Showing posts with label КМ13. Show all posts
Showing posts with label КМ13. Show all posts

30 May, 2013

Роденденска изложба

Вчера на прозорите од Младинскиот културен центар беше поставена мала изложба на постерите од сите досегашни 13 критични маси.

Уште кога почнавме да ги правиме неформалните собирања на точакољупци, пролетта 2012 година, се појавија дизајнери кои доброволно дизајнираа постери. 
Подоцна со првата Критична маса го добивме и логото. Па нова верзија. Па оваа денешната. Дизајнерите и понатака имаа желба да придонесат за Критична маса, а тоа, иако непланирано, сосема се вклопуваше во филозофијата на ова движење. 
Па така решивме да продолжиме и натаму: со вклучување на што повеќе дизајнери во 'визуелниот идентитет' на месечните возења точак по скопските улици. 
Како што Критична маса е шарен придонес од многу ситни акции на многу луѓе, така и постерите: секој од различен автор, различни, уникатни, со свој белег, придонесуваат одекот на ова движење да стигне до што повеќе различни луѓе со различни стилови и вкусови.

Од името на секој што мрднал со прстот за нешто да се случи во ова неформално друштво, им благодариме многу на дизајнерите на 13-те постери досега, се извинуваме за преполните инбокси и најважно е дека без нив кругот немаше да сврти до тука!
Веруваме на обострано задоволство!

Стилот и ангажманот на Критична маса зависи од сите нас!
Среќни сме што цела година Критична маса баш ни е убава, во секој поглед! :)

Следуваат фотографии од изложбата и преглед на сите изложени постери.

Местото на мини- изложбата
Прв дел од постерите
Втор дел
Луѓе разгледуваат
Постерите и презентацијата од фотографии и видеа на платно
Изложбата позади. Напред масичката со налепниците.
И мала онлајн изложба на сите постери кои беа изложени вчера, почнувајќи од оној на кој беа претставени сите 12 рути извозени изминатава година. 

За подетален разглед на сите промотивни материјали изработени од дизајнерите за конкретната Критична маса, кликнете на линкот со нивното име.

Кои маала ги видовме годинава?
Сите 12 патеки од првата година Критична маса во Скопје





Точакољупци или На Точак,
што да стои на постерот?
Па и мапата баравме да ја стават,
кутри дизајнери со почетници :)





„Идејата ми дојде додека возев точак“
и слични почетнички занесувања.  
Ама стварно ни доаѓаа со секоја нова критична маса :)







И’ рековме дека треба да разговараме
за дизајнот до 10ти јули,
ни го прати завршен на 8ми.









Успешно вметна господин во дизајнот,
иако не му го имавме кажано навреме слоганот.





Минатиот пат- господин, сега машка школска банда.
Не сакаме да им се мешаме на дизајнерите,
ама мораше да има девојче :)

 







Смислуваме тема за насочување на критиката
кон неосветлените велосипедисти.
Успева во дизајнот да ја искритикува
и состојбата на патеките :)







Му влезе на дизајнот мртва сериозна.
Производ - дизајн на многумина омилен.





Едвај се најдовме,
но комуникацијата потоа беше најлесна на свет.
И новогодишни моменти и други јазици, се’ вклучено.






I drew a knight on a bike fighting a smoke monster.
Your argument is invalid.





Да го извадам или да го ослободам... точакот? :)
Ќе си почнам со своерачен цртеж,
а вие мислете му ја за слоганот.







#CelebrateLife #НаТочак!
А овие од колите заглавени нека пцујат :)

   






Редефинирана тема и комуникација од 88 мејла.
Ама се исплати :)




Побаравме дизајнер за КМ 13, ни донесе цела лабораторија.
Лого па ич не побаравме, а го добивме :)
Во знак на благодарност постерите од изложбата им ги подаривме/ќе им ги подариме на нивните автори.

24 May, 2013

Промотивни материјали - #КМ13


[графички дизајн: Небојша Гелевски- @banekoma]


постер, А3, верзија за веб (jpg)
Постер, линк до верзија за печатење (pdf)


флаер, А6, предна страна, верзија за веб, црно-бело (jpg)
флаер, А6, задна страна, верзија за веб, црно-бело (jpg)             
Флаер, црно-бел, линк до верзија за печатење (pdf)

Банери:

Анимиран swf банер

веб-банер 300x250

веб-банер 800x800, цел текст

веб-банер 800x800, скратен текст

веб-банер 900x800, истакната КМ 13, цел текст

веб-банер 900x800, цел текст

веб-банер 980x750

веб-банер 980x100

аватар, комплициран :)

аватар, едноставен

аватар, среден

FB cover, 851x315

[џингл: Foolish Green]





23 May, 2013

Критична маса #13: Скопје на точак, големо да растеш!

Датум: 29.05.2013
Тргнување: 17:30, паркинг кај Веро Центар

Забава: 19:00, на платото пред МКЦ

Промотивни материјали: линк.
Facebook настан: линк.
Рута: линк.

Известување до медиуми: линк.


постерот за КМ 13


1 година од првата Критична маса во Скопје.
12 заеднички возења, 12 различни теми и неколку директни акции. 


Посочувајќи на проблемите во Скопје и предностите од возењето точак, стотици граѓани возеа заедно, покажуваа дека постојат и дека Скопје мора да обрне внимание и на велосипедскиот сообраќај!

Илјадници граѓани на најразличен начин изразија поддршка на желбите за подобри услови за возење точак!

Дојдете повторно и оваа среда на роденденската критична маса, повторно да се повозиме заедно и да го славиме возењето точак! 

Облечете ги највеселите и најшарените партали што ги имате во вашиот шкаф. Земете свирчиња, вувузели, балони, транспаренти. Земете ја целата позитивна енергија со вас и фиксирајте ја насмевката на вашите лица, because it's party time! :D

Тргнуваме во 17.30 од паркингот до Веро Центар, а завршуваме околу 19:00 пред МКЦ, каде што ќе има журка! Па роденден ли е, што ли е? :)

Пред МКЦ ќе не' чекаат:

- Фонија
- Човекот од Хром ака ЛД Пистолеро, Љупа Д Џон ака Ѓон, Вселенковци и Гоце САФ


Патeката ќе не' прошета до Лисиче и назад по булевари, улици и сокачиња по кои многумина од нас никогаш не поминале. Тука патеката подетално:



View Критична маса - Скопје на точак #13 - роденденска in a larger map


Добредојдени се сите кои возат точак и сите кои ја поддржуваат желбата за почист, порелаксиран и поубав град. 


Нека заѕвонат 1000 ѕвончиња за подобар вело-град!

Да покажеме дека не’ има многу и да растеме, отворајќи простор за уште поактивна година со поголема критична маса!

Скопје на точак, големо да растеш!


Неизмерна благодарност до сите кои несебично дадоа се' од себе за да може овој настан да се одржи.


*Внимавајте на себе и на другите.

*Секој учесник вози на своја одговорност.