
Минатата седмица на покана на претставниците од Град Скопје, после подолга пауза беа обновени состаноците на претставници на НаТочак со Координативното тело за велосипедски сообраќај на Град Скопје.На средбата претставниците на Град Скопје информираа за тековните проекти и за идните планови (главно за нови велосипедски конекции, проблеми со постоечките изведби, поставување велосипедски паркинзи, поврзување на кејот со рампи, отстранување на билборди итн.), претставниците на НаТочак дадоа свои забелешки и усно, а и писмено после состанокот. Како надоврзување на разговараното беше пратен и дописот во продолжение кој се однесува на Буџетот...