27 January, 2014

Промотивни материјали - #КМ21

[дизајн: Никола Војнов]

МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ
(постери и флаери)

Постер (А3, во боја) верзија за печатење: линк.
Флаер (4 на А4, црно-бело) верзија за печатење: линк.

МАТЕРИЈАЛИ ЗА ВЕБ
(банери)
180x180
180x180
300x250
851x315 - 1
851x315 - 2
900x800
980x100
980x750
Промотивните материјали од овој блог- пост може слободно да се споделуваат и печатат, да се користат во рамки на објави за настанот или како линкови.
Однапред ви благодариме на помагањето да се прошири информацијата за Критична маса #21 и му благодариме на Никола за дизајнот со убава порака.

21 December, 2013

Вело-резолуција: Во 2014-та сакам Скопје (на точак) кое ќе...

Преку отворен повик на социјалните мрежи Facebook и Twitter, на e-mail, но и на отворениот „ѕид“ на работилницата за зимски гуми, собравме 150-ина желби за градот и предизвици кои точакољупците си ги поставуваат себе.


Подолу е делот од вело-резолуцијата посветен на Скопје.


Прочитајте овде за тоа како ја направивме.
А за делот од резолуцијата посветен на предизвиците кои дел од точакољупците си ги поставуваат себе, прочитајте овде.

Желбите за Скопје во 2014-та ги поделивме во 3 категории:
1. Инфраструктурни проблеми
2. Сообраќај и безбедност
3. Култура, едукација и општа состојба.

Голем дел од желбите и не се само желби, туку одлични и зрели идеи кои градов би можел да ги искористи.
Ви благодариме на сите за придонесот.

Да се надеваме дека идеите ќе допрат до свеста на нашите сограѓани, вклучително и оние кои имаат поголеми надлежности и имаат можност да променат повеќе.

-------------------------------------------------------

Во 2014-та сакам Скопје (на точак) кое ќе...

[ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОБЛЕМИ]

...има помалку дупки во кои ќе се собираат вирови.
...има помалку црвени ленти кои удираат во високи рабници...
...воопшто нема неслеани високи рабници.
...во 2014 сакам ниеднаш да не се симнам од точак на рутата до работа поради рабник, пешак, пешаче, контејнер, столб, знак, дупка.. да се симнам само ако има диско топка на патот или камионче со сладолед.
...има функционални велосипедски патеки.
...има реконструирани велосипедски патеки.
...има асални велосипедски патеки.
...во кое нема патеката да ме насочува во билборди или автобуски постојки.
...има патеки со висок квалитет, а не плочки кои се расклатуваат.

[СООБРАЌАЈ И БЕЗБЕДНОСТ]

...нема паркирани автомобили на велосипедска патека.
...има велосипедски патеки (сега нема!)
...има паркинзи за велосипеди.
...не' третира како сообраќај кога прави проект за интегрирано управување на сообраќајот и поставува знаци за него.
...има паркинзи за точаци пред секоја нова зграда.
...има зони 30 каде ќе се вози со намалена брзина.
...има барем еден булевар со зелен бран за велосипеди.
...има велосипедска мапа и велосипедски знаци насекаде.
...има повеќе пешачки и велосипедски мостови.
...(да пуштиме апел до) фирмите да обезбедат паркинг за велосипеди пред работното место.
...има поквалитетен јавен велосипедски превоз.
...да му се даде поголем акцент на јавниот велосипедски превоз.
...да има повеќе пунктови за јавен велосипедски превоз.
...да има повеќе вело-паркинзи во чаршија и на плоштад.
...Сакам Скопје да добие надземна платформа за точаци што ќе ги поврзе сите делови од градот.
...повеќе велосипедско-пешачки мостови на Вардар, како би се скратиле патувањата
...коловозот на Рекорд да стане зона само за јавен превоз, велосипеди (и можеби такси) како централната улица во Љубљана
...има велосипедска мрежа, а не испрекинати патеки.
...Во лето 2014-та сакам Скопје (на точак) кое ќе има непрекинати велосипедски патеки со сенки од раскошно природно зеленило 
...во 2014-та сакам да се смени законот за сообраќај и да се дозволи да закачиш на точакот количка или друг додаток во кој ќе може да превезуваш деца, пријател/ка, партнер/ка, родител, шефот  итн...
...Во 2014-та сакам Скопје во кое ќе биде дозволено да го качиш точакот на бус ако ти се расипе и Македонија во која ќе може да го качиш точакот во воз (ако е забрането). Цената што ќе треба да ја платиш да биде минимална со цел да се популаризира велосипедизмот.
...Во 2014-та сакам #SkNaTochak кое ќе добие велосипедска мрежа место испрекинати патеки.
...во кое ќе функционира пајак-служба поревносно.
...кое ќе има car-free зони и вистински Car-free day без коли. Барем во некои маала, барем еден ден.
...има рекреативна патека по целата должина на Вардар.
...се чувствувавм безбедно да возам низ град (без она: Ups, I survived again")

