05 August, 2014

Мислење за задолжител​на употреба на заштитен шлем (кацига) при возење на велосипед

НаТочак, заедно со уште 11 организации кои застанаа зад ставот против воведувањето на задолжителна употреба на заштитен шлем (кацига) при возење на велосипед, испрати допис до надлежните институции.

Текстот од дописот е целосно пренесен во овој блог- пост, а како документ е достапен на следниов
линк.

Дописот е испратен до:

1. Министерство за транспорт и врски: Сектор за нормативно-правни работи, Сектор за Европска Унија, Сектор за уредување на просторот; 
2. Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата;
3. Министерство за внатрешни работи;
4. Сектор за сообраќај на Град Скопје.

-------------------------------------------------------
 
Почитувани,
 
Би сакале да ви се обратиме во врска со најавената измена на постоечката легислатива и потенцијалното воведување на задолжителна употреба на заштитен шлем (кацига) за велосипедисти за кое дознавме преку медиумите.
 
Како што прочитавме во статијата на порталот www.denesen.mk:  http://denesen.mk/web/?p=261319 * предложени се измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, каде се предлага задолжително носење заштитен шлем (кацига) и опремување на велосипедите со рефлектирачка опрема.
 
Иницијативата НаТочак ги поздравува сите мерки кои се во прилог на зголемување на безбедноста на велосипедистите, но паралелно и зголемување на атрактивноста на велосипедот како превозно средство за нови корисници.

          Сметаме дека воведувањето на заштитен шлем (кацига) како задолжителна опрема при користење на велосипедот како превозно средство е спротивно на заложбите за развој на велосипедскиот сообраќај.

          Истражувајќи за темата, наидовме на многу податоци и научни студии, како и ставови од релевантни институции и организации за урбаниот велосипедизам кои не се во прилог на донесувањето обврзувачки прописи за користењето на заштитен шлем (кацига).
 
Со цел да се задржи и поттикне позитивната тенденција на пораст на бројот на урбани велосипедисти во градовите низ Македонија не треба да се создава атмосфера на страв и слика дека велосипедот е небезбедно превозно средство, а градовите не се безбедни за велосипедисти.
 
·         Задолжително носење на заштитен шлем (кацига) придонесува за намалување на бројот на активни велосипедисти и креира слика меѓу потенцијалните идни велосипедисти дека возењето велосипед е опасно.
http://www.ecf.com/wp-content/uploads/2011/09/090430Helmet_brochure_for_Velo-city_093.pdf
 
·        Велосипедистите не се поголеми жртви на повреди на главата од возачите на автомобили и пешаците, но не постои задолжително користење на заштитен шлем (кацига) за нив.
http://www.howiechong.com/journal/2014/2/bike-helmets?fb_action_ids=10152475821825864&fb_action_types=og.likes#.U9Dd5ZSSyLh h
 
·         Заклучокот од студијата во прилог е дека еден од поефективните начини да се подобри безбедноста на пешаците и велосипедистите е да се зголеми нивниот број. Задолжително носење на заштитен шлем (кацига) би делувало во спротивна насока.
http://injuryprevention.bmj.com/content/9/3/205.abstrac
t
 
·         Задолжително носење на заштитен шлем (кацига) го комплицира јавниот систем за изнајмување на велосипеди. Управувачот на системот ќе мора да обезбедува и кациги за изнајмувачите и нивно соодветно складирање и контрола.
 
