23 September, 2014

Possibility of Compulsory helmet law for all cyclists in Macedonia

NaTochak wrote a letter to the European Cyclists Federation to ask for support in the case of possible introduction of mandatory helmets for all cyclists.

Everyone that is able to contribute, please write us at: natochak@gmail.com
----------------------------------------------------------

НаТочак напиша писмо до Европската Велосипедска Федерација во кое бара поддршка во случајот со возможно воведување на задолжителна употреба на кацига за сите велосипедисти.
Секој кој што може да помогне на било кој начин, нека ни пише на: natochak@gmail.com

Текстот од писмото преведен на македонски е во долниот дел од бло-постот.

----------------------------------------------------------

Dear friends,

I am writing this letter on behalf of the NaTochak informal group from Skopje, Macedonia. We are one of the few Macedonian groups whose primary area of interest is urban