26 November, 2012

E добро де!

Фотогалерија - дијалог од истото искуство при возењето по новите скопски булевари. Фотографиите се направени во истото возење како и претходното видео. Илинденска, бул. Климент Охридски и бул. Митрополит Теодосиј Гологанов. 

Дијалог со градот и останатите учесници во сообраќајот.

Е добро де, не мислевме дека по тротоар и велосипедска патека може да се движат и инвалиди, колички со бебиња и велосипеди. Кога ќе речеме дека прошируваме и подобруваме улици подразбираме улици за коли.

Е добро де, малку ја скративме шипката од знакот.

Е добро де, ја преполовивме велосипедската патека, ама затоа ептен ве осигуравме.

Е добро де,  ви помагаме да најдете каде е средината на велопатеката . Држачот за корпа го оставивме за подобро да се наденете.

Е добро де, треба ли луѓето да јадат?

Е добро де, малку атмосферската канализација не ја направивме добро. Ама затоа си имате кабаници.

Е добро де, ви ставивме знаци, тамам ве раздвојуваат со пешаците, за секого по 40 cm.

Е добро де, имаше простор на широкиот тротоар, па освен за пешаци и точаци, оставаме и коли.

Е добро де, брзам!  Да не сакаш да почитувам предност?

Е добро де,  високи ви се гумите.

Е добро де, само да завршам работа. Да тркнам до онде.

Е добро де, малку го сронав тротоарот, малку немаш каде да поминеш, ама види - и други има паркирано. Што не им викаш и ним?

Е добро де, ни пропаднал тротоарот, а контејнерите си ги чуваме тука зошто лесно ни е да ги подигнеме кога се на главни булевари.

Е добро де, дупка, се сронал цементот. Со следното проширување  и неа ќе ја асфалтираме.

Е добро де, штедевме боја.

Е добро де, можеш да поминеш под неа? Епа не се жали.

Е добро де, не можеш да ме заобиколиш?

Е добро де, си беа тука дрвjата. Ни беше жал да ги исечеме. А да ја поместиме патеката не ни текна.

Е добро де, за едно капаче?! Цепидлаки!

Е добро де, да не сакате и живата ограда да ја кастриме?

Е добро де, чадор. Епа каде да го ставам?

Е добро де, се видов со пријателот, застанав да си помуабетиме.

Е добро де, си се шетаме со внуката. Црвениве линии ми помагаат да држам правец.

Е добро де, малку ја стеснивме патеката.

Е добро де, не можете цик-цак да возите?

Е добро де, каллива вода се слеала на новиот тротоар. Што да правиме?

Е добро де, семафор! Мораше некаде да го ставиме семафорот. Ни остана малку кабел, па да не го сечеме.  А ѕитчето ни беше жал да го турнеме.

Е добро де, се изгуби патеката. Не знаете каде да возите?

Е добро де, столпче ставивме. Ама затоа го обоивме жолто.

Е добро де, се зазборев на телефон.

Е добро де, спојката со стариот тротоар не беше дел од проектот. Тоа во фаза 3.

Е добро де, да не сакате да ги чистиме патеките?

Е добро де, бандери. Па мораше некаде да ги ставиме.

Е добро де, високи тркала - високи рабници. Зошто тогаш возиш Mountain bike?

Е добро де, овде порано имаше велосипедска патека, ама мислевме дека не ви треба.

Е добро де, копавме.

Е добро де, малку се стеснува патеката, ама не е страшно.

25 November, 2012

Промотивни материјали КМ#7

Промотивни материјали за КМ#7 - Улици и за точаци!

Плакати

pdf - за печатење (кликни ме)


jpg - со целосно инфо




















jpg - само дизајн


















Флаери

pdf - црно-бел за печатење (кликни ме)


Банери

900х800 пиксели


















980х100 пиксели


22 November, 2012

Велоспедски патеки во Скопје


Мала акција на дел од редовните возачи на Критична Маса во Скопје. Визуелизација на состојбата на велосипедските патеки на новите булевари низ Скопје, конкретно булеварите Илинденска, бул. Климент Охридски и бул. Митрополит Теодосиј Гологанов.



02 November, 2012

Извештај КМ#6 - 31.10.2012

Првата Критична маса во целосен мрак помина одлично! Над 70 точаци од стартот на плоштад Македонија, преку Саем, ПМФ, Автокоманда, Ново Лисиче до паркот со авионот во Аеродром.

Бевме бучни! Ѕвончиња, вувузели и сирени...Минувачите реагираа. Некои возачи нè поздравуваа со свирење во ист ритам со вувузелите.

Бевме видливи! Бели светла напред, црвени позади, рефлектирачки површини на облеката.

Бевме умни! :-) Во една коловозна лента, одговорни за себе и за групата.

Почнуваме да се собираме

Моменти пред тргнување

Мал договор пред тргнување

Кај кружните текови близу Саем

Грабиме напред и уживаме

За тие на кои им беше премногу ладно и темно да дојдат на КМ6: на ова мало девојче не му беше! :-)

Повиците веројатно вродија со плод. Процентот на осветлени велосипедисти е значително подобрен во споредба со КМ6!

Финишот во паркот во Аеродром
Колекција од ѕвончиња и светла кои се појавија на КМ#6 има тука.

Видео во близина на МОБ:


Споени кадри од рутата снимени од камерчето поставено на точакот од Раде:


Кревањето точаци на целта:



По сменетата слика со осветлени велосипеди, но и по реакциите на присутните на КМ6 и на оние кои не можеа да дојдат, а сепак биле мотивирани да си набават светла и/или ѕвончиња, можеме да заклучиме дека сите заедно имавме успешна мини-кампања.
Ви благодариме што добро ја примивте и раширивте пораката. Се работи за безбедноста на сите нас.
Кога ќе сретнете неосветлен велосипедист навечер, посочете му најдобронамерно да си постави светло. Темата не е затворена. :-)

Благодарност и до оние кои донираа. Во кутијата за донации се собраа 1363 денари кои ќе бидат употребени за промотивни материјали за Критична маса 7. Од нас за нас и за поубаво Скопје.

Се гледаме повторно последната среда и во ноември со нова тема!
До тогаш да ги искористиме убавите денови на есента за возење точак.
Ѕрн ѕрн!

Колекција од ѕвончиња и светла видени на КМ#6

Мала инспирација за оние кои ги немаат. Особена креативност има во дизајнот на ѕвончињата.