19 June, 2014

Промотивни материјали - #КМ26

[дизајн: Елена Ѓорѓиевска]

Промотивните материјали од овој блог- пост може слободно да се споделуваат, печатат, да се лепат на соодветни локации во градот, да се користат во рамки на објави за настанот или како линкови. 

Однапред ви благодариме на сите за помагањето да се прошири информацијата за Критична маса #26
А на Елена ѝ благодариме за шик дизајнот и сработувањето на овие материјали како придонес за Критичната маса во нашиот град.

МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ
  • постери и флаери 
-Постер (А3, во боја) верзија за печатење: линк.
-Флаер (4 на А4, црно-бело) верзија за печатење, предна и задна страна: линк.

постерот за КМ 26, верзија за веб
флаерот за КМ 26, предна страна, верзија за веб
флаерот за КМ 26, задна страна, верзија за веб
МАТЕРИЈАЛИ ЗА ВЕБ
  • банери Подолу следува преглед на банерите. Кодови на следниот линк.
веб-банер 300x250
веб-банер 300x250
веб-банер 500x500
веб-банер 520x260 (Twitter cover)
веб-банер 851x315 (Facebook cover)
веб-банер 980x100
веб-банер 990x80
аватар 180x180

05 June, 2014

Мислење од НаТочак за субвенционирањето на велосипеди од Општина Центар

  Можеби се сеќавате, во 2013-та направивме „Велосипедска анализа на програмите на кандидатите за градоначалници на град Скопје и скопските општини на локалните избори“. Во програмата постои мерката за субвенционирање на купувањето велосипеди. (целосната анализа ја има тука).Тогаш само не беше спомнато ограничувањето на колкав број жители и сума ќе се однесува субвенцијата. 
Прашањата кои се отвораат се: колкав број од велосипедите навистина ќе останат во Центар и колкав број реално (поради моменталните услови) ќе се користат како превозно средство? За она за кое се залагаме, сеедно е каде ќе се возат, поважно е да се обезбедат услови за нивно користење.
  Во прилог на тие заложби за зголемување на бројот на урбани велосипедисти на улиците, кои веруваме ги делиме со општина Центар, наше мислење е дека има поприоритетни активности кои треба да се преземат. На прв поглед, потегот е сосема на место, но треба прво да се среди куќата, па да се поканат гости, народски речено.
Каде општина Центар ги кани да сообраќаат овие велосипеди? По која велосипедска инфраструктура? По кои слеани рабници? Со која сообраќајна култура? За поздравување е на пример што Општина Центар поставува квалитетни држачи за велосипеди на сите новоуредени урбани простори. Бидејќи проблемите поврзуваат различни ингеренции, Општина Центар и другите скопски општини во соработка со Град Скопје, МВР и другите надлежни институции треба да поработат и на другите недостатоци во инфраструктурата: да се ослободат велосипедските патеки од паркирани возила, да се реконструираат и означат, заеднички да се осмисли проширување на мрежата, да се изградат нови патеки, да се воведат „зони 30“.
  Го охрабруваме подигнувањето на вниманието кон велосипедистите и пораката што Општина Центар ја праќа со потегов дека е заинтересирана да го поддржи урбаниот велосипедизам. Потегот може да отвори и дебата за тоа кои се навистина проблемите во нашите општини и град Скопје, кои се причините поради кои граѓаните не користат помасовно велосипед (Ретко причината е дека не поседуваат. Не сите кои веќе поседуваат возат.) и да се насочат мерките на сите одговорни институции кон решавање токму на тие проблеми. 
       Ако сакаме коренити промени во квалитетот на живот во нашиот град, мора да го сфатиме посериозно градскиот велосипедизам и коренито да ги промениме условите за велосипедскиот сообраќај.

23 May, 2014

Промотивни материјали - #КМ25

[дизајн: Таби Азири]

Промотивните материјали од овој блог- пост може слободно да се споделуваат, печатат, да се лепат на соодветни локации во градот, да се користат во рамки на објави за настанот или како линкови. 
Однапред ви благодариме на сите за помагањето да се прошири информацијата за Критична маса #25.
А на Таби му благодариме за веселиот роденденски дизајн и сработувањето на овие материјали како придонес за Критичната маса во нашиот град.

МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ
  • постери и флаери 
Постер (А3, во боја) верзија за печатење: линк.
Флаер (А5, црно-бело) верзија за печатење, предна страна: линк.
Флаер (А5, црно-бело) верзија за печатење, задна страна: линк.
постерот за КМ 25, верзија за веб
флаерот за КМ 25, предна страна, верзија за веб
флаерот за КМ 25, задна страна, верзија за веб
МАТЕРИЈАЛИ ЗА ВЕБ
  • банери Подолу следува преглед на банерите Кодови на следниот линк.
веб-банер 300x250
веб-банер 300x250
веб-банер 500x500
веб-банер 900x800
веб-банер 980x750
веб-банер 980x100
веб-банер 990x80
  • банери за социјални мрежи
    веб-банер со бендови 851x315
    веб-банер 851x315
    веб-банер 851x315 (FB cover)
аватар, 180x180

Критична маса #25: Хепи точак ту ју!



