Вчера на прозорите од Младинскиот културен центар беше поставена мала изложба на постерите од сите досегашни 13 критични маси.
Уште кога почнавме да ги правиме неформалните собирања на точакољупци, пролетта 2012 година, се појавија дизајнери кои доброволно дизајнираа постери.
Подоцна со првата Критична маса го добивме и логото. Па нова верзија. Па оваа денешната. Дизајнерите и понатака имаа желба да придонесат за Критична маса, а тоа, иако непланирано, сосема се вклопуваше во филозофијата на ова движење.
Па така решивме да продолжиме и натаму: со вклучување на што повеќе дизајнери во 'визуелниот идентитет' на месечните возења точак по скопските улици.
Како што Критична маса е шарен придонес од многу ситни акции на многу луѓе, така и постерите: секој од различен автор, различни, уникатни, со свој белег, придонесуваат одекот на ова движење да стигне до што повеќе различни луѓе со различни стилови и вкусови.
Од името на секој што мрднал со прстот за нешто да се случи во ова неформално друштво, им благодариме многу на дизајнерите на 13-те постери досега, се извинуваме за преполните инбокси и најважно е дека без нив кругот немаше да сврти до тука!
Веруваме на обострано задоволство!
Стилот и ангажманот на Критична маса зависи од сите нас!
Среќни сме што цела година Критична маса баш ни е убава, во секој поглед! :)
Следуваат фотографии од изложбата и преглед на сите изложени постери.
|
Местото на мини- изложбата |
|
Прв дел од постерите |
|
Втор дел |
|
Луѓе разгледуваат |
|
Постерите и презентацијата од фотографии и видеа на платно |
|
Изложбата позади. Напред масичката со налепниците. |
И мала онлајн изложба на сите постери кои беа изложени вчера, почнувајќи од оној на кој беа претставени сите 12 рути извозени изминатава година.
За подетален разглед на сите промотивни материјали изработени од дизајнерите за конкретната Критична маса, кликнете на линкот со нивното име.
|
Кои маала ги видовме годинава? Сите 12 патеки од првата година Критична маса во Скопје |
|
Точакољупци или На Точак,
што да стои на постерот?
Па и мапата баравме да ја стават,
кутри дизајнери со почетници :)
|
|
„Идејата ми дојде додека возев точак“
и слични почетнички занесувања.
Ама стварно ни доаѓаа со секоја нова критична маса :)
|
|
И’
рековме дека треба да разговараме
за
дизајнот до 10ти јули,
ни го
прати завршен на 8ми.
|
|
Успешно
вметна господин во дизајнот,
иако
не му го имавме кажано навреме слоганот.
|
|
Минатиот
пат- господин, сега машка школска банда.
Не
сакаме да им се мешаме на дизајнерите,
ама
мораше да има девојче :)
|
|
Смислуваме
тема за насочување на критиката
кон
неосветлените велосипедисти.
Успева
во дизајнот да ја искритикува
и
состојбата на патеките :)
|
|
Му
влезе на дизајнот мртва сериозна.
Производ
- дизајн на многумина омилен.
|
|
Едвај
се најдовме,
но
комуникацијата потоа беше најлесна на свет.
И
новогодишни моменти и други јазици, се’ вклучено.
|
|
I
drew a knight on a bike fighting a smoke monster.
Your
argument is invalid.
|
|
Да го
извадам или да го ослободам... точакот? :)
Ќе си
почнам со своерачен цртеж,
а вие
мислете му ја за слоганот.
|
|
#CelebrateLife
#НаТочак!
А
овие од колите заглавени нека пцујат :)
|
|
Редефинирана
тема и комуникација од 88 мејла.
Ама
се исплати :)
|
|
Побаравме
дизајнер за КМ 13, ни донесе цела лабораторија.
Лого па ич не побаравме, а го
добивме :)
|
Во знак на благодарност постерите од изложбата им ги подаривме/ќе им ги подариме на нивните автори.