29 March, 2014

До Гостивар и назад #НаТочак! + Да ја поддржиме Гостиварската Критична маса

Facebook настан: линк.
--------------------
Гостивар ја продолжува Критичната маса по мала пауза. Да ја поддржиме!


Група точакољупци од Скопје сакаат да им дадат поддршка на гостиварчани, но и да си извозат на точак од Скопје преку Тетово до Гостивар. 
Друга група ќе оди со воз, а ќе се враќа со возење на точаците заедно со првата група.

Добредојдени се сите од Скопје и Тетово, но и од местата покрај кои ќе поминеме да се приклучат!
Потребен и доволен услов да дојдете е да имате исправен точак и да сакате да поминете исполнет ден во природа, покрај села и по градови. :)

Понесете си вода, малку храна за енергија и повеќе слоеви облека и за потопли и за поладни временски услови. 
За возење на отворен пат, препорачливо е да имате и заштитни кациги.
Проверете си ја исправноста на точаците. 
Ако имате можност- понесете резервна гума и алат за поправки, па ќе си помагаме ако се дупне некоја гума или се случи некој друг дефект.
Задолжително понесете предно и задно светло за на враќање.

Планот е следен:
--------------------
Скопје-Гостивар
---------------------
Група 1 (со точаци):
Чекање на излезот на Скопје кон Тетово (Макпетрол): 7:45
Поаѓање: 8:00
Пристигнување во Гостивар: пред 12:00

Група 2 (со воз):
Чекање на Железничка станица Скопје: 7:45
Поаѓање: 8:05
Пристигнување во Гостивар: пред 10:00

Критична маса во Гостивар: 12:00
https://www.facebook.com/events/271708382988103/

--------------------
Гостивар-Скопје
--------------------
Двете групи ќе се враќаат со возење точаци, патот во оваа насока е полесен и со повеќе удолнини.
Оние кои не можат да возат точак, може да се вратат кон Скопје со автобус.

Поаѓање по договор. 
Пристигнување во Скопје: пред 18:00.
--------------------

НАПОМЕНА: од местата на чекање ќе се поаѓа на време за да стигнеме на време и раат во Гостивар со точаци, а оние кои патуваат со воз да го фатат возот и да ги сместат точаците. :)

Секој вози на сопствена одговорност.

24 March, 2014

Критична маса #23: Точак за сите генерации!

Датум: 26.03.2014, среда
Тргнување17:30, Плоштад Македонија
Крај (подигнување на точаците): ТЦ Лептокарија
--------------------------------------------------------------
Промотивни материјалилинк.
Facebook настанлинк.
Руталинк.

Интервју со повозрасни граѓани на точаклинк.
-------------------------------------------------------------------
постерот за КМ #23
Сведоци сме дека на скопските улици независно од сезоната и временските услови, повозрасните граѓани постојано се превезуваат НаТочак. Сигурно сте налетале на некој повозрасен херој НаТочак натоварен со некој олук, ќумец, скала, вреќа компири, снопови праз како храбро ита кон својата дестинација. За нив не треба кампања, освестување, потсетување ниту посебни предавања, тие се 24/7 НаТочак.

Еве интервју со некои од нив:

Секој со свои причини зошто му дава предност на точакот, но и многу прецизни согледувања за условите во градот.

Точакот е (треба да биде) превозно средство за сите генерации,  не само за младите, не само за највештите. И затоа уште повеќе ни требаат добри услови за возење.

Возењето точак низ град не треба да претставува:

-слалом меѓу возила, контејнери и семафори поставени на погрешно место,

-спортска дисциплина „симни-качи се“ од високи рабници,

-екстремен спорт покрај брзи возила во отсуство (или нефункционалност) на велосипедски патеки!
Издвоени велосипедски патеки и тоа добри патеки треба да има насекаде. Зони 30 треба да има секаде каде улиците се потесни и нема услови за велосипедски патеки!
Треба и учениците без придружба да можат безбедно да отидат на училиште на точак, а постарите лица без опасност по својот живот да отидат да завршат некоја работа.

Сакаме град безбеден за движење на точак, град слободен за движење на сите.
Да им искажеме почит на сите граѓани од сите генерации кои возат точак и наспроти несовршените услови и да апелираме за подобри услови за да нè има уште повеќе по скопските улици.

Придружете ни се на 23-тата Критична маса во среда, на 26-ти март.
Викнете ги мајките, дечковците, внуците, вујковците, бабите, дедовците, вработените, невработените, пензионерите. 
Возиме во група и се грижиме едни за други, како и на секоја критична маса.

Овојпат ќе порачаме дека точак е превозно средство за сите генерации! 

Се гледаме на Плоштад Македонија во среда во 17:30.
А ќе завршиме кај ТЦ Лептокарија. 


View Критична Маса 23 in a larger map

Ѕрн- ѕрн!

--------------------------------------------------------------
*** Секој учесник вози на своја одговорност.

20 March, 2014

Промотивни материјали - #КМ23

[дизајн: Дани Јанев]

Промотивните материјали од овој блог- пост може слободно да се споделуваат, печатат, да се лепат на соодветни локации во градот, да се користат во рамки на објави за настанот или како линкови. 
Однапред ви благодариме на сите за помагањето да се прошири информацијата за Критична маса #23.
А на Дани му благодариме за прецизниот дизајн и сработувањето на овие материјали како придонес за Критичната маса во Скопје.

МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ
  • постери и флаери
Постер (А3, во боја) верзија за печатење: линк.
Флаер (А5, црно-бело) верзија за печатење: линк.
постер, верзија за веб
флаер, предна страна, верзија за веб
флаер, задна страна, верзија за веб


МАТЕРИЈАЛИ ЗА ВЕБ
  • банери и кодови
веб-банер 300x250
За банер со димензија 300x250, кодот:
<iframe frameborder="0" scrolling="no" marginheight="0" marginwidth="0" src="http://natochak.altervista.org/index_300_250.html" width="300" height="250"></iframe>

веб-банер 500x500
За банер со димензија 500x500, кодот:
<iframe frameborder="0" scrolling="no" marginheight="0" marginwidth="0" src="http://natochak.altervista.org/index_500_500.html" width="500" height="500"></iframe>

веб-банер 980x750
За банер со димензија 980x750, кодот: <iframe frameborder="0" scrolling="no" marginheight="0" marginwidth="0" src="http://natochak.altervista.org/index_980_750.html" width="980" height="750"></iframe>
веб-банер 980x100
За банер со димензија 980x100, кодот:  <iframe frameborder="0" scrolling="no" marginheight="0" marginwidth="0" src="http://natochak.altervista.org/index_980_100.html" width="980" height="100"></iframe>
веб-банер 990x80
За банер со димензија 990x80, кодот:
<iframe frameborder="0" scrolling="no" marginheight="0" marginwidth="0" src="http://natochak.altervista.org/index_990_80.html" width="990" height="80"></iframe>

  • банери за социјални мрежи
веб-банер, 520 x 260 (Twitter cover)
веб-банер, 851 x 315 (FB cover)
  • банери на англиски јазик / web-banners in English
web-banner 300x250
web-banner 980x100

10 March, 2014

Пријава на инфраструктурен проблем: пречка на велосипедска патека, 10.03.2014

Во врска со инфраструктурниот проблем појавен на велосипедската патека на бул. Теодосиј Гологанов, НаТочак достави допис до Град Скопје.
Print-screen од пријавата е објавен на Facebook и на Twitter профилите на НаТочак.

------------------------------------------------ 

ПРИЈАВА

Почитувани,

На ден 10.04.2014 год. пријавуваме пречки бетонирани во велосипедските патеки кои се наоѓаат на двете страни долж бул. Метрополит Теодосиј Гологанов кај пешачкиот кај Млечен ресторан. Слики во прилог.





Ве молиме за најитно решавање на овој проблем како што би се овозможило непречено сообраќање, во најкус можен временски рок.


Со почит,
Неформална група на велосипедисти - НаТочак,
natochak@gmail.com


27 February, 2014

Инфографик: Годишен извештај 2013 година НаТочак


Измина цела година, а нас веќе некои работи ни се матни. Не џабе рекле паметниот запишува, глупавиот памти. 

Овој  инфографик ја отсликува работата на НаТочак во изминатата 2013-та година. Целосен и детален извештај околу работата на НаТочак во изминатава година можете да прочитате овде.

(за поголема резолуција кликни тука)



Годишен извештај 2013 година НаТочак

Иницијативата НаТочак беше започната во април 2012-та година од страна на група ентизијасти - точакољупци со цел подигање на свеста за велосипедот како урбано превозно средство и негово издигање на ниво на рамноправен учесник во сообраќајот во Скопје. НаТочак е исклучиво самофинансирана иницијатива каде сите приходи доаѓаат од учесниците на Критична маса.  

Овој годишен извештај ја сумира работата на оваа неформална група граѓани која беше фокусирана на градење институционална соработка со цел подобрување на состојбата на велосипедската инфраструктура и поддршка во организирирањето на Критичната маса во Скопје. Годишниот извештај можете да го погледнете и во форма на инфографик тука.

Целосниот извештај можете да го погледнете и на следниов линк.

26 February, 2014

Предлог до ДЗС за вклучување на велосипедскиот сообраќај во извештаите за транспорт

Согледувајќи ја потребата за поголемо и поквалитетно вклучување на велосипедскиот сообраќај во извештаите за транспорт на Државниот завод за статистика (ДЗС)се обративме до нив со конкретни предлози.

Подолу може да ги погледнете двата документи кои им ги испративме:

1. Предлог (линк) Во овој документ се наведени конкретните предлози кои ги направивме по прегледот на достапните документи од ДЗС и мало истражување на странски примери.



2. Прилог (линк)
Во овој документ е претставен краток осврт за состојбата во други земји и важноста од мерењето на велосипедскиот сообраќај.



Се надеваме на позитивен одговор по овие предлози. За причините и предностите на воспоставување на вакво статистичко мерење прочитајте во погорните линкови.
Иницијативата ја направи НаТочак, а ја поддржуваат повеќе наши сограѓани, се надеваме ќе ја поддржите и вие.

Денес ја возиме Критична маса #22 со тема: „Преброј се“, токму во контекст на вреднувањето и мерењето на велосипедскиот сообраќај.
Придружете се!