Датум: 28.05.2014, последна среда во месецот
Тргнување17:30, Плоштад Македонија
Забава: 19:00, Паркот со авиончето, Аеродром -> променето -> Школка, Градски Парк
--------------------------------------------------------------
Промотивни материјалилинк.
Facebook настанлинк.
Руталинк.

--------------------------------------------------------------
постерот за КМ 25
Се сеќавате на првата Критична Маса кога се изненадивме колку не’ има: сограѓани на точак кои имаат потреба да се искаже глас за нешто поинакво? А на првиот роденден пред МКЦ? На вашето омилено возење? На оној пат кога видовте точак каков што сакате и вие, или на некој постар посветен господин кој возел со нас, кога видовме куче како не’ прати во текот на целото возење...

Дојде време да го прославиме вториот роденден!

Дваесет и четири пати масовно возевме по скопските улици, на дваесет и четири различни теми во врска со урбаниот велосипедизам. Критикувавме, мотивиравме, пишувавме пријави, едуциравме. 
Критична Маса немаше да опстане без секој еден од вас, ако одите со велосипед на работа, ако ги поддржувате вашите блиски да се обидат да го користат велосипедот почесто, ако сте имале ситуација да едуцирате некој пешак или возач на автомобил затоа што ви се нашол на патот, ако сте учествувале во акции, ако сте го славеле возењето точак!
Овој роденден го посветуваме на вас и на сите оние кои имаат удел во подигнување на вело-културата во Скопје. Ги поддржуваме и оние кои се посветени на велосипедизмот, кои почнале свој бизнис поврзан со точаци и го прават градот поубаво место за живеење!
Ќе славиме во Градски Парк кај Школка, со музика, штандови и дизајни од точакољупци и со сите нас што делиме една иста цел! Ќе не' забавуваат роденденски:

1. DJ Torta
2. Палиндром
3. Шутка Рома Рап
4. DJ Чваре

Кон забавата ќе не' одвози следнава рута:


View Рута КМ25 in a larger map

Дотерајте се во светли и весели бои и себе и точакот, напишете и некоја велосипедска порака и се гледаме на второ-роденденското возење!
Да бидеме видливи, гласни, многубројни!

Хепи точак ту ју!
--------------------------------------------------------------


*** Секој учесник вози на своја одговорност.

07 May, 2014

Предлог до ЈП Градски Паркинг за нови локации за рент-станици и држачи-паркинзи за велосипеди

Со цел подобро да се запознаеме со јавниот систем за изнајмување на велосипеди и да ги пренесеме нашите согледувања во врска со него, упативме барање за состанок до ЈП Градски Паркинг во чија надлежност е системот.

Средбата се одржа на 23-ти април 2014 г. во просториите на ЈП Градски Паркинг. 
Беа присутни претставници од НаТочак, Град Скопје и ЈП Градски Паркинг. 

На средбата ги претставивме нашите сознанија и искуства во врска со системот за изнајмување велосипеди.
Како предност ги истакнавме: достапната цена и релативно лесната процедура, а како најголем недостаток: нередовното одржување и малиот број на станици, односно бавниот развој на системот кој функционира од 2009-та година. 
Исто така, беше спомната можноста за воведувањето на автоматизиран систем во иднина.

На состанокот е договорено: врз база на дадениот список од паркинзи во владение на Градски Паркинг, НаТочак да издвои (предложи) приоритетни локации за поставување на нови станици за изнајмување на велосипеди, а ЈП Градски Паркинг да најде решение за поефикасно одржување на велосипедите.

Попатно, се дискутираше и за проблемот со непрописно паркираните возила на велосипедските патеки во Скопје.
ЈП Градски Паркинг треба да ги испита можностите за решавање на проблемот.

Подолу е предлогот за нови локации за станици за изнајмување, во целост како текст, а како документ е достапен на следниот линк

Предложивме и поставување на држачи и за индивидуални велосипеди (кои не се изнајмени), во склоп на станиците за градските велосипеди, како и подобрување на информираноста на граѓаните за системот за изнајмување преку соодветни материјали.
------------------------------------------------------------------------------------------------


До
ЈП Градски Паркинг
Скопје

Предмет: Предлог за нови локации за рент-станици и држачи-паркинзи за
Велосипеди

Почитувани,

Во врска со состанокот одржан во просториите на ЈП Градски Паркинг од 23.04.2014, со претставници од Град Скопје и преставници од неформалната група велосипедисти НаТочак, доставуваме предлози за:

1. Локации за нови станици за изнајмување, број на велосипеди и работно време
2. Локации за поставување на држачи за велосипеди во склоп на постоечките паркинзи од Градски Паркинг