Кон овој наш став во прилог се и ставовите на две европски релевантни институции:
 
1.       Европската велосипедска федерација, најголемиот авторитет за урбан велосипедизам во Европа и светот, базирано на многу истражувања препорачува да не се воведува задолжителна употреба на заштитен шлем (кацига):
http://www.ecf.com/advocary/road-safety/helmets-and-reflective-vests/
2.       Во земјите од Европската унија не е задолжително носењето на кацига за велосипедисти. На следниов линк: http://ec.europa.eu/transport/road_safety/going_abroad/netherlands/safety_helmet_en.htm
може
да се прегледа европската легислативата по земја членка, а овде и на мапа:
http://helmetfreedom.org/847/bicycle-helmet-law-map/
 
Наместо да ги ублажуваме ефектите од евентуални сообраќајни незгоди со минимални заштитни мерки како што е заштитен шлем (кацига) притоа правејќи штета на други полиња, треба со соодветни мерки да оневозможиме тие судири да се случат:
 
1.  Со вложување во соодветна издвоена велосипедска инфраструктура на која движењето со велосипед е проточно, безбедно и нема судир со моторен сообраќај од кој теоретски би требало да штити заштитниот шлем и намалување на максималните дозволени брзини за моторните возила во делови од градот каде нема услови да се раздвои велосипедскиот сообраќај од моторниот; 
 
2.  Со подобрување на сообраќајната едукација за сите учесници во сообраќајот, во формалното образование, но и преку кампањи. 
 
Тоа се мерките кои покажуваат резултати во земјите со највисока безбедност на велосипедистите: Холандија и Данска. Таму велосипедската кацига не е задолжителна.
 
Во следната студија јасно може да се прочита дека земјите кои вовеле задолжително носење на заштитен шлем (кацига) направиле поголема штета во развојот на велосипедскиот сообраќај и безбедноста:
http://www.cyclehelmets.org/papers/c2034.pdf
 
Кога конечно имаме благ пораст на интересот кај нашите сограѓани за користење на велосипедот како превозно средство, да не одиме чекор назад со отежнување на легислативата за жртвите, туку напред, преку константно подобрување на условите за возење велосипед.
 
Се надеваме ќе го земете предвид мислењето од овој документ зад кое застанаа следните организации:
 
1. НаТочак (Скопје)
2. Велосипедска федерација на Македонија
3. То4ак
4. Коалиција за одржлив развој
5. Гоу Грин
6. Еко-свест
7. Милиеуконтакт Македонија
8. Еко Логик
9. Тетово на точак
10. Гостивар на точак
11. Битола на точак
12. Прилеп на точак
-------------------------------------------------------------------
 *„Денешен Весник - Велосипедистите меѓу најранливите учесници во сообраќајот, вторник, 6 Мај 2014, 13:29

Екотопија во Скопје (5-9.08.2014)

Во тек е интернационалната велосипедска тура Екотопија 2014-та.
Започна на 10-ти јули, во Софија, а ќе заврши на 30-ти септември во Атина.
После Бугарија, Србија и Косово, наредните 5+ дена (5-9.08.2014) учесниците ќе ги поминат во Скопје, па во други места во Македонија, после што ќе се упатат накај Грција.
Некои од учесниците кои се приклучуваат на турата почнувајќи од Скопје, пристигнаа и порано, а најголем дел од учесниците пристигнуваат денес, 5.08.2014.
Може слободно да се приклучите на турата во било кој момент, на возењето накај Грција или на активностите во Скопје: во АКСЦ, во Ку Ла и возејќи точак заедно низ градот.


Ова се деталите за случувањата во Скопје:

- 5.08, вторник

(денски) - пристигнување во Скопје
20:00 - дружење во АКСЦ (линк до Facebook настан)

-6.08, среда
17:00 - Вело-кујна (bike kitchen) во АКСЦ



20:00 - споделување на вештини и знаење - настан во АКСЦ

-7.08, четврток
слободен ден


-8.08, петок
10:00 - посета на Зелената Арка
17:00 - мала Еко-критична маса низ градот (повеќе информации: тука.)




20:30 - филмска проекција и дружење во Ку Ла

-9.09, сабота заминување кон Гевгелија со неколку запирања (може да се приклучите и на ова!)

Посетете го и настанот на Facebook и следете таму или на блог-постов за евентуални измени.