[КУЛТУРА, ЕДУКАЦИЈА И ОПШТА СОСТОЈБА]


...има повеќе граѓани на точак...
...има востановено предмет урбан велосипедизам во основно училиште.
...има градоначалници и пратеници кои ќе доаѓаат на работа на точак.
...има фестивали и манифестации за велосипедизам.
...нема велосипедистите да ги третира како проблем, туку вложувањето во велосипедски сообраќај како решение на многу проблеми.
...има велосипедски тури за туристи.
...се излегува навечер на точак.
...се дуплира бројката за критична маса.
...Во 2014-та сакам Скопје во кое нема да има потреба да се возам со гол задник за да бидам забележан како учесник во сообраќајот.
...Во 2014-та сакам Скопје (на точак) во кое ќе си мафтаме со тие ВоКола место да се напињаме.
...во 2014 сакам Скопје да не мисли дека точак е за сиромашни.
...Во 2014-та сакам Скопје (на точак) во кое постојано ќе расте бројот граѓани што користат точак како основно превозно средство.
...кое нема да прави да се чувствувам непожелно на улиците, туку ќе ми вели: вози слободно, од едниот до другиот крај на градот... има место и добри услови и за тебе.
...има повеќе возачи кои застануваат на пешачки.
...има едуцирани учесници во сообраќајот.
...има пешаци кои реагираат на овој звук (ѕвонче).
...како Амстердам што е Мека и Медина за велосипедистите.
...#SkNaTochak кое нема да прави да се чувствувам непожелно на улиците, туку ќе ми вели: вози слободно, има место и добри услови и за тебе.
...Во 2014-та сакам #SkNaTochak кое ќе има повеќе возачи кои застануваат на пешачки.
...Во 2014-та сакам да видам некој политичар #НаТочак како вози рано сабајле накај работа.
...Нема да оди во теретана да вози статичен точак, со кола.
...ќе им дава еднаква важност на сите тркала: автомобилски, велосипедски, од инвалидски колички.
...ќе знае да ги дисциплинира своите џелати.
...во кое нема да се крадат точаци и секој сопственик ќе си го најде својот украден точак.
...нема да ја бара вината за загадувањето во виши сили туку ќе преземе нешто.
...ќе има повеќе точаци од автомобили во сообраќајот.
...ќе дише слободно!

-------------------------------------------------------
Кои се твоите желби и идеи за Скопје? Пиши ни доколку сакаш да ги споделиш.
Следи нè будно на нашите социјални профили и блог за да бидеш известен за следните Критични маси и што се случува во Скопје на велосипедски план. 
Доколку сакаш да споделиш некоја вело - вест со нас или имаш желба да помогнеш за подобро вело - Скопје, можеш да ни пишеш и на нашиот e-mail: natochak@gmail.com.

Вело-резолуција: Во 2014-та јас (на точак) ќе...

Преку отворен повик на социјалните мрежи Facebook и Twitter, на e-mail, но и на отворениот „ѕид“ на работилницата за зимски гуми, собравме 150-ина желби за градот и предизвици кои точакољупците си ги поставуваат себе.

Подолу е делот од вело-резолуцијата посветен на себе, поточно збир од личните новогодишни резолуции на повеќе луѓе кои ни пишаа.

Прочитајте овде за тоа како ја направивме. 
А за делот од резолуцијата посветен на предизвиците кои дел од граѓаните му ги задаваат на Скопје и ги посакуваат за нивното секојдневно функционирање во овој град можете да прочитате овде.

