Датум: среда, 31.01.2018
Големите булевари и улици се артериите на еден град: тие нѐ поврзуваат со подалечните краишта на градот. Но токму малите маалски улички се душата на секоја населба. На нив се среќаваме со нашите комшии, по нив одиме до маалската продавничка... Секој од нас научил да вози точак токму на некоја ваква уличка и тие имаат посебно место во нашите сеќавања.
Не беше толку одамна кога маалските улички беа толку безбедни и неоптоварени што на нив можевме да видиме деца како си играат или безгрижно возат велосипеди. Денес сликата е поинаква.
Лошото урбанистичко планирање и неодговорните градски политики доведоа до тоа малите маалски улици речиси целосно да ја променат нивната фунција. Во нашите маала и населби денес е речиси невозможно да се движиме пеш или со велосипед. Децата со страв одат во училиште, а велосипедистите се буквално истуркани од маалските улички.
Освен колективната неодговорност, ние во нашите населби станавме и жртви на сообраќајното насилство од поединци... Заради неажурноста на одговорните речиси и да не се почитуваат строгите ограничувања на брзините во густо населените делови на градовите.
Маалските улици од нашето детство денес се претворени во паркинзи и во автомобилски писти.
Скопје не може да биде велоград со градење на велосипедска инфраструктура само на главните сообраќајници. Секој велосипедист и пешак треба да може безбедно да стигне од својот дом и своето маало до главните велосипедски рути. Секоја општина треба да овозможи подеднакви услови за сите учесници во сообраќајот. Уличка по уличка, маало по маало, можеме да направиме град достоен за движење и надвор од автомобилот. Вело маало по вело маало - вело-град!
Си ги сакаме назад нашите маала!
Населбите треба да бидат места каде живеат луѓе кои нема да се плашат дали нивните деца ќе стигнат безбедно на училиште. Места во кои тротоарите ќе бидат ослободени за движење, а не паркиралишта за автомобили и на улиците повторно ќе се среќаваат комшии, а ѕвончињата на велосипедите ќе се огласуваат само за поздрав!
--------------------------------------------------------------------
Резервирајте ја среда за Критична маса #69 и некои скопски маалски улици :)
И МААЛСКИТЕ УЛИЦИ СЕ ЗА ТОЧАЦИ!
Критична маса #69 ќе започне од Плоштад Македонија и ќе заврши на дружење во Бајк Кафе Гаража.
Ќе возиме по следнава рута:
Почеток: 17:30, Плоштад Македонија
Крај: 19:00, Гаража (Орце Николов)
Крај: 19:00, Гаража (Орце Николов)
--------------------------------------------------------------------
Facebook настан: линк
Рута: линк
--------------------------------------------------------------------
постерот за КМ 69 |

А во меѓувреме на нашите социјални мрежи ќе споделуваме безбедни и велопријателски решенија за нашите маалски улици. Следете нѐ.
--------------------------------------------------------------------
Критична маса е неформален велосипедски собир кој се случува во над 300 градови во светот.
Нема лидери, нема формална организација, само група на свесни луѓе кои сакаат подобар вело-град.
Од мај 2012-та се случува еднаш месечно и во нашето Скопје!
Возиме секоја последна среда во месецот по различна рута и со различна тема.

Критична маса во Скопје е самоодржлив, саморегулиран и самофинансиран месечен собир на урбаните велосипедисти кој зависи од придонесот на секој учесник, пред сѐ од неговото појавување на собирот и покажување бројност („Нѐ има, земете нѐ предвид“), од активната грижа настанот да помине во најдобар ред, а потоа и од донациите за промотивните материјали, волонтерскиот придонес во: осмислувањето на настанот, неговата промоција и се разбира во креативната страна на возењата. До овој момент, скопјани 68 пати возеа масовно по скопските улици, на 68 различни темa поврзани со урбаниот велосипедизам.
Да ги освоиме по 69-ти пат улиците со нашите точаци, активно, ангажирано, свесно, заедно, со полни срца!

Приклучи се! Ангажирај се!
Може да нé има повеќе! Скопје може да стане подобар град!
--------------------------------------------------------------