А ова се деталите за Екотопија рутата:
10th-13th July – Sofia, Bulgaria
28th July – Nis, Serbia
1st-3rd August – Prishtina, Kosovo
/------ 5th-9th August – Skopje, Macedonia -----/
22nd-25th August – Thessaloniki, Greece
28th-31st August – Ierissos and Megali Panagia, Halkidiki, Greece
3rd September – Thessaloniki, Greece
7th-8th Sept – close to Larissa, Greece
10th Sept – close to Volos, Greece
28th-30th Sept – Athens, Greece


Што е велосипедската тура „Екотопија“?

Велосипедската тура „Екотопија“ е мобилна направи-сам (DIY) заедница, која се занимава со активизам, алтернативни начини на организирање и одржливо живеење низ различни региони на Европа повеќе од 20 години.

Оваа тура е отворена за сите заинтересирани за DIY, заштита на животна средина, активизам, живот во заедница, учење од различни култури, како и учење едни од други. На крајот на краиштата, таа ќе биде онаква каква што ќе ја направиме да биде. Вие сте велосипедската тура! Секој може да се приклучи во било кој дел од турата во било кои планирани активности или да предложи нови.
При патувањето - споделуваме вештини, практикуваме носење одлуки со консензус и заеднички работиме на создавање на неформална и не-хиерархиска средина. Готвиме локална веганска храна користејќи рачно направен шпорет, кампуваме и работите ги пренесуваме на велосипеди и приколки. Во местата кои ги посетуваме, разменуваме идеи и искуства, споделуваме вештини или физички помагаме.
Ние сме заедница која се развива во движење.
Повеќе детали на:https://www.ecotopiabiketour.net/

26 July, 2014

Промотивни материјали - #КМ27

[дизајн: Сандра Андоновска]

Промотивните материјали од овој блог- пост може слободно да се споделуваат, печатат, да се лепат на соодветни локации во градот, да се користат во рамки на објави за настанот или како линкови. 

Однапред ви благодариме на сите за помагањето да се прошири информацијата за Критична маса #27.
А на Сандра ѝ благодариме за симпатичниот дизајн и сработувањето на овие материјали како придонес за Критичната маса во нашиот град.

МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ
  • постери и флаери 
-Постер (А3, во боја) верзија за печатење: линк.
постерот за КМ 27, верзија за веб
флаерот за КМ 27, предна страна, верзија за веб и печатење
флаерот за КМ 27, задна страна, верзија за веб и печатење

МАТЕРИЈАЛИ ЗА ВЕБ
  • банери Подолу следува преглед на банерите. Кодови на следниот линк. наскоро.
    веб-банер 500x500
    веб-банер 851x315 (Facebook cover)
    веб-банер 520x260 (Twitter cover)

Критична маса #27: Точак имам, паркинг немам, аџанак баџанак!

Датум: 27.07.2014, последна среда во месецот
Почеток19:00, Плоштад Македонија
Крај: 20:30, Дебар Маало
---------------------------------------------------------------------
Facebook настанлинк.

Промотивни материјалилинк.
Руталинк.
Фото-галерија од паркинзи за точаци во Скопје: линк.

---------------------------------------------------------------------
постерот за КМ 27
Колку пати си го врзал точакот за дрво, ограда, некој столб или за друг точак? Или па ќе го земеш со себе од немајкаде? Или па нема да тргнеш воопшто со точак знаејќи дека нема безбеден паркинг? 

На градот му требаат многу и безбедни паркинзи за точаци. 
Што повеќе институции и компании со паркинзи пред своите објекти
, тоа пошироко добредојде за оние на точак. 
Што побезбедно ни е Скопје за возење и паркирање точак, уште повеќе точакољупци ќе добие.
Сакаме безбедно место за нашето превозно средство. 

Паркинг пред секое школо, факултет, пред секоја јавна институција, на работно место, пред секоја станбена зграда, рекреативен центар или угостителски објект, пред секој маркет, пазар и во секој јавен простор.
Море да не му ја мислиме, паркинзи насекаде!

