22 August, 2014

Критична маса #28: Повеќе патеки, помалку несреќи!

Датум: 27.08.2014, последна среда во месецотПочеток: 17:30, Плоштад МакедонијаКрај: 19:00, Пикник во парк шума Гази Баба ---------------------------------------------------------------------Facebook настан: линкПромотивни материјали: линкРута: http://goo.gl/dVuP1r--------------------------------------------------------------------- Постерот за КМ 28 Колку пати ви се случило да излезете со точак и да смислувате различни рути како да стигнете до одредено место за да го избегнете градскиот метеж? И на крај единствена опција за тоа ви е кејот на Вардар или можеби буткање низ локалните улички. Зар не ви е здосадено да мора да се...

Промотивни материјали - #KM28

[дизајн: Петар Антевски] Промотивните материјали од овој блог- пост може слободно да се споделуваат, печатат, да се лепат на соодветни локации во градот, да се користат во рамки на објави за настанот или како линкови.  Однапред ви благодариме на сите за помагањето да се прошири информацијата за Критична маса #28. А на Петар му благодариме за досетливиот дизајн и сработувањето на овие материјали како придонес за Критичната маса во нашиот град. :) МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ постери и флаери  -Постер (А3, во боја) верзија за печатење: линк. постерот за КМ 28, верзија за веб и печатење флаерот за КМ 28, предна страна,...

20 August, 2014

Пријава на инфраструктурен проблем - високи рабници на пешачко-велосипедска патека, 20.08.2014

Во врска со инфраструктурниот проблем: неслеани рабници, забележан на мешаната велосипедско - пешачка патека на бул. Митрополит Теодосиј Гологанов во Скопје, на потегот кој се проширува, НаТочак достави дописи до Град Скопје и ЈП Улици и патишта. Се надеваме на што поскора интервенција.Линк до испратениот документ. -------------------------------------------------------- До:                     Град Скопје                              Г. Коце Трајановски, Градоначалник на Град Скопје Предмет:          ...

07 August, 2014

Пријава на инфраструктурен проблем - билборд на велосипедска патека, 7.08.2014

Во врска со инфраструктурниот проблем забележан на мешаната велосипедско - пешачка патека на бул. Митрополит Теодосиј Гологанов во Скопје, НаТочак достави дописи до Град Скопје и ЈП Улици и патишта. Се надеваме на што поскора интервенција.Линк до испратениот документ. -------------------------------------------------------- До:                     Град Скопје                              Г. Коце Трајановски, Градоначалник на Град Скопје Предмет:         Пријава на инфраструктурен проблем...

Eco critical ride / Еко критично возење

Датум: 8.08.2014, петокПочеток: 18:00, Плоштад МакедонијаКрај: 19:00, Парк Гази БабаПродолжуваме во: 20:30, Ку Ла ---------------------------------------------------------------------Facebook настан: линк. Рута: линк. Блог-пост за Екотопија деновите во Скопје: линк. Централен настан за Екотопија деновите во Скопје: линк. --------------------------------------------------------------------- Можеби веќе знаете или ги сретнавте...Деновиве во Скопје ги имаме учесниците на велосипедската тура Екотопија. Во петок заедно со нив имаме Еко критично возење на кое се добредојдени сите точакољупци. Загаденоста...

05 August, 2014

Мислење за задолжител​на употреба на заштитен шлем (кацига) при возење на велосипед

НаТочак, заедно со уште 11 организации кои застанаа зад ставот против воведувањето на задолжителна употреба на заштитен шлем (кацига) при возење на велосипед, испрати допис до надлежните институции. Текстот од дописот е целосно пренесен во овој блог- пост, а како документ е достапен на следниов линк.Дописот е испратен до: 1. Министерство за транспорт и врски: Сектор за нормативно-правни работи, Сектор за Европска Унија, Сектор за уредување на просторот;  2. Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата; 3. Министерство за внатрешни работи; 4. Сектор за сообраќај на Град Скопје. -------------------------------------------------------   Почитувани,   Би сакале да ви се обратиме во врска со најавената измена на постоечката легислатива...

Екотопија во Скопје (5-9.08.2014)

Во тек е интернационалната велосипедска тура „Екотопија“ 2014-та. Започна на 10-ти јули, во Софија, а ќе заврши на 30-ти септември во Атина. После Бугарија, Србија и Косово, наредните 5+ дена (5-9.08.2014) учесниците ќе ги поминат во Скопје, па во други места во Македонија, после што ќе се упатат накај Грција. Некои од учесниците кои се приклучуваат на турата почнувајќи од Скопје, пристигнаа и порано, а најголем дел од учесниците пристигнуваат денес, 5.08.2014.Може слободно да се приклучите на турата во било кој момент, на возењето накај Грција или на активностите во Скопје: во АКСЦ, во Ку Ла и возејќи точак заедно низ градот....

Pages 111234 »