
Заштитниот шлем-кацига не е задолжителна опрема за велосипедисти.
За неносење на кацига при управување на велосипед според измените во Законот за безбедност не се предвидени санкции.
Предлагачот во Член 99 од предлог Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата само препорачува користење на кацига, но тоа се прави со несреќна формулација со истата терминологија која се користи за задолжителната опрема. Поточно, се користи зборот „треба“ кој не е променет и покрај нашите реакции за можноста за слободна интерпретација.
Кон крајот на 2014-та година, по реакцијата од НаТочак со коментари за предлог Законот (коментарите се достапни...