На 22.04.2020 испративме Отворено писмо “Простор анти корона“ заедно со уште 41 организација до 23 институции во кое бараме воведување на привремени нови и проширување на старите пешачки и велосипедски површини како мерка за справување со кризата со корона-вирусот. Во меѓувреме се придружија уште десетина организации.
Повеќе за предлозите и образложенијата зошто го бараме тоа, можете да прочитате во блог-постот: http://natochak.blogspot.com/2020/04/blog-post.html
Веќе на 23.04.2020 заседавал по 33-ти пат Главниот координативен Кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID 19 при Владата на Р.С. Македонија и меѓу другото ги разгледал барањата од отвореното писмо “Простор анти корона“ по што истото го проследил на разгледување и понатамошно постапување до Министерство за транспорт и врски, Министерство за здравство, Министерството за животна средина и просторно планирање и Град Скопје со цел доставување на соодветен предлог за разгледување до Владата по доставените мерки. Одговорот од Кризниот штаб е достапен на линкот.
На 30.04.2020 писмото е разгледано во Министерството за животна средина и просторно планирање по што го добиваме првиот позитивен одговор од некоја надлежна институција. Одговорот е пратен до Владата и до иницијаторите: НаТочак и Одржливи иницијативи
Писмото е достапно на линкот како pdf, на фотографијата се означени клучни извадоци, а како текст го има во продолжение.
Од другите институции до кои Кризниот штаб го упатил писмото, сè уште чекаме одговор и преземање на соодветни активности.
До: Влада на Република Северна Македонија
Предмет: Мислење
Во врска со Заклучокот 14 кој произлезе од триесет и третиот состанок на Главниот координативен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, одржан на 23 април 2020, Министерството за животна средина го дава следното мислење од аспект на својата надлежност:
Претходно направените анализи на уделот во емисиите и концентрациите на загадувачките супстанции во воздухот го идентификуваат сообраќајот како еден од главните избори на загадувачки супстанции во воздухот. Според Инвентарот на загадувачки супстанции за 2017 година, на национално ниво сообраќајот учествува со 30% во вкупните емисии на азотни оксиди.
Исто така, според направеното моделирање на локалното влијание на сообраќајот врз концентрациите на азотни оксиди по должината на поголемиот дел на сообраќајниците во Градот Скопје, концентрациите на азотни оксиди ја надминуваат годишната гранична вредност (40 μg/m3) во близина на сите поголеми улици и сообраќајници во градот, а сообраќајот се идентификува и како сектор кој има 20% удел во вкупните концентрации на PM10.
Во последниот период, мерните станици од Државниот автоматски мониторинг систем забележаа намалување на концентрациите на азотни оксиди како резултат на рестрикцијата на движење на граѓаните со воведување на полицискиот час, како дел од мерките за справување со КОВИД-19. Ова е особено евидентно кај мониторинг станиците кои се поставени на пофреквентните крстосници.
Дополнително, светските научници како и специјалниот известувач за човекови права и животна средина веќе ја утврдија тесната поврзаност на ранливоста и бројот на смртни последици од КОВИД-19 со изложеноста на населението на аерозагадувањето, така што ова позитивно влијание врз состојбата со квалитетот на воздухот не смее да се занемари и треба да се одржи како дополнителна мерка за справување со ова респираторно заболување и заштитата на здравјето на граѓаните.
Со оглед на овие емпириски сознанија и претходните заложби на МЖСПП за промоција на пешачењето и велосипедизмот како една од мерките за намалување на загадувањето на воздухот, како и со оглед на искуствата и трендовите во другите европски метрополи кои воведоа слични вакви мерки на привремена алтернативна мобилност, МЖСПП ја поддржува иницијативата “Простор анти корона“.
Следствено, МЖСПП дава позитивно мислење по доставениот предлог со итни мерки и силно препорачува единиците на локалната самоуправа и Градот Скопје да обезбедат проширување на велосипедската мрежа со цел промоција на користењето велосипеди и други алтернативни методи за транспорт, односно да се обезбеди непреченото пешачење почитувајќи ги препораките за социјална дистанца.
Со почит,
Изготвил: Фросина Антоновска
-----------------------------------------------------
Следни институции од кои чекаме одговор се:

Би сакале да го поздравиме професионалниот однос на институциите до овој момент, поточно Кризниот штаб при Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање за ажурното разгледување на дописите, ажурното информирање и праќањето на официјалните одговори до иницијаторите.
Особено нè радува позитивниот одговор од МЖСПП и содржината на нивното мислење, со додатни податоци и аргументи во прилог на нашето барање.
Со нивна дозвола го споделуваме на блогот и на социјалните мрежи.
Прочитајте го.
-------------------------------Особено нè радува позитивниот одговор од МЖСПП и содржината на нивното мислење, со додатни податоци и аргументи во прилог на нашето барање.
Со нивна дозвола го споделуваме на блогот и на социјалните мрежи.
Прочитајте го.