Точак имам, паркинг нема, аџанак баџанак,
Сајла имам, држач нема, аџанак баџанак.
Кој ќе стави, ќе му дојдам, аџанак баџанак.
Е кој ќе стави, ќе усреќи, аџанак баџанак.
Ќе усреќи куп точкари, аџанак баџанак.

Дојди на 27-мата по ред Критична маса во последната среда од месецот (30.07), овој пат се чекаме на Плоштад Македонија во 19.00 часот.

Ќе возиме по следната рута:



View Критична маса #27 in a larger map

Завршуваме во Дебар Маало, место со многу кафани, ресторани, кафулиња... По возењето ќе уживаме во скопската ноќ и ќе побараме места каде можеме да си ги врземе точаците на паркинзи достојни за нашите точаци.

Дојди да покажеме колку не’ има, дека сме важен дел од сообраќајот и сакаме паркинзи за точаци низ целиот град.

--------------------------------------------------------------
*** Секој учесник вози на своја одговорност.

22 July, 2014

Паркинзи за точаци - интервју за Нова Македонија

Ги пренесуваме во целост одговорите кои НаТочак ги даде на интервјуто од Нова Македонија направено на темата „паркинзи за точаци“ пред 3 месеци.
Објавената статија е со наслов „Дрвјата и оградите сѐ уште се места за заклучување на велосипедите“ и достапна е на следниот линк (објавена на 22.04.2014)
 

--------------------------------------------------------------------- 

1. Кое е вашето мислење на оваа тема, дали се потребни такви места за заклучување на велосипедот во Скопје?

- Се разбира дека се потребни. Онака како што се прават политики за паркирање на возила, така треба да се прават политики и за паркирање на велосипеди. Тие се дел од т.н. статичен сообраќај за велосипеди и се веројатно втори по важност по инфраструктурата по која се движат велосипедистите.

2. Дали недостигаат соодветни места каде што може да се заклучат велосипедите, односно таканаречени паркинг места за велосипеди во Скопје?

-Да. Многу школи, факултети, фирми, јавни институции каде граѓаните одат да завршат некоја работа, пазари (особено), трговски објекти, банки, кафулиња и јавни простори најчесто немаат паркинг места за велосипеди, а и кога имаат најчесто не се соодветни (мал број, несоодветен тип, мали димензии, лоша локација). Луѓето се соочуваат со проблемот да немаат каде безбедно да го паркираат велосипедот кога одат до некоја дестинација.

3. Каде најмногу фалат, низ кои делови на градот? Низ кои делови се најмногу потребни?

-Низ сите населби од градот каде што се движат велосипедисти. Дури и онаму каде што нема многу велосипедисти, добро е да ги има паркинг местата. Тие се знак дека институцијата/компанијата го признава велосипедскиот сообраќај и го поддржува и е отворена за оние посетители кои би дошле на точак. Кај нас има многу малку вело-пријателски институции и компании.

4. Каде, според вас, треба да бидат поставени и како да изгледаат?

-Држачите за велосипеди за привремено паркирање, треба да бидат поставени на видно место, покрај влез, каде што е проточно, на осветлено и пристапно место. Држачите треба да се високи за да не мора да се наведнуваме при заклучување и да може велосипедот да се заклучи за рамот, не само за тркалото кое може лесно да се извади од точакот. Профилот на шипката да биде доволно цврст за да се потпре на неа точакот и да не може лесно да се совлада од крадци. Во светот најчесто се користат варијации на стандардните П држачи (Шефилд).

 

5. Дали граѓаните се соочуваат со тешкотии да најдат соодветно место да го остават велосипедот и да го заклучат?

