Датум: 27.11.2013
Тргнување: 17:30, Плоштад Македонија
Крај (подигнување на точаците): зад бикот на ул. Македонија
Тргнување: 17:30, Плоштад Македонија
Крај (подигнување на точаците): зад бикот на ул. Македонија
--------------------------------------------------------------
Промотивни материјали: линк.
Facebook настан: линк.
Рута: линк.
Промотивни материјали: линк.
Facebook настан: линк.
Рута: линк.
Вело-резолуција 2014: линк.
--------------------------------------------------------------
постерот за КМ 20 |
Преку отворен повик на социјалните мрежи Facebook и Twitter, на e-mail, но и на отворениот „ѕид“ на работилницата за зимски гуми, собравме 150-ина желби за градот и предизвици кои точакољупците си ги поставуваат себе.
Издвојуваме неколку, а останатите ваши вело-резолуции ги објавивмеме во 2 статии на нашиот блог.
Во новата 2014-та јас ќе…
• поднесувам пријави додека не ми ја тргнат пречката од патеката
• почнам да одам со точак на работа
• научам да си го поправам точакот сама
• им купам точак на моите родители
• ја научам другарка ми да вози точак
Погледнете си сите лични резолуции на следниот линк.
Во новата 2014-та сакам Скопје кое ќе:
• нема паркирани автомобили на велосипедски патеки
• има поквалитетен јавен велосипедски превоз
• се излегува навечер на точак
• има повеќе паркинзи за велосипеди
• има повеќе возачи кои застануваат на пешачки
Погледнете си сите резолуции за Скопје на следниот линк.
А што посакуваш ти за себе и Скопје во новата година на точак? :)
Пиши ни на некој од нашите профили:
Facebook - fb.com/NaTochak
Twitter - twitter.com/NaTochak #NaTochak #НаТочак
E-mail - natochak@gmail.com
Биди дел од подобро Скопје на точак во 2014.
Вози секојдневно, а на критична маса секоја последна среда од месецот.
Накити го точакот и придружи се и на предновогодишното јубилејно 20-то возење.
Ќе возиме по следнава рута:
View Критична Маса 20 in a larger map
После возењето продолжуваме да се дружиме и топлиме во блиското кафуле Mojo (кај дом на АРМ) во новогодишна атмосфера. Ве чекаме сите, има изненадување :)
Ѕрн- ѕрн!
--------------------------
*** Секој учесник вози на своја одговорност.
0 comments:
Post a Comment