Веќе е пролет и секое одложување значи помалку време за уживање оваа година.
Зимата заврши, а пролетва е совршена.
Некои од нас возат и во текот на цела зима, а некои се одзваа на повикот на Критична маса #10 и ја отпочнаа порано сезоната. Целта на КМ #10 беше токму тоа.
Му благодариме на Давор Пехчевски чиј дизајн добро го долови повикот за ослободување на точаците и сопствените комфорни граници.
Џинглот на ТикТак, пак, си поигра со февруарската нота на повикот ;)
КМ #10 (и општо Критична маса) се промовираше и преку видеото „На улица, #naTochak“ кое го прикажавме премиерно на настанот Engage.
Попладнето во последната среда во февруари температурата беше солидна (~10С), дувкаше ветер што малку не' успоруваше, но не врнеше како што многумина очекуваа. А на 150-ина учесници им беше сеедно. Дојдоа спремни да возат во секакви услови!
Се собравме на платото меѓу гаражата од Влада (во која во догледна иднина се надеваме ќе се паркираат велосипедите на вработените функционери) и големите мачки на мостот Гоце Делчев. Пригодно, февруарски!
Собирањето на стартната точка кога уште беше светло. |
Во возењето се моткаа меѓу нас неколку балони... |
Точаците се современите коњи кои ти даваат чувство на летање низ градот :) И плус се на сопствен погон! |
На ова возење истраживме нови улички во градот... |
Кружните текови во секојдневиото ни се тешки за снаоѓање, не знаеш дали да се однесуваш како автомобил или пешак... Но затоа ни се многу интересни на Критична маса! |
View Критична маса - Скопје на точак #10 in a larger map
Оние кои стигнаа до целта можеа да си земат беџ во една од двете различни големини. |
Беџовите беа изработени благодарение на донациите кои завршуваат во кутијата за донации после возењата. |
За КМ #10 беа потрошени севкупно 3340 денари за постерите, флаерите и беџовите, а во кутијата за донации завршија 2211 денари. Благодариме на придонесот!
И благодариме за уште една прекрасна Критична маса!
Возењето помина во најдобар ред, групата се саморегулираше подобро од било кога! Чувството да возиш во таква група е неописливо убаво! Окупиравме со мали отстапки само една лента од коловозот, се грижевме едни за други и имаше доста доброволци кои љубезно ги замолуваа возачите на автомобили да бидат трпеливи ако требаше да не' почекаат за да поминеме. Секоја чест, точакољупци!
Како што ни се релаксирани и глатки видеово и улиците за автомобили по кои возиме, такви да ни бидат и патеките за точаци! Без борби со рабници.
Возењето го завршивме со подигнување на точаците:
Дружењето продолжи во кафуле во Порта Влае во кое (отпосле сфативме!) имаше часовник во облик на велосипед. |
Во Порта Влае нема паркинзи за велосипеди па ги окупиравме оградата и светилките :) |
Ѕрн, ѕрн!
0 comments:
Post a Comment