27 February, 2014

Инфографик: Годишен извештај 2013 година НаТочак

Измина цела година, а нас веќе некои работи ни се матни. Не џабе рекле паметниот запишува, глупавиот памти.  Овој  инфографик ја отсликува работата на НаТочак во изминатата 2013-та година. Целосен и детален извештај околу работата на НаТочак во изминатава година можете да прочитате овде. (за поголема резолуција кликни тука) ...

Годишен извештај 2013 година НаТочак

Иницијативата НаТочак беше започната во април 2012-та година од страна на група ентизијасти - точакољупци со цел подигање на свеста за велосипедот како урбано превозно средство и негово издигање на ниво на рамноправен учесник во сообраќајот во Скопје. НаТочак е исклучиво самофинансирана иницијатива каде сите приходи доаѓаат од учесниците на Критична маса.   Овој годишен извештај ја сумира работата на оваа неформална група граѓани која беше фокусирана на градење институционална соработка со цел подобрување на состојбата на велосипедската инфраструктура и поддршка во организирирањето на Критичната маса во Скопје. Годишниот извештај можете да го погледнете и во форма на инфографик тука. Целосниот извештај можете да го погледнете и на следниов лин...

26 February, 2014

Предлог до ДЗС за вклучување на велосипедскиот сообраќај во извештаите за транспорт

Согледувајќи ја потребата за поголемо и поквалитетно вклучување на велосипедскиот сообраќај во извештаите за транспорт на Државниот завод за статистика (ДЗС), се обративме до нив со конкретни предлози. Подолу може да ги погледнете двата документи кои им ги испративме: 1. Предлог (линк) Во овој документ се наведени конкретните предлози кои ги направивме по прегледот на достапните документи од ДЗС и мало истражување на странски примери. 2. Прилог (линк) Во овој документ е претставен краток осврт за состојбата во други земји и важноста од мерењето на велосипедскиот сообраќај. Се надеваме на позитивен одговор по овие предлози. За причините и предностите на воспоставување на вакво статистичко мерење прочитајте во погорните линкови. Иницијативата ја направи...

21 February, 2014

Критична маса #22: „Преброј се!“

Датум: 26.02.2014, средаТргнување: 17:30, Плоштад МакедонијаКрај (подигнување на точаците): Парк Жена Борец --------------------------------------------------------------Промотивни материјали: линк.Facebook настан: линк.Рута: линк. Предлог за мерење до ДЗС: линк. -------------------------------------------------------------- постерот за КМ 22 Сè повеќе нè има на точак. Но колку сме? Сакаме да пораснеме, но за тоа се потребни конкретни мерки: инфраструктурни подобрувања, подобрување на системот за изнајмување велосипеди, едукативни кампањи, зголемување на свеста итн.  Скопје е еден од ретките европски...

Промотивни материјали - #КМ22

[дизајн: Вања Шереметковски] Промотивните материјали од овој блог- пост може слободно да се споделуваат, печатат, да се лепат на соодветни локации во градот, да се користат во рамки на објави за настанот или како линкови. Однапред ви благодариме на сите за помагањето да се прошири информацијата за Критична маса #22. А на Вања му благодариме за одличната идеја и сработувањето на овие материјали како придонес за Критичната маса во Скопје. МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ (постери и флаери) постер, верзија за веб Постер (А3, во боја) верзија за печатење: линк. флаер, предна страна, верзија за веб Флаер (А5, во боја) предна страна,...

Pages 111234 »