1.    Локации за нови станици за изнајмување велосипеди (примарни и секундарни, подредени по приоритет, од најголем кон најмал)

· Примарни (онаму каде Градски Паркинг има свои паркинзи за автомобили)
1.1 Транспортен центар
- локација зона Ц33, ул. Никола Карев (фреквенција на патници)
1.2 Плоштад Македонија
- локација зона А5 или А9, ул. Орце Николов или пред Пошта (поврзаност)
1.3 Клинички центар “Мајка Тереза”
- локација ул. Мајка Тереза (фреквентна релација,Транспортен - Клинички
Центар)
1.4 Комплекс објекти (МАНУ, МТВ, Судска палата)
- локација зона Ц45, бул. Гоце Делчев (фреквенција / поставеност)
1.5 Зоолошка градина Скопје
- локација зона Ц80, бул. Илинден (добра поставеност, поврзува многу релации)

· Секундарни (потреба заради поврзување на различни делови од градот)
2.1 Во близина на објектите на општините Кисела Вода, Ѓорче Петров, Гази Баба, Чаир, Бутел (извршуваат јавни функции)
2.2 Во близина на студентските домови: Гоце Делчев, Стив Наумов, Кузман
Јосифовски Питу, Пелагонија, Медицинар

За секоја станица сметаме дека е потребно да има по 30 велосипеди и работното време да е 07.00 - 23.00 секој ден

2. Локации за поставување на држачи за велосипеди во склоп на постоечките паркинзи од Градски Паркинг

Идеја: Во склоп на локациите за станици за изнајмување да има по правило и
дополнителни држачи за приватни велосипеди (можеби во различна боја за
препознатливост итн.) Да стои напишано: изнајми /паркирај велосипед
Барање: Градски Паркинг да се грижи за безбедноста на паркираните индивидуални велосипеди на паркингот од Градски Паркинг

Дополнително предлагаме рент-станиците и паркинзите за велосипеди што се во владение на Градски Паркинг да се означат на мапа, како електронска така и испечатена и поставена на клучни локации низ градот.

Со почит,

НаТочак

05 May, 2014

Точакољупците за системот за изнајмување велосипеди

Што велат скопјани и по некој странец за системот за изнајмување велосипеди во Скопје?



Сите на пример го знаеле пунктот кој бил на Плоштад Македонија (нема кој не го забележал), но повеќето не знаат каде е преместен (нема информации) + ”tourists don’t come to the hospital” :)

Потребни се повеќе и посоодветно лоцирани пунктови и подобра информираност за локациите и за начинот на изнајмување.

Како најголема предност ја истакнуваат цената:

-„Цената е во ред, стварно е симболична“. 

Но сметаат дека најнеопходно од се' е да се подобри одржувањето на точаците, но и самиот систем:

-„The bikes are a bit too short and not well maintained.
It would be better if the bikes are of better quality“.
-„Тешко се наоѓа исправен точак меѓу тие што се на паркингот“.
-„Да се сервисирааат почесто, да се земат поквалитетни точаци“.
-„Да се насочиме полека кон автоматско изнајмување на точаци за да може да се продолжат работните саати“.
-„Не работат во времето мене што ми треба да работат“. (навечер)
-„Да има вработен за одржување“.
-„Да има пумпа на пунктовите“.

И многу други идеи и опсервации на системот, инфраструктурата, културата...

-„The only place where you can bike safe is on the Vardar“.
-„The main problem is that people don’t respect the bikers here“.
-„Народот нема култура и стои на сред стаза“.

Погледнете го видеото и пишете ни го и вашето мислење па да дадеме заедно барања и предлози до надлежните.

25 April, 2014

Iframe кодови за веб - банери

Актуелниот дизајн се менува во зависност од актуелното случување (Критична маса, годишен извештај, нешто друго), но линковите од овој блог-пост за соодветните големини на банери остануваат важечки.

Доколку нè поддржувате, внесете го iframe кодот кој одговара на вашите димензии.
Еден код за сите актуелности.

Благодариме!

Сите (и актуелните) материјали за печатење може да ги најдете со тагот: Промотивни материјали.

КОДОВИ ЗА БАНЕРИ
  • За банер со димензија 300x250, кодот:
<iframe frameborder="0" scrolling="no" marginheight="0" marginwidth="0" src="http://natochak.altervista.org/index_300_250.html" width="300" height="250"></iframe>
  • За банер со димензија 500x500, кодот:
<iframe frameborder="0" scrolling="no" marginheight="0" marginwidth="0" src="http://natochak.altervista.org/index_500_500.html" width="500" height="500"></iframe>
  • За банер со димензија 990x80, кодот:
<iframe frameborder="0" scrolling="no" marginheight="0" marginwidth="0" src="http://natochak.altervista.org/index_990_80.html" width="990" height="80"></iframe>