31 December, 2012

Извештај од КМ#8 - 26.12.2012


Има многу работи кои пречат во возењето точак низ градот. Скопје не е најлошиот, но не е ни пријателски велосипедски град во начинот на кој градските политики, планирањето, фактичката изведба на улиците и општата сообраќајна култура го третираат овој вид на сообраќај.
Несовршената состојба е причина да реагираме и да се собираме, но не е причина и да не се радуваме на возењето. За што би барале подобри услови ако не за нешто во кое уживаме?
J
Осмата критична маса како и сите претходно, ако не и повеќе, помина во тој дух.

Претходно, во пресрет на почетокот на Новата година, место флаери подготвивме честитки на македонски и во електронска форма на англиски и албански јазик. Слободно споделувајте ги до вашите пријатели!









Нив и другите материјали ни ги дизајнираше Иван Петрушевски Флим. Нему и на сите претходни дизајнери им благодариме за поддршката на наТочак со точакољупски дизајни!


Честитките се делеа како најава на КМ8 на луѓе кои ги забележувавме на точак низ град, на нашите поддржувачи, a им пративме по пошта на институциите одговорни за условите за возење точак во градот. 



 
Градоначалник на општина Аеродром
Ивица Коневски
Ул. Венјамин Мачуковски бр.6 Б
1000 Скопје
Синиша Ивановски
ЈП Улици и патишта
ул. Коле Неделковски бр. 38 
1000 Скопје
Градоначалник на општина Бутел
Петре Латиновски
Ул. Бутелска бр.4
1000 Скопје
Борче Јакимовски
ЈП Градски Паркинг- Скопје
бул. Илинден бб
1000 Скопје
п. фах. 739
Градоначалник на општина Гази Баба
Тони Трајковски
Бул. Александар Македонски бб
1000 Скопје
Мишо Николов
Јавно сообраќајно претпријатие
Бул. Александар Македонски бр. 10
1000 Скопје
Градоначалник на општина Ѓорче Петров
Сокол Митревски
ул. Ѓорче Петров бр.73
1000 Скопје
Душан Авировиќ
ЈП Паркови и зеленило
Илинденска бб
1000 Скопје
Градоначалник на општина Карпош
Стевче Јакимовски
ул. „Демир Трајко“ бр.43
1000 Скопје
Ракип Дочи
Јавно комунално претпријатие Комунална хигиена
Ул."7 јули" бр.40
1000 Скопје
Градоначалник на општина Кисела Вода
Марјан Ѓорчев
Бул. Првомајска б.б.
1000 Скопје
Маргарита Бакев
ЈП Паркинзи на Општина Центар
Ул.8-ма Ударна бригада бр.20а
1000 Скопје
Градоначалник на општина Сарај
Беким Мурати
Рекреативен центар Сарај, б.б
1000 Скопје
Градоначалник на општина Центар
Владимир Тодоровиќ
Ул. Михаил Цоков б.б.
1000 Скопје
Министер Гордана Јанкуловска
Министерството за внатрешни работи
Ул. Димче Мирчев бр. 9
1000 Скопје
Градоначалник на општина Чаир
Изет Меџити
Бул. Христијан Тодоровски бр.5
1000 Скопје
Министер Миле Јанакиески
Министерство за транспорт и врски
Плоштад Црвена Скопска општина
бр. 4
1000 Скопје
Градоначалник на општина Шуто Оризари
Елвис Бајрам
Ул. Виетнамска б.б.
1000 Скопје
Министер Абдулаќим Адеми
Министерство за животна средина и просторно планирање
Ул. „Дрезденска“ бр. 52
1000 Скопје
Градоначалник на град Скопје
Коце Трајановски
Бул. Илинден бр.82
1000 Скопје


Ним им посакуваме да почнат да вртат педали во новата година и да го подобруваат квалитетот на животот, и личен и градски ;)




Со КМ8 Ја заклучивме 2012-та славејќи го возењето точак во многу убава атмосфера. И покрај скопските магли, ниските температури и блокираните улици заради протести во градот. Благодариме на сите учесници за тоа!

Ја извозивме оваа рута непосредно околу центарот на градот:

 
View Критична маса - Скопје на точак #8 in a larger map


и завршивме на плоштад Македонија каде не чекаше топло чајче или кафе и честитки за присутните.
Добар дел од учесниците на Критична маса сериозно го сфатија повикот за осветлување на точаците и нивно новогодишно украсување, што уште повеќе придонесе за убавата атмосфера.
Еве како помина возењето низ серија фотографии и едно видео:


Се собираме на платото покрај Пошта...

Спремни за студот...