-Да, се соочуваат со тешкотии, не само во јавните простори и пред јавните институции набројани погоре, туку и во фирмите каде работат и во станбените згради каде живеат. За подолго „паркирање“(складирање) во период од повеќе часа, преку ноќ или повеќе дена, само држачи не вршат работа. Потребно е или место со надзор или затворен простор за складирање: посебна просторија или дел од подрум. Најчесто не се предвидени такви решенија, па луѓето се принудени да ги носат велосипедите по скали, во лифт (не може секој) и да ги заклучуваат за оградите во влезовите (небезбедно и непрактично) или да ги носат во стан (непрактично и нехигиенски), па демотивира секојдневно користење на велосипедот. Местата за паркирање и складирање на велосипеди мора да станат задолжителен дел од планот на една зграда (станбена, деловна, општествена) за да добие воопшто дозвола за градба.

6. Дали поради тоа што нема соодветни паркинзи за велосипеди, полесно е да се случи штета, односно да биде украден или оштетен велосипедот?

-Недостигот од паркинг местата не е единствениот фактор за кражбите, но има влијание. Убедени сме дека поголемиот број на соодветни паркинзи на соодветни локации и местата за складирање ќе влијаат позитивно и на безбедноста од кражба и на помала штета врз велосипедите и околината со импровизираното паркирање врз тревници, за дрвја итн.. А и ќе охрабрат многумина да почнат да го користат велосипедот како секојдневно превозно средство.

27 June, 2014

Меѓународен фестивал на велосипедски филмови

Датум: 02.07.2014, среда
Време: 21:00
Место: отворено плато, МКЦ
---------------------------------------------------------------------
Facebook настанлинк.
Рута: од таму кај што сте, до МКЦ, на точак :)
---------------------------------------------------------------------

банер за настанот 
[дизајн: Ника Гавровска]

МКЦ и НаТочак со здружени сили прават убав вело-настан! 
Бесплатна проекција на вело-филмови под отворено небо, на 2-ри јули од 21 часот на платото пред МКЦ.
Дојдете со точак да направиме седечка критична маса, а по кратките филмови да поуживаме во музика.

Филм, музика и точаци, тоа е нашето Скопје. 
---------------------------------------------------------------------

Меѓународниот фестивал на велосипедски филмови (The International Cycling Film Festival, http://www.cyclingfilms.de/) е непрофитен филмски фестивал кој се одржува еднаш годишно во два града во Европа – Херне, Германија и Ченстохова во Полска. Мисијата на фестивалот е да ја зајакне меѓународната соработка на полето на велосипедизмот преку филмови посветени на развојот велосипедската култура. Фестивалот има за цел да ја промовира интеракцијата помеѓу креаторите на ваквиот вид на активистички филмови и велосипедистите ширум светот. Досега, Меѓународниот фестивал на велосипедски филмови има прикажано повеќе од 150 кратки филмови во 30 земји ширум светот од неговото прво издание во 2006 година. Секоја година, повеќе од 20-ина филмови се натпреваруваат за наградата “Златен запчаник” за најдобар филм од гласовите од публика. Свој придонес кон фестивалот и неговото меѓународно етаблирање допринеле и браќата Нејстат, оскаровецот аниматор Мајкл Дудок, светски познатиот велосипедист Лукас Брунел и многу други светски филмски дејци. Фестивалот е под раководство на “Team Hollandse Frietjes”, организација за аматерски велосипедизам.
На последното издание на Меѓународниот фестивал на велосипедски филмови во 2013-та година биле прикажани повеќе од 17 филмови од 10 земји од светот.
За прв пат овој меѓународен фестивал, на иницијатива на Младинскиот културен центар и организацијата На Точак, ќе гостува со своја програма во Скопје. 

На 2-ри јули со почеток од 21 часот со бесплатни филмови на платото на МКЦ, музика со специјален гостин диџеј и дружење со гостите организатори од фестивалот, публиката ќе има можност повеќе да се запознае со ваквата активистичка форма на филмови кои директно придонесуваат кон развој на свеста за еколошкото и општествено добро од користењето на велосипедот како превозно средство.

