници на ул. Бледски договор во моментов. Широкиот радиус им дозволува на возачите на автомобили да влегуваат во кривините со поголема брзина, додека пешаците ги приморува да одат подолго на пешачките премини (по кои се вози со поголема брзина)
- Да се постават централни пешачки острови онаму каде пешачкиот премин е поголем од 6м или пешаците поминуваат повеќе од две коловозни ленти.Овие острови не мора да се подигнати, може да бидат и со столпчиња.
Целата источна страна има супстандардни и непристапни пешачки и велосипедски патеки. Потребна е промена на подлогата и слејување на рабниците. Сите болници се на оваа страна на улицата.
Тротоарите на западната страна или се распукани онаму каде има асфалт (југозападниот дел од улицата) или пропаднати онаму каде има бехатонки
Да се искористат багерите за вадење на десетиците стебла од исечени дрвја, некои од кои се исечени пред 5-10 години
Во продолжение посочуваме преку слики неколку локации каде во моментов се работи на кои може да се направат козметички корекции кои многу влијаат на пешаците и велосипедистите.
Тротоар на западната страна на ул. Бледски договор со бул. Илинден - потребно е асфалтирање на дупка и поставување на столпчиња
Северо-западната страна на раскрсницата на ул. Бледски Договор со ул. Драгиша Мишовиќ: Слејување на рабник / подигнување на пешачки премин и намалување на радиус
Поставување на столпчиња и ослободување на велосипедската и пешачката патека долж ул. Бледски Договор
Долж ул. Бледски договор:
Замена на исечените дрвја со нови возрасни дрва, пополнување на местата каде недостасуваат бехатонки / тие се пропаднати
Раскрсницата на ул. Бледски Договор со ул. Радика: Слејување на рабник / подигнување на пешачки премин и намалување на радиус
На југо-западната страна раскрницата на ул. Бледски договор со ул. Карпошево востание, потребно е: слејување на рабник / подигнување на пешачки премин и намалување на радиус. Ова е радиус како за булевар, не како за станбена улица.
Северо-западната страна раскрницата на ул. Бледски договор со ул. Карпошево востание: Подигнување на пешачки премин и намалување на радиус. Ова е радиус како за булевар, не како за станбена улица.
За пофалба е тоа што тука е квалитетно слејан рабникот во овие недели, што е помалку добрата варијанта споредено со подигнување пешачки премин.
На југо-западната и северо-западната страна раскрницата на ул. Бледски договор со ул. Никола Русински: Слејување на рабници / подигнување на пешачки премин и намалување на радиус.
На раскрницата на ул. Бледски договор со ул. Никола Русински: да се размисли за микрокружен тек
На југо-западната и северо-западната страна раскрницата на ул. Бледски договор со најјужната сервисна улица: Слејување на рабници / подигнување на пешачки премин, обележување на пешачки премин и поставување пешачки остров/столпчиња на средина
Нова улица (продолжение на ул. Никола Русински): Слејување на рабниците / подигнување на пешачки премин и правење централен пешачки остров
Влез на паркинг (источно од СУГС Никола Карев): Слејување на рабниците / подигнување на пешачки премин и правење централен пешачки остров
Источниот тротоар од влезот на паркингот до приклучувањето со бул. Илинден: Да не се дозволи по копањето на тротоарот да се прошири коловозот на сметка на просторот кој порано им припаѓал на пешаците кои се движат накај клинички центри, замена на исечените дрвја
Влез на паркинг, продолжение на ул. Карпошево Востание): Слејување на рабниците / подигнување на пешачки премин и правење централен пешачки остров
Помошен влез на паркинг на Градска болница: Слејување на рабниците / подигнување на пешачки премин
Паркинг на Градска Болница: Промена на подлогата на тротоарот
Излез од паркинг на Градска Болница: Слејување на рабниците и правење централен пешачки остров / подигнување на пешачки премин
Пешачка патека на североисточната страна (од Градска болница до бул. Илинден): Промена на подлога и обновување на зеленилото
Референци:
1. Линк до статија: “Лентите широки 3 метри се побезбедни и сепак имаат капацитет за многу возила“ https://www.citylab.com/solutions/2015/07/10-foot-traffic-lanes-are-saferand-still-move-plenty-of-cars/399761/
2. Линк до Препораките за ширина на ленти на Националната агенција за градски транспорт на Америка: https://nacto.org/publication/urban-street-design-guide/street-design-elements/lane-width/
0 comments:
Post a Comment