Кон средината на март група активисти на НаТочак забележаа дека се појавуваат пречки на новоизградената мешана пешачко-велосипедска патека на булеварот Теодосиј Гологанов.
Покрај тоа што на овој потег се користат високи рабници место рампи и отсуствува секакво заштитно зеленило за пешаците и велосипедистите, на овој потег воопшто не е размислено сообраќајното решение, па нормална опрема како автобуски постојки место да биде во функција на сообраќајот и да не пречи никому, се појавува како пречка за друг вид на сообраќај.
Апелираме кога се планира сообраќајот, да се предвиди посебен простор за чекање на автобус - автобуска постојка и простор за приод кон неа, различен од оној за движење на велосипедистите и пешаците (т.е. различен од патеките) и притоа да се избегнат непријатните вкрстувања. На овој булевар се знаело дека поминуваат автобуси и не смее да се нудат решенија кои го немаат решено прашањето на чекање автобус. Автобуските постојки не смее да се насадуваат отпосле врз патеки предвидени за движење (велосипедски и пешачки), туку мора да се испланираат однапред. Со вакви половични решенија, се ствара судир меѓу различните учесници во сообраќајот (оние кои чекаат автобус, оние кои се симнуваат од автобус, и оние кои се на поминување: пешаците и велосипедистите), ситуации на кои сме секојдневно сведоци и кои не се резултат толку на културата, колку што се на лошо испланираната инфраструктура. Притоа, непријатноста и нервозите се само дел од проблемот. Небезбедноста е уште поголем проблем. Поради недостаток на простор, често велосипедистите (па и пешаците) се приморани да се симнат на булеварот каде е небезбедно за нив.
Исто така, и поставувањето на сообраќајни знаци (во случајов семафор) треба да се предвиди однапред, така што нема да одзема од потребниот профил за минување и разминување на пешаци и велосипедисти.
Сметаме дека задача на сообраќајните проекти е да ги предвидат овие ситуации и да понудат соодветни решенија добри за сите. Никој не насадува автобуски постојки на автомобилски ленти, нелогично е, нели? Сообраќајните решенија за нашиот град како што подразбираат дека не треба да има пречки на автомобилските ленти, така треба да ги апсолвираат и пешачкиот и велосипедскиот сообраќај како дел од сообраќајот.
Интегралниот текст од дописот го има во продолжение, а пријавата која ја испрати НаТочак до релевантните тела на Град Скопје, достапна е на линкот.
--------------------------------------------------------------------
Фотографии во прилог (страна 1 и 2).
Ве молиме за најитно спречување на поставувањето на овие пречки, за да се овозможи безбедно сообраќање во иднина.
natochak@gmail.com

До: Град Скопје
Г. Коце Трајановски, Градоначалник на Град
Скопје
Предмет:
Пријава на инфраструктурен проблем: Поставување на автобуска
постојка и семафор на патеката на бул. М.Т. Гологанов
ПРИЈАВА
Почитуван г.
Коце Трајановски,
На ден 11.03.2015 год.
пријавуваме поставување на објекти на мешаната пешачко-велосипедска патека долж проширениот бул. М.Т. Гологанов, спроти студентскиот дом Гоце Делчев.
Објектите
претставуваат пречка за движењето
на велосипедистите и пешаците.
Автобуската
постојка, онака како што е почната да се гради, не остава простор за движење ни
на велосипедистите, ни на пешаците. Растојанијата кои остануваат за нивно
движење кон булеварот и кон зеленилото се вон секакви стандарди. Ќе се створи судир помеѓу различните учесници во
сообраќајот, а поради
недостаток на простор, ќе бидат приморани да се
симнуваат на коловоз каде е небезбедно за нив.
И поставувањето на сообраќајниот знак (веројатно семафор) одзема од потребниот профил за минување и разминување на пешаци и велосипедисти.
И поставувањето на сообраќајниот знак (веројатно семафор) одзема од потребниот профил за минување и разминување на пешаци и велосипедисти.
Фотографии во прилог (страна 1 и 2).
Ве молиме за најитно спречување на поставувањето на овие пречки, за да се овозможи безбедно сообраќање во иднина.
Ја користиме оваа пријава
да потсетиме дека со донесување на
Правилникот за стандардизација при изработка на велосипедски патеки би се
спречило поставување на вакви фиксни пречки и апелираме на негово побрзо
донесување.
Со почит,
НаТочак
-неформална група на велосипедисти
12.03.2015,Скопје
*Овој
документ е испратен во печатена форма до Град Скопје