Предизвиците кои секој си ги задава лично варираат од желба да се научи да се вози точак, па се до големи велосипедски тури, од мала инциијатива во влезот во кој живеат до институционална битка за подобар вело-град. Сè се брои. :)

Предизвиците за себе во 2014-та ги поделивме во 4 категории: 
1. Навики и учење
2. За точакот
3. Патувања
4. Акции и иницијативи

Ви посакуваме да ги остварите предизвиците кои ќе си ги зададете себеси во новата година!
И се надеваме дека овие резолуции споделени од вас на нашите профили ќе инспирираат уште повеќе наши сограѓани да го јавнат точакот и да променат нешто во сопствениот живот и во градот :)

-------------------------------------------------------

Во 2014-та јас (на точак) ќе...

[НАВИКИ И УЧЕЊЕ]

...почнам да одам со точак на работа
...ќе почна да возам и на снег
...одам до пазар на точак, место со кола.
...научам да не ги пцујам несовесните шофери
...научам да не ги пцујам несовесните пешаци
...ги почитувам сите сообраќајни правила додека возам точак
...ќе научам да возам точак.
...ќе им се насмевнувам на лутите шофери на коли во знак дека треба да покажеме обострано почитување.
...возам почесто точак!
...почесто да излегувам навечер со точак
...се качам конечно (на точак).
...во 2014-та ќе научам да си го поправам точакот сама (во 2013-та научив да лепам гуми).

[ЗА ТОЧАКОТ]

...си купам ѕвонче.
...да си купам кацига.
...ќе си го реставрирам стариот точак.
...ќе го одржувам точакот поредовно и нема да дозволам да ми се скрши осовина на сред пат!
...Во 2014-та ќе си ги намонтирам корпата за багаж и трубата, ќе си ги наштелувам брзините, ќе си поставам светло и мачкини очи, ќе си намонтирам и ретровизор, а сакам да си ставам и држач за мобилен. Ако биде дозволено и ако имам пари ќе си купам и приколка.
...си купам поубави светла и батерии на полнење :)
...си набавам убави мотивациски лепенки за точакот.
...Во 2014-та #JasNaTochak ќе имам багажник за да возам девојка на него.
...#JasNaTochak во 2014 сакам да си ја купам кацигава. http://www.youtube.com/watch?v=CMAhptqk-4Q … pic.twitter.com/sByYExCpbC
...си купам приколка за носење поголеми работи кои не ги собира во корпа.
...ќе си спремам мало комплетче со основни алати кои ќе си го носам секогаш на пат.
...Ќе научам да си го поправам точакот, ќе си го офарбам со дизајн на дрво...И ќе возам уште повеќе точак! Посакувам среќна точакољупска година на сите луѓе!


[ПАТУВАЊА]

...отидам на подалечно патување на точак со дечко ми.
...извозам барем 3650 км. 
...ќе го свртам цело Скопје!
...ќе правам повеќе тури низ Македонија на точак.
...#JasNaTochak сакам да стигнам до Иран!
...Ја возам девојка ми на багажник.
...Кога ќе решам да си појдам во родното место, ќе извозам со точак до Гевгелија. Ќе поканам кој сака да ми се придружи на уживанции и на повеќе сонце на југот.  
...Во 2014-та #JasNaTochak ќе отидам на пикник со девојка (потсетете ме на време. Да не  ја мрзнам на 29.12.2014).
...Во 2014-та сакам да одам до #Битола #NaTochak. #JasNaTochak
...#JasNaTochak да ги посетам преостанатите 10тина градови во Мк, да поминам државна граница...
...отидам во родното место со точак. ќе си метнам велосипедски крилја т.е. велокрилја как да си метнех и на југот да си прелетнех. Т'га за Богданци со велосипед.
...Ќе направам тура низа Демирхисарскиот крај.
...конечно ќе отидам на турите околу Охридско и Мавровско езеро.
...Ќе отидам до Кочани на Критична маса :)
...одам до Битола.
...и јас!

