
Немаме лек, но имаме превентива - со здрави улици во борба против здравствената и климатската кризаВелосипедот е silent hero во борбата со корона вирусот. Секој еден човек на точак повеќе е еден човек помалку во полн автобус или еден автомобил помалку во сообраќајниот метеж.Ковид пандемијата ги раздрма сите аспекти на нашето општество, во голема мера ни ги промени секојдневните навики, меѓу кои и оние како се движиме низ нашиот град. Ги намаливме непотребните излегувања, а за оние задолжителните побаравме алтернативи. Возењето во полн автобус, такси или кола со повеќе луѓе станаа неприфатливи. Многу од граѓаните како најпрактично превозно средство...