Дојдете, да се дружиме и инспирираме. 
---------------------------------------------------------------------

Програма на настанот:

Rad
Dir. Jörn Staeger | Deutschland | 2001 |3’21” | German

A bicycle trip
Dir. Lorenzo Veracini, Nandini Nambiar, Marco Avoletta |Switzerland | 2008| English | 4’05”

The Cyclotrope Experiment
Dir. Tim Wheatley and Lee Chapman |United Kingdom | 2011 | No language | 2’27”

Viva la Crise!
Dir. Alexei Gubenco Romania | 2009 | 3’00 | no language

O Risco
Dir. José Pedro Lopes |Portugal | 2010 |Portuguese | English subtitles | 2’06”

Three-Legged Horses
Dir. Felipe Bustos Sierra |Scotland | 2012 |English | 19`00“

Eight-Minute Deadline
Dir. Zina Papadopoulou, Petros Papadopoulos |Greece | 2012 | No language | 7’50”

10 Thinks I Have Learned About Mountainbiking
Dir. Tom Malecha |Switzerland | 2011 |English | 5’00’’

Father and Daughter
Dir. Michael Dudok de Wit | Netherlands | 2000 |No language |8’00’’| German

Cycle of Love
Dir. Cat Marshall |USA | 2010 | 3’00’’ |No speaking, but English titles

Der trinkfahrer und der radfahrer
Dir. Andreas Gessl – Christoph Kaltenböck – Hannes Fattinger | Austria | 2007 |4’14” |No language

Doored in downtown
Dir. Sylvia Winkler/Stephan Köperl | Austria/Germany | 2004 | 2’30” |English, German subtitles

Music session DJ MONO

19 June, 2014

Критична маса #26: На корзо, на точак

Датум: 25.06.2014, последна среда во месецот
Почеток19:00, Плоштад Македонија
Крај: 20:30, МКЦ
---------------------------------------------------------------------
Промотивни материјалилинк.
Facebook настанлинк.
Руталинк.

---------------------------------------------------------------------
постерот за КМ 26
Секој може. На точак до работа, на точак на кафе, на точак на концерт, на шопинг, до банка, на пазар, на корзо, секаде и секој ден на точак!
Освен точак со браници, светла, ѕвонче и корпа ништо специјално не ти е неопходно од опрема за тебе или за точакот за низ град.
Урбан велосипедист не значи ни повеќе ни помалку од она што си ти, само со плус точак под себе. Се качуваш каков(а) што си и си вртиш! :) Практично е и просто е!  Како дотерани пешки, така и на точак!
         Точакот може да биде и дел од стилот на секој или едноставно обично превозно средство на кое ќе се чувстуваме удобно и ќе може да стигнеме било каде и било како облечени, како и со секој друг превоз. Точакот не е само играчка за деца и средство за спортување, тој може да биде интегрален дел од твоето секојдневие и од градскиот живот.
А градот со повеќе точаци е поопуштено место, со поубав воздух за дишење, поубави звуци за слушање, поубави глетки за гледање. Секој е убав на точак. На секој му стои точак. Почни да вртиш педали, увери се! :)

И дојди да прошетаме! Да ја почувствуваме убавината на возењето заедно во простор кој е наш и неокупиран, рамен и удобен, какви што сакаме да бидат и велосипедските патеки.
Да создадеме и оваа последна среда од месецот симболичен слободен простор со Критична маса и да ја искажеме потребата за реален таков во Скопје, за на точак, за секој ден!
Возењето точак е најопуштена активност на свет!
Дојди да го почувствуваме приквечерното летно ветре, да го доживееме одблиску градот. Да ги разубавиме улиците и да направиме да дишат подлабоко за момент.
Да направиме едно вело-корзо на 25-ти јуни, со почеток од 19:00 од плоштад Македонија.


Ќе возиме по следнава рута:


View Критична Маса #26 in a larger map

Слободно дотерајте се, и себе и точакот, како за корзо. ;)

---------------------------------------------------------------------


*** Секој учесник вози на своја одговорност.