Можеби се сеќавате, во 2013-та направивме „Велосипедска анализа на програмите на кандидатите за градоначалници на град Скопје и скопските општини на локалните избори“. Во програмата постои мерката за субвенционирање на купувањето велосипеди. (целосната анализа ја има тука).Тогаш само не беше спомнато ограничувањето на колкав број жители и сума ќе се однесува субвенцијата.
Прашањата кои се отвораат се: колкав број од велосипедите навистина ќе останат во Центар и колкав број реално (поради моменталните услови) ќе се користат како превозно средство? За она за кое се залагаме, сеедно е каде ќе се возат, поважно е да се обезбедат услови за нивно користење.
Прашањата кои се отвораат се: колкав број од велосипедите навистина ќе останат во Центар и колкав број реално (поради моменталните услови) ќе се користат како превозно средство? За она за кое се залагаме, сеедно е каде ќе се возат, поважно е да се обезбедат услови за нивно користење.
Во прилог на тие заложби за зголемување на бројот на урбани велосипедисти на улиците, кои веруваме ги делиме со општина Центар, наше мислење е дека има поприоритетни активности кои треба да се преземат. На прв поглед, потегот е сосема на место, но треба прво да се среди куќата, па да се поканат гости, народски речено.
Каде општина Центар ги кани да сообраќаат овие велосипеди? По која велосипедска инфраструктура? По кои слеани рабници? Со која сообраќајна култура? За поздравување е на пример што Општина Центар поставува квалитетни држачи за велосипеди на сите новоуредени урбани простори. Бидејќи проблемите поврзуваат различни ингеренции, Општина Центар и другите скопски општини во соработка со Град Скопје, МВР и другите надлежни институции треба да поработат и на другите недостатоци во инфраструктурата: да се ослободат велосипедските патеки од паркирани возила, да се реконструираат и означат, заеднички да се осмисли проширување на мрежата, да се изградат нови патеки, да се воведат „зони 30“.
Го охрабруваме подигнувањето на вниманието кон велосипедистите и пораката што Општина Центар ја праќа со потегов дека е заинтересирана да го поддржи урбаниот велосипедизам. Потегот може да отвори и дебата за тоа кои се навистина проблемите во нашите општини и град Скопје, кои се причините поради кои граѓаните не користат помасовно велосипед (Ретко причината е дека не поседуваат. Не сите кои веќе поседуваат возат.) и да се насочат мерките на сите одговорни институции кон решавање токму на тие проблеми.
Ако сакаме коренити промени во квалитетот на живот во нашиот град, мора да го сфатиме посериозно градскиот велосипедизам и коренито да ги промениме условите за велосипедскиот сообраќај.