И спремни за новогодишно возење...

И не се само точаците украсени :)

Спремни за тргнување?

„Јас сум спремна!“

Спремни и за да бидеме забележани во мракот!

Па и не само Скопје, нели? Воопшто не е лоша идејата и за велосипедски поврзана Македонија! :) 

Идејата на критична маса е да остави траг...

кај учесниците и минувачите...

Заземаме привремено дел од улиците...

па кога ќе потпорасне малечково да оди со точак на школо по трајно слободни и убави патеки... 

Возиме низ скопските магли и гужви.
Во одлична бројка на присутни за така ладен и темен месец како декември.

Посветени на велосипедот :) и градот...

ги поврзуваме, реоткриваме и реосмислуваме неговите простори... 

Слободно се собираме...

и изразуваме љубов и став...

Сакаме поубав град!

Сакаме град добар за на точак!

Добар за дишење, движење, за сите нас...

Споделуваме топло чајче и топол збор...

Споделуваме простор...

И идеи...

Споделуваме фотка на ФБ :)

И поздрави до весели дружини :)

И желба да се гледаме пак во 2013 на точак!
Bike power!
Среќна точакољупска на сите!



На 70-ината присутни им благодариме особено за возењето во критичната маса, но и за донациите!
Во кутијата за донации собравме 
 3215 денари. За честитките и постерите за КМ8 беа потрошени 3034 денари. Па заедно со донациите од претходно, буџетот на наТочак моментално изнесува 2248 денари. Точакољупци, секоја чест!

Кога почнавме да правиме точакољупски собири, идејата за Критична маса беше на „можеби“... Кога почнавме да правиме критични маси, идејата дека ќе се вози во зима беше на „можеби“. Кога ја извозивме веројатно најладната и најтемната критична маса со ваква поддршка од вас драги луѓе, веќе не се сомневаме дека не
чекаат 12 критични маси во 2013 во кои ќе ги преплавиме улиците со точаци, радост и критична маса за промена.

Се гледаме во 2013-та!
И не стискаме желби, ќе стискаме педали! :)

30 December, 2012

Најукрасени точаци на КМ#8

Кој вели дека за нова година се китат само елки? Голем дел од учесниците на Критична маса #8 новогодишно ги украсија своите точаци. Еве дел од најукрасените.














23 December, 2012

Критична Маса #8 - новогодишно возење

Датум: 26.12.2012
Место: плато покрај Пошта (пред мост Гоце Делчев)
Време: 17.30

Со 2 јасни желби: повеќе луѓе на точак во новата година и подобрени услови за возење точак, ќе ја возиме осмата Критична маса, последна за оваа година. Првото го условува второто и второто го поттикнува првото. Да го движиме кругот! :)

Да мотивираме, славиме, критикуваме и да продолжиме да стискаме педали за поубави места за живеење!

Облечете се топло и накитете ги точаците. Ова е свечено предновогодишно возење! :)
Опремете се со светла и звуци, да бидеме видливи, гласни, но и внимателни едни кон други и другите учесници во сообраќајот. Ќе возиме околу строгиот центар и завршуваме на плоштад Македонија каде ќе не' чекаат чајче и честитки.

Ова е рутата на движење:



View Критична маса - Скопје на точак #8 in a larger map

Се гледаме во среда!

Промотивните материјали за КМ8 може да ги најдете тука, a facebook настанот тука.

Промотивни материјали КМ#8

Промотивни материјали за КМ#8 - новогодишно возење!

Плакати

За печатење (tif) (само preview-то има изменети бои)
jpg

Честитка

За печатење (pdf) - предна страна (македонски)

За печатење (pdf) - задна страна (македонски)

За печатење (pdf) - две страни (албански)

За печатење (pdf) - две страни (англиски)


Предна страна (македонски)

Задна страна (македонски)


Предна страна (албански)
Задна страна (албански)

Предна страна (англиски)

Задна страна (англиски)
Банери


900 x 800

980 x 100

Cover

08 December, 2012

Извештај од КМ#7 - 28.11.2012

Кој би претпоставил -  повеќе учесници на Критична маса во ноември отколку во октомври?! 100-тина скопски велосипедисти им ја дадоа недолжната чест на старо-новите скопски булевари и улици: Илинденска, Климент Охридски, Мито Хаџивасилев Јасмин (по ново Кирил и Методиј), Митрополит Теодосиј Гологанов и Манапо.

Кога би возеле по новите т.н. велосипедски патеки, тоа би изгледало некако вака . Ги покануваме оние кои тврдат дека тука постојат (добри) велосипедски патеки лично да ги испробаат или барем да го погледнат видеото.

Многу често како одговор на било каква критика од нашите сограѓани слушаме „Е добро де, тоа не е ништо страшно“. „Е добро де“ не гради подобар град. Мораме да ја менуваме свеста за нештата пред се. Прво самите ние под сообраќај мора да подразбираме и пешачки и велосипедски, а под улици, улици пријателски за сите, а не само коловози за брзо возење автомобили!

Во тоа име ја возевме Критична маса #7, во име на улици и за точаци!
А зголемената бројка на присутни и покрај континуираното заладување на времето во овој период потврдува дека граѓаните на Скопје имаат потреба од промена на третманот кон велосипедскиот сообраќај. Токму затоа завршивме со подигнување на точаците во раце баш пред објектите на администрацијата на град Скопје. Симболично покажувајќи дека велосипедот е моќно средство за трансформирање на градот, а не „пропратна содржина“. 

А овој пат, на целта во Градски парк освен кревањето точаци, не` чекаше и топло чајче и убави моменти на дружба.

Како изгледаше возењето можете да погледнете од следните фотографии.

Додека се собираме спроти парк
Мене не ми студеше. Вам?
Од позитивната атмосфера пред тргање
Имав време и малку да дремнам.
Стартот го проследи ТВ екипа




Мир, љубов, разбирање


привремено трансформиран простор...


..со поинакви активности и искуства
Како изгледавме од повисоко - Skopje City Mall




Кревањето на точаците на целта
Во отсуство на паркиралишта, мора да се импровизира
Чај за крај.
На целта направивме мини интервју со гостин од Германија. Зборува за КМ7 и за искуството со возењето точак во Македонија.



На крајот од возењето во кутијата за донации беа собрани 1667 денари. Трошоците за ноември беа 800 денари печатење постери и флаери, и 560 денари за чаевите. Заедно со донациите од претходно, моментално имаме 2067 денари.

Благодарност до сите со кои ја креираме Критична маса заедно. Се гледаме на крајот на декември на предновогодишната! Накитете ги точаците!

26 November, 2012

Критична Маса #7 - Улици и за точаци

Датум: 28.11.2012
Место: Паркингот карши Фонтана Парк
Време: 17.30

Кога ќе се спомне булевар, помислуваме на широки автомобилски ленти, но не и на велосипедски патеки. А булеварот треба да е спој од повеќе видови сообраќај и зеленило! 

Кога ќе се спомне проширување на улици, никој не помислувa на проширување на делот за велосипеди. А патеките за велосипеди се суштински дел од решението на сообраќајните проблеми!

Кога се реконструираат/обновуваат улици, додека автомобилските ленти се квалитетно израмнети, велосипедските евентуално се поплочуваат. А велосипедот со тесните гуми е најчувствителното превозно средство на површината по која се движи!

Се зборува за проточност на возилата, но не и на велосипедите.

Бандери, билборди, канти за ѓубре и знаци на сред велосипедска патека, потскокнување на павер-елементи, сливници, дупки и високи тротоари, акробатски движења за да се остане на патеката се дел од нашето секојдневие... Многу навидум мали, но за велосипедистот големи пречки. Како што е нелогично да се појават на коловоз, нелогично е што се појавуваат и на велосипедските патеки.

Патеките треба да бидат соодветно обележани и доволно широки, изработени од соодветен материјал, да овозможат континуиран и природен тек на движењето.

Удобноста во возењето не е важна само за возачите на моторни возила!

Сите ние може да се најдеме во една од двете улоги, во зависност од ситуацијата и сакаме подобри услови за сите видови сообраќај.

Во идните планови на градот и програми на политичарите, кога се мисли на улици, да не се мисли само на автомобили, да се мисли и на точаци! Комплетни улици за сите видови сообраќај!

Секоја урбана визија која ги третира велосипедските патеки како пропратна содржина, а не како подеднакво важен дел од сообраќајот треба да припаѓа на минатото.
Да ја смениме претставата за тоа што е улица, да го направиме Скопје подобар вело-град!


УЛИЦИ И ЗА ТОЧАЦИ!

Во тоа име ќе ја возиме КМ-7 во најголем дел по новореновираните булевари и улици: бул. Илинден, бул. Климент Охридски, бул. Теодосиј Гологанов и ул. Манапо.


View Критична маса - Скопје на точак #7 in a larger map


Минатата недела неколкумина што возеле на претходните критични маси ја пробаа рутата возејќи по местата обележани со знак за велосипедска патека. Нивното искуство го документираа во видео и фотографии. „Уживајте“!

Видео:


 Фотографии, тука.