НаТочак, заедно со уште 11 организации кои застанаа зад ставот против воведувањето на задолжителна употреба на заштитен шлем (кацига) при возење на велосипед, испрати допис до надлежните институции.
Текстот од дописот е целосно пренесен во овој блог- пост, а како документ е достапен на следниов линк.
Дописот е испратен до:
1. Министерство за транспорт и врски: Сектор за нормативно-правни работи, Сектор за Европска Унија, Сектор за уредување на просторот;
2. Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата;
3. Министерство за внатрешни работи;
4. Сектор за сообраќај на Град Скопје.
-------------------------------------------------------
Почитувани,
Би сакале да ви
се обратиме во врска со најавената измена на постоечката легислатива и
потенцијалното воведување на задолжителна употреба на заштитен шлем (кацига) за
велосипедисти за кое дознавме преку медиумите.
Како што
прочитавме во статијата на порталот www.denesen.mk:
http://denesen.mk/web/?p=261319
* предложени се измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, каде се
предлага задолжително носење заштитен шлем (кацига) и опремување
на велосипедите со рефлектирачка опрема.
Иницијативата НаТочак ги поздравува сите мерки кои се во прилог на зголемување на безбедноста на велосипедистите, но паралелно и зголемување на атрактивноста на велосипедот како превозно средство за нови корисници.
Сметаме дека воведувањето на заштитен шлем (кацига) како задолжителна опрема при користење на велосипедот како превозно средство е спротивно на заложбите за развој на велосипедскиот сообраќај.
Истражувајќи за темата, наидовме на многу податоци и научни студии, како и ставови од релевантни институции и организации за урбаниот велосипедизам кои не се во прилог на донесувањето обврзувачки прописи за користењето на заштитен шлем (кацига).
Со цел да се
задржи и поттикне позитивната тенденција на пораст на бројот на урбани
велосипедисти во градовите низ Македонија не треба да се создава атмосфера на
страв и слика дека велосипедот е небезбедно превозно средство, а градовите не
се безбедни за велосипедисти.
·
Заклучокот
од студијата во прилог е дека еден од поефективните начини да се подобри
безбедноста на пешаците и велосипедистите е да се зголеми нивниот број.
Задолжително носење на заштитен шлем (кацига) би делувало во спротивна насока.
http://injuryprevention.bmj.com/content/9/3/205.abstract
·
Задолжително
носење на заштитен шлем (кацига) го комплицира јавниот систем за изнајмување на
велосипеди. Управувачот на системот ќе мора да обезбедува и кациги за
изнајмувачите и нивно соодветно складирање и контрола.
Кон овој наш став во прилог се и ставовите
на две европски релевантни институции:
Наместо да ги
ублажуваме ефектите од евентуални сообраќајни незгоди со минимални заштитни
мерки како што е заштитен шлем (кацига) притоа правејќи штета на други полиња,
треба со соодветни мерки да оневозможиме тие судири да се случат:
1. Со вложување во соодветна издвоена
велосипедска инфраструктура на која движењето со велосипед е проточно,
безбедно и нема судир со моторен сообраќај од кој теоретски би требало да штити
заштитниот шлем и намалување на максималните дозволени брзини за моторните
возила во делови од градот каде нема услови да се раздвои велосипедскиот
сообраќај од моторниот;
2. Со подобрување на сообраќајната
едукација за сите учесници во сообраќајот, во формалното образование, но и
преку кампањи.
Тоа се мерките кои покажуваат резултати во
земјите со највисока безбедност на велосипедистите: Холандија и Данска. Таму
велосипедската кацига не е задолжителна.
Во
следната студија јасно може да се прочита дека земјите кои вовеле задолжително
носење на заштитен шлем (кацига) направиле поголема штета во развојот на
велосипедскиот сообраќај и безбедноста:
http://www.cyclehelmets.org/papers/c2034.pdf
Кога конечно имаме благ пораст на
интересот кај нашите сограѓани за користење на велосипедот како превозно
средство, да не одиме чекор назад со отежнување на легислативата за жртвите,
туку напред, преку константно подобрување на условите за возење велосипед.
Се надеваме ќе го земете предвид мислењето од овој документ зад кое
застанаа следните организации:
1. НаТочак
(Скопје)
2. Велосипедска федерација на Македонија
3. То4ак
4. Коалиција за одржлив развој
5. Гоу Грин
6. Еко-свест
7. Милиеуконтакт
Македонија
8. Еко Логик
9. Тетово на точак
10. Гостивар на
точак
11. Битола на точак
12. Прилеп на точак
-------------------------------------------------------------------
*„Денешен
Весник - Велосипедистите меѓу најранливите учесници во сообраќајот, вторник, 6
Мај 2014, 13:29