Министерство за животна средина и просторно планирање
Кабинет на министер
Арх. бр. 10-2291/2
Датум: 30.04.2020
До: Влада на Република Северна Македонија
Предмет: Мислење
Во врска со Заклучокот 14 кој произлезе од триесет и третиот состанок на Главниот координативен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, одржан на 23 април 2020, Министерството за животна средина го дава следното мислење од аспект на својата надлежност:
Претходно направените анализи на уделот во емисиите и концентрациите на загадувачките супстанции во воздухот го идентификуваат сообраќајот како еден од главните избори на загадувачки супстанции во воздухот. Според Инвентарот на загадувачки супстанции за 2017 година, на национално ниво сообраќајот учествува со 30% во вкупните емисии на азотни оксиди.
Исто така, според направеното моделирање на локалното влијание на сообраќајот врз концентрациите на азотни оксиди по должината на поголемиот дел на сообраќајниците во Градот Скопје, концентрациите на азотни оксиди ја надминуваат годишната гранична вредност (40 μg/m3) во близина на сите поголеми улици и сообраќајници во градот, а сообраќајот се идентификува и како сектор кој има 20% удел во вкупните концентрации на PM10.
Во последниот период, мерните станици од Државниот автоматски мониторинг систем забележаа намалување на концентрациите на азотни оксиди како резултат на рестрикцијата на движење на граѓаните со воведување на полицискиот час, како дел од мерките за справување со КОВИД-19. Ова е особено евидентно кај мониторинг станиците кои се поставени на пофреквентните крстосници.
Дополнително, светските научници како и специјалниот известувач за човекови права и животна средина веќе ја утврдија тесната поврзаност на ранливоста и бројот на смртни последици од КОВИД-19 со изложеноста на населението на аерозагадувањето, така што ова позитивно влијание врз состојбата со квалитетот на воздухот не смее да се занемари и треба да се одржи како дополнителна мерка за справување со ова респираторно заболување и заштитата на здравјето на граѓаните.
Со оглед на овие емпириски сознанија и претходните заложби на МЖСПП за промоција на пешачењето и велосипедизмот како една од мерките за намалување на загадувањето на воздухот, како и со оглед на искуствата и трендовите во другите европски метрополи кои воведоа слични вакви мерки на привремена алтернативна мобилност, МЖСПП ја поддржува иницијативата “Простор анти корона“.
Следствено, МЖСПП дава позитивно мислење по доставениот предлог со итни мерки и силно препорачува единиците на локалната самоуправа и Градот Скопје да обезбедат проширување на велосипедската мрежа со цел промоција на користењето велосипеди и други алтернативни методи за транспорт, односно да се обезбеди непреченото пешачење почитувајќи ги препораките за социјална дистанца.
Со почит,
МИНИСТЕР
Насер Нуредини
Изготвил: Фросина Антоновска
-----------------------------------------------------
Следни институции од кои чекаме одговор се:
-Министерство за здравство да даде одговор дали овие мерки се во насока на заштита на јавното здравје;
-Министерство за транспорт и врски да даде насоки за реализација на вакви проекти во смисла на поедноставени процедури и во смисла на начин на означување на привремени патеки;
-Владата по насоките од Министерството за транспорт и врски да донесе акт со кој ќе ги поедностави процедурите за одобрување и спроведување на (не било какви) туку сообраќајни проекти за привремени пешачки и велосипедски патеки за справување со корона-кризата;

-ЗЕЛС, Град Скопје, скопските општини и сите општини низ државата каде можат да спроведат вакви проекти да ги спроведат привремените пешачки и велосипедски патеки. Тука под “можат“ повеќе подразбираме капацитет на јавната администрација да делува во услови на криза, додека различните просторни услови: пошироки, потесни, од еден или друг тип не се проблем. Градовите од светот веќе нудат лепеза на решенија за различен тип улици и простори;
-Министерството за внатрешни работи да се погрижи дека просторот ќе се користи онака како што е предвидено.
П.С. Би сакале и да ги информираме сите заинтересирани дека на 14. мај од страна на европската ЦИВИТАС мрежа се организира отворен вебинар на тема Привремени велосипедски ленти - промена на играта за велосипедизмот. Вебинарот е наменет да даде идеи како општините може да поддржат привремени велосипедски патеки. На вебинарот ќе зборуваат претставници од Градот Берлин, Нов Зеланд и од Европската Комисија - ГД за транспорт. Сметаме дека ова е одлична можност директно да се информираме за активностите кои светот ги спроведува токму на оваа тема.
Вебинарот е бесплатен, презентациите ќе бидат на англиски јазик и потребна е регистрација за присуство со е-пошта.
Линкот до вебинарот е следниот:
https://handshakecycling.eu/ events/webinar-pop-bike-lanes- game-changer-cycling
Вебинарот е бесплатен, презентациите ќе бидат на англиски јазик и потребна е регистрација за присуство со е-пошта.
Линкот до вебинарот е следниот:
https://handshakecycling.eu/