[АКЦИИ И ИНИЦИЈАТИВИ]

...научам некого да вози точак.
...да влијаам Ск да прерасне во поточакољупски град.
...поднесувам пријави додека не ми ја тргнат пречката од патеката...
...ќе се поставам и барам да бидам почитуван како рамноправен учесник во сообраќајот.
...ќе поттикнувам луѓе да возат точак.
...ќе иницирам кај соседите поставување паркинзи за точаци во/пред зградата каде живеам.
...ќе им ги кревам брисачите на дупло повеќе коли испаркирани на вело-патеки.
...испринтам и спамувам повеќе колите паркирани на вело-патеки со флаерчињата од НаТочак.
...ќе ги информирам пешаците дека треба да се тргнат на ѕвонче...ѕрн, ѕрн, ѕрн! 
...да "едуцирам" повеќе луѓе како да се заштитат од кражби на точак.
...ќе претворам минимум 3ца во точакољупци.
...ќе им купам точак на моите родители.
...Во 2014-та ќе иницирам кај соседите да определиме простор/поставиме држачи за паркирање точаци во/пред зградата каде ќе живеам. #JasNaTochak
...Во 2014-та #JasNaTochak ќе пробам да научам бар еден возрасен да вози точак.
...#JasNaTochak ќе се борам за #твитернаграда да се додели на @NaTochak за подигнување на свеста за велосипедизмот во Македонија.
...ќе помогнам во одржување на bike kitchen (autonomous & autolearning workshop) во Скопје.
...побарам(е) дозвола и /или поставување на вело-паркинзи пред АКСЦ. Или сами ќе ги поставиме :)
...учествувам секоја последна среда во месецот на настанот критична маса
...нема да пропуштам Критична маса.
-------------------------------------------------------

Кои се твоите лични предизвици поврзани со возењето точак? 
Пиши ни доколку сакаш да ги споделиш.
Следи нè будно на нашите социјални профили и блог за да бидеш известен за следните Критични маси и што се случува во Скопје на велосипедски план. 
Доколку сакаш да споделиш некоја вело - вест со нас, имаш желба да помогнеш за подобро вело - Скопје, можеш да ни пишеш и на нашиот e-mail: natochak@gmail.com.

20 December, 2013

Критична маса #20: „Среќни 365 на точак!“

Датум: 27.11.2013
Тргнување17:30, Плоштад Македонија
Крај (подигнување на точаците): зад бикот на ул. Македонија
--------------------------------------------------------------
Промотивни материјалилинк.
Facebook настанлинк.
Руталинк.
Вело-резолуција 2014: линк.
--------------------------------------------------------------

постерот за КМ 20
Што посакуваат скопјани за себе и градот во 2014 на точак?

Преку отворен повик на социјалните мрежи Facebook и Twitter, на e-mail, но и на отворениот „ѕид“ на работилницата за зимски гуми, собравме 150-ина желби за градот и предизвици кои точакољупците си ги поставуваат себе.
Издвојуваме неколку, а останатите ваши вело-резолуции ги објавивмеме во 2 статии на нашиот блог.

Во новата 2014-та јас ќе…

• поднесувам пријави додека не ми ја тргнат пречката од патеката
• почнам да одам со точак на работа
• научам да си го поправам точакот сама
• им купам точак на моите родители
• ја научам другарка ми да вози точак

Погледнете си сите лични резолуции на следниот линк.

Во новата 2014-та сакам Скопје кое ќе:

• нема паркирани автомобили на велосипедски патеки
• има поквалитетен јавен велосипедски превоз
• се излегува навечер на точак
• има повеќе паркинзи за велосипеди
• има повеќе возачи кои застануваат на пешачки

Погледнете си сите резолуции за Скопје на следниот линк.


А што посакуваш ти за себе и Скопје во новата година на точак? :)

Пиши ни на некој од нашите профили:
Facebook - fb.com/NaTochak
Twitter - twitter.com/NaTochak #NaTochak #НаТочак
E-mail - natochak@gmail.com

Биди дел од подобро Скопје на точак во 2014.
Вози секојдневно, а на критична маса секоја последна среда од месецот.
Накити го точакот и придружи се и на предновогодишното јубилејно 20-то возење. 


Ќе возиме по следнава рута:

View Критична Маса 20 in a larger map


После возењето продолжуваме да се дружиме и топлиме во блиското кафуле Mojo (кај дом на АРМ) во новогодишна атмосфера. Ве чекаме сите, има изненадување :)

Ѕрн- ѕрн!

