30 July, 2013

Извештај од Критична маса #14


Точакот е превозно средство кое се движи на тркала. Делува очигледно, но...
Во градов има повеќе места каде не претпоставиле дека треба да се искачи или симне некој кој се движи на тркала отколку што има онакви каде тоа го имале предвид.
И ние сакаме тоа да се смени! 

на бул. Кочо Рацин рабниците се високи баш таму кај што велосипедската патека се спојува со пешачкото острово
Преку јавниот повик за праќање на фотографии од проблематични, но и релативно добри локации во градот собравме повеќе фотографии. Направивме албум во кој го илустриравме проблемот на „скалите“, т.е. високите рабници кои треба да се заменат со рампи со добар наклон кои ќе овозможат непрекинато, удобно и пред се' безбедно движење на тркала, не само за нас кои се движиме на точак, туку и на оние кои се движат во количка, со детска количка или влечат куфери или било каков товар на тркала. Висинската разлика меѓу коловозот и тротоарите треба да биде лесно совладлива!

Критична маса 15 ја посветивме токму на овој аспект од инфраструктурата во Скопје апелирајќи дека Скала не е за тркала.

Како што на тркалата на пајтоните им требаат слеани рампи...
Така им требаат и на нашите тркала... (фотографија од Еванстон, Илиноис)
Околу 400 учесници дадоа поддршка на оваа идеја со своето присуство.
Возевме на 26.06.2013 година (последната среда во јуни) почнувајќи од 19:00 во пријатни временски услови. Во текот на возење забележително ни се приклучуваа точакољупци во Кисела Вода и во Центар.
Почнувајќи од паркингот за НЛБ до платото покрај Фонтана, Градски парк, групата шараше по следниве улици:



Овојпат имавме најдобро организирано зачепување (фино замолување на возачите на моторни возила да причекаат додека помине цела група заради помало закочување на сообраќајот и поголема безбедност) за што послужија флаерите со упатството за учество на КМ и за зачепување, како и поголемото искуство кое го имаат сите учесници.

Во кутијата за донации завршија 870 денари, а за промотивните материјали (постери и флаери за КМ 14 и општи флаери) беа потрошени 1050 денари. Благодариме на придонесот на сите!
Им благодариме и на Александра Христов за дизајнот на промотивните материјали и на @tiktaknaradio за радио- џинглот (достапни тука), како и на сите кои на било кој начин помогнале или ја споделиле информацијата за оваа Критична маса.



постерот за КМ #14
Еве како помина возењето:

Еден празен пуст простор се исполнува со луѓе
Се собираме од сите генерации...

И поаѓаме!
кон Кисела Вода
Почекуваме да се збие цела група
Се грижиме безбедно да поминат сите
На удолницата кон Охис
Се наѕира индустриската зона
Пак се причекуваме...
И поаѓаме!
На булевар...
со прекрасно зајдисонце пред нас!
по уличките низ Кисела вода...
не' поздравуваат домаќините...
Мафкање
И држење за раце :)
Во Скопје имало зони 30!
Детенцево го претрча цел парк за да не' поздрави :) Радост!
Кон Центар...
Причекуваме..
На црвено...
Спроти Собрание
Од високо на Рекорд
Пропуштаме пешаци
Изненадување! Толку многу луѓе со точаци!
Убава долга колона
И најмалите учесници...
На ширинката се причекуваме..
По пајтонската патека...
Под мостот Гоце Делчев кон парк...
Поздрав до кафанџиите...
Уште малку!
Се собираме на крајната точка.
И уште...
Сите фотографираат некое чуденце што светка
И вели: „СИТЕ НА ТОЧАК“
Подигнуваме точаци...
Не толку синхронизирано овојпат :)
360 панорама
BIKE POWER
Дружење на крај
Со многу многу точакољупци во парк.
Благодарност до сите за учеството, дисциплинираноста, опуштеноста, справувањето со ситуациите, грижата едни за други и убавата атмосфера!
Особена благодарност во името на сите учесници до дечките кои несебично се погрижија за безбедноста на масата. Секоја чест!
Нашата видливост како луѓе кои се превезуваат на точак, се зголемува, треба да останеме упорни, да расте критичната маса и да изнаоѓаме различни начини на делување.
Скопје може да стане подобар велоград!
Се гледаме на Критична маса 15!

29 July, 2013

Средба со ЈП Улици и патишта

На 18-ти јули 2013 година неформалната група велосипедисти „НаТочак“, преку неколку претставници, оствари средба со раководството на ЈП „Улици и патишта“.

Средбата се одржа во просториите на ЈП УиП по претходно искажан интерес од страна на директорот Синиша Ивановски. Целта на оваа средба беше да се идентификуваат проблемите и да се разгледаат можностите за подобрување на условите за урбан велосипедизам во Град Скопје, во рамки на надлежностите на ЈП УиП.

Врз база на спроведената акција на мапирање на проблематични точки на булеварите „Партизански одреди“ и „Јане Сандански“, но и врз база на претходно обработените проблеми преку критичните маси (КМ7 и КМ14), анкетата спроведена минатата година и други пропратни акции, НаТочак приложи фото-документација со примери од најчестите проблеми на велосипедските патеки во Скопје, групирани во 5 категории:

  • Ненивелираност на велосипедски патеки (високи рабници, шахти, сливници)

  • Фиксни пречки на велосипедски патеки (сообраќајни знаци, семафори, билборди, корпи итн. поставени на несоодветни места)

  • Дотраеност или отсуство на маркација на велосипедски патеки (хоризонтална и вертикална сигнализација)

  • Организираност на велосипедски патеки со нагли свртувања и нелогични правци (цик-цак движење)

  • Оштетеност на велосипедските патеки (дупки, пукнатини, предели без асфалт, нерамен асфалт)


Фотографиите погоре се само за илустрација. Сите приложени фотографии од акцијата, означени на мапа, може да се погледнат: тукаа како листа од фотографии: тука.

На средбата бевме информирани дека постои план за нивелирање и маркација на велосипедските патеки кој треба да се реализира во блиска иднина. Подоцна би се фокусирале и на останатите проблеми. Беа разменети контакти и беше покажана обострана намера за соработка во иднина.

Се надеваме на поголемо внимание за потребите на велосипедистите при нови инфраструктурни зафати и реконструкции на улици во иднина. Како учесници во сообраќајот на точак, и понатаму будно ќе набљудуваме.

25 July, 2013

Критична маса #15: Да си кул на точак не е лесно, вози си свесно!

Датум: 31.07.2013
Тргнување: 19:00, паркинг зад ТЦ Буњаковец

Крај: ~20:30, плато пред Универзална сала

Промотивни материјали: линк.
Facebook настан: линк.
Рута: линк.

Известување до медиуми: линк.



Постерот за КМ 15


Драг другар велосипедист,


Свесни сме дека Скопје нема услови кои овозможуваат непречено возење велосипед и сите сакаме тоа да се смени.

Свесни сме и дека не сме третирани како рамноправен дел од сообраќајот, и од оние кои го планираат, и од оние кои се дел од него по улиците и сите заедно треба да се избориме тоа да се смени!
Но исто така, сведоци сме дека многу луѓе на точак прават прекршоци или барем недоволно внимаваат, а тоа е опасно и по нивната безбедност и по безбедноста на другите.
Со кампањата за Критична маса 15 сакаме да го свртиме вниманието кон себе, кон нашиот влог во побезбедно Скопје.
Се’ што правиме има некаков одек, директно или индиректно, во функционирањето на градот.

Помагај го добриот, не лошиот круг!
Биди примерен велосипедист!

Да си кул на точак не е лесно, вози си свесно!


Ќе возиме по следната рута:


Со возењата во Критична маса покажуваме дека не' има многу велосипедисти во Скопје и дека е потребно да се обезбедат услови за наше безбедно сообраќање, но исто така покажуваме и свесност за самите себе и останатите учесници во сообраќајот.

Дојдете на Критична маса #15 да сигнализираме правилно, да светиме и ѕвониме масовно заедно! :)
Да ја поддржиме иницијативава и да почнеме да ги тркаламе работите на подобро, почнувајќи од себе.

*Секој учесник вози на своја одговорност.

24 July, 2013

Промотивни материјали - #КМ15

[дизајн: Сања Вељаноска

Постер, А3:
постер, верзија за веб (jpg)
Постер, линк до верзија за печатење во боја (pdf)

Банери:

веб-банер 300x250

веб-банер 980x750

веб-банер 900x800

веб-банер 980x100
 Флаери, предни страни: 






























 Флаери, задна страна:


Џингл

Кратка верзија:


Долга верзија: