Во градов има повеќе места каде не претпоставиле дека треба да се искачи или симне некој кој се движи на тркала отколку што има онакви каде тоа го имале предвид.
И ние сакаме тоа да се смени!
на бул. Кочо Рацин рабниците се високи баш таму кај што велосипедската патека се спојува со пешачкото острово |
Преку јавниот повик за праќање на фотографии од проблематични, но и релативно добри локации во градот собравме повеќе фотографии. Направивме албум во кој го илустриравме проблемот на „скалите“, т.е. високите рабници кои треба да се заменат со рампи со добар наклон кои ќе овозможат непрекинато, удобно и пред се' безбедно движење на тркала, не само за нас кои се движиме на точак, туку и на оние кои се движат во количка, со детска количка или влечат куфери или било каков товар на тркала. Висинската разлика меѓу коловозот и тротоарите треба да биде лесно совладлива!
Критична маса 15 ја посветивме токму на овој аспект од инфраструктурата во Скопје апелирајќи дека Скала не е за тркала.
Како што на тркалата на пајтоните им требаат слеани рампи... |
Така им требаат и на нашите тркала... (фотографија од Еванстон, Илиноис) |
Возевме на 26.06.2013 година (последната среда во јуни) почнувајќи од 19:00 во пријатни временски услови. Во текот на возење забележително ни се приклучуваа точакољупци во Кисела Вода и во Центар.
Почнувајќи од паркингот за НЛБ до платото покрај Фонтана, Градски парк, групата шараше по следниве улици:
View Критична маса - Скопје на точак #14 in a larger map
Во кутијата за донации завршија 870 денари, а за промотивните материјали (постери и флаери за КМ 14 и општи флаери) беа потрошени 1050 денари. Благодариме на придонесот на сите!
Им благодариме и на Александра Христов за дизајнот на промотивните материјали и на @tiktaknaradio за радио- џинглот (достапни тука), како и на сите кои на било кој начин помогнале или ја споделиле информацијата за оваа Критична маса.
постерот за КМ #14 |
Еден празен пуст простор се исполнува со луѓе |
Се собираме од сите генерации... |
И поаѓаме! |
кон Кисела Вода |
Почекуваме да се збие цела група |
Се грижиме безбедно да поминат сите |
На удолницата кон Охис |
Се наѕира индустриската зона |
Пак се причекуваме... |
И поаѓаме! |
На булевар... |
со прекрасно зајдисонце пред нас! |
по уличките низ Кисела вода... |
не' поздравуваат домаќините... |
Мафкање |
И држење за раце :) |
Во Скопје имало зони 30! |
Детенцево го претрча цел парк за да не' поздрави :) Радост! |
Кон Центар... |
Причекуваме.. |
На црвено... |
Спроти Собрание |
Од високо на Рекорд |
Пропуштаме пешаци |
Изненадување! Толку многу луѓе со точаци! |
Убава долга колона |
И најмалите учесници... |
На ширинката се причекуваме.. |
По пајтонската патека... |
Под мостот Гоце Делчев кон парк... |
Поздрав до кафанџиите... |
Уште малку! |
Се собираме на крајната точка. |
И уште... |
Сите фотографираат некое чуденце што светка |
И вели: „СИТЕ НА ТОЧАК“ |
Подигнуваме точаци... |
Не толку синхронизирано овојпат :) |
360 панорама |
BIKE POWER |
Дружење на крај |
Со многу многу точакољупци во парк. |
Благодарност до сите за учеството, дисциплинираноста, опуштеноста, справувањето со ситуациите, грижата едни за други и убавата атмосфера!
Особена благодарност во името на сите учесници до дечките кои несебично се погрижија за безбедноста на масата. Секоја чест!
Нашата видливост како луѓе кои се превезуваат на точак, се зголемува, треба да останеме упорни, да расте критичната маса и да изнаоѓаме различни начини на делување.
Скопје може да стане подобар велоград!
Се гледаме на Критична маса 15!
Особена благодарност во името на сите учесници до дечките кои несебично се погрижија за безбедноста на масата. Секоја чест!
Нашата видливост како луѓе кои се превезуваат на точак, се зголемува, треба да останеме упорни, да расте критичната маса и да изнаоѓаме различни начини на делување.
Скопје може да стане подобар велоград!
Се гледаме на Критична маса 15!