--------------------------------

*** Секој учесник вози на своја одговорност.

18 December, 2013

Промотивни материјали - #КМ20


[дизајн: Елена Диновска]

МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ
(постери и флаери)

Постер, А3:
Постер, верзија за веб
Постер, линк  до верзија за печатење, во боја (pdf)

Флаер, А6:
Флаер, верзија за печатење, 4 на А4, црно-бело, предна страна (tiff)
Флаер, верзија за печатење, 4 на А4, црно-бело, задна страна (tiff)
МАТЕРИЈАЛИ ЗА ВЕБ
(банери)

веб-банер 300x250
веб-банер 980x751
веб-банер 980x100 v.1
веб-банер 980x100 v.2
аватар, 180x180
аватар, 500x500
веб-банер, 851 x 315 (FB cover)
Е - ЧЕСТИТКА
 

Промотивните материјали од овој блог- пост може слободно да се споделуваат и печатат, да се користат во рамки на објави за настанот или како линкови.
Однапред ви благодариме на помагањето да се прошири информацијата за Критична маса #19 и и' благодариме на Елена за топлиот празничен дизајн.

17 December, 2013

Вело - резолуција 2014


отворениот „ѕид“ на работилницата за зимски гуми

Преку отворен повик:

[за градот]

Си задавате ли себеси предизвици за новата година?
Би му задале ли некој предизвик на градот и нашите сограѓани за 2014-та?

Сакаме да направиме Новогодишна резолуција од најинтересните желби и предизвици за себе и градот произлезени од точакољупската задница.

Па денес да почнеме од градот...

Во 2014-та сакам Скопје (на точак) кое ќе... (дополнете ја реченицата во коментари).


[за себе]

Да продолжиме со делот од резолуцијата посветен на себе.
Какви предизвици си задавате себеси за новата година, а се поврзани со точак? 

Како илустрација: можеби е некому предизвик да извози неколку илјади километри наредната година, но некому е и да почне да оди на работа со точак или да научи да вози точак... Некому - поревносно да реагира за проблемите со велосипедизмот, некому - сам да направи нешто...

Споделете во коментари 

Во 2014-та јас (на точак) ќе...

на социјалните мрежи Facebook (за градот и за себе) и Twitter (за градот и за себе), на e-mail, но и на отворениот „ѕид“ на работилницата за зимски гуми, собравме 150-ина желби за градот и предизвици кои точакољупците си ги поставуваат себе.

Она што го добивме како резултат е сумирано во 2 блог-поста:

Во 2014-та сакам Скопје (на точак) кое ќе... [линк]

Во 2014-та јас (на точак) ќе... [линк]

04 December, 2013

Работилница „Направи сам - зимски гуми за точак“

Неколкумина вело-ентузијасти оваа сабота ќе ги спремаат гумите од нивните точаци за зимски услови, т.е. за возење на мраз и тоа ќе го направат во облик на отворена работилница.


Работилницата: „Направи сам - зимски гуми за точак“ ќе се одржи во Автономниот културно социјален центар во сабота, 7.12.2013 од 15:00 до 18:00 и работилницата е отворена за сите:

-кои правеле нешто слично и имаат искуство кое сакаат да го споделат;
-кои не правеле ништо слично, но сакаат да научат повеќе за својот точак и како да го подготват за зима;
-кои сакаат на лице место да се испробаат во техниката;
-кои сакаат едно саботно попладне да се подружат со други точакољупци.

Доколку сакате да спремите сопствена зимска гума (да спремиме заедно), ќе ви бидат потребни:

- надворешна гума со крампони
- стара внатрешна гума (може и дупната)
- шило (или бормашина со многу тенка бургија)
- околу 150 штрафчиња со должина 1 - 1,5 cm (пожелно саморежечки за лим)
- штрафцигер соодветен за штрафчињата

Паралелно на овој настан, во соседната просторија во АКСЦ ќе има Ворк Груп Суп (Работна група за супа), па покрај правењето на зимски гуми за мраз, ќе може и да се загрееме :)

Се гледаме во сабота, на точак!


FB настан: линк.

------------------------------
Адреса:
АКСЦ
ул.Борка Талески бр.26
Железничарска зграда (зад Буњаковец)