26 December, 2021

Предлози за буџет на Град Скопје 2022 - НаТочак - потсетување до советниците и администрацијата

Во пресрет на седницата на која ќе се гласа Предлог Буџетот на Град Скопје за 2022 година, НаТочак се обрати преку службените mail-ови до советниците и стручните служби од администрацијата. Седницата е закажана за 29.12.2021 година, на истиот ден со Критична маса #88. Текстот на обраќањето го има во продолжение:----------------Почитувана Градоначалничка на Град Скопје, г-ѓа Арсовска,Почитуван Претседател на Советот на Град Скопје, г-н Славески,Почитувани вработени во администрацијата во Град Скопје,Почитувани советници,Би сакале да Ви се обратиме во пресрет на донесувањето на Буџетот на Град Скопје за 2022 година и да Ве потсетиме на...

21 December, 2021

Новогодишна Критична Маса #88: Милион желби, еден Велоград

Датум: среда, 29.12.2021Почеток: 17:30, Плоштад МакедонијаКрај: 18:30, Социјален центар Дуња ----------------------------------Facebook настан: линкРута: линкПромотивни материјали: линк----------------------------------Постер за КМ #88, дизајн: Коста СтаматовскиПоследната среда од годината е резервирана за новогодишната Критична Маса. Да ја испратиме 2021 и да ја пречекаме 2022 онака како што ни е најудобно, на точак. :)Во годинава која што беше неизвесна како и минатата, досега имавме две Критични Маси. Една роденденска која ја прославивме со првата Улица за луѓе и една летна на која баравме мерки против ноќните ѕверки...

Промотивни материјали за Новогодишна КМ #88: Милион желби, еден Велоград!

[дизајн: Коста Стаматовски, stamatovski.com]Промотивните материјали од овој блог-пост може слободно да се споделуваат, печатат, да се лепат на соодветни локации во градот, да се користат во рамки на објави за настанот или како линкови. Однапред ви благодариме на сите за помагањето да се прошири информацијата за Критична маса #88.Голема благодарност до Коста за милионите желби вклопени во минимален дизајн. МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕПостер, верзија за печатење: линк (.pdf)Честитка, верзија за печатење: линк (.pdf)МАТЕРИЈАЛИ ЗА ВЕБЗА ВЕБПостер, верзија за вебFacebook cover Twitter coverFacebook event coverЧеститка, предна страна,...

10 December, 2021

Семафор за 10 чекори до пешачко и велосипедско Скопје

Повеќе пати ги споделувавме 10-те чекори до пешачко и велосипедско Скопје.Да ги разглобиме во потточки и да видиме на што е работено, а на што не е изминатите 9 години откако НаТочак ја следи и анализира оваа проблематика.Да видиме каде сме добри како град и каде треба да се продолжи во таа насока, каде сме почнале промени, а каде не е ништо сработено.Подготвивме „семафор“. Со 🔴 се означени областите каде нема никаков напредок на темата, каде се стои во место;Со 🟡 се означени областите каде има напредок и треба да се продолжи во таа насока, за да стане светлото зелено;Со 🟢 се означени областите каде има значаен напредок со голем опфат во градот...

26 November, 2021

Обраќање од НаТочак до градоначалниците на скопските општини и Град Скопје

На 19-ти ноември 2021 НаТочак се обрати до сите 10 градоначалници на скопските општини и градоначалничката на Град Скопје по електронски пат (e-mail). Во обраќањето им го честиташе стапувањето на функција, ги потсети на главните 10 чекори до пешачко и велосипедско Скопје и побара состанок во насока на од една страна отпочнување на соработката со нив како политички избраници, но истовремено и продолжување на соработката на НаТочак со институциите кои ги предводат.До овој момент (26-ти ноември 2021), одговори единствено градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски со кого е веќе закажана средба за наредната седмица, а со градоначалникот...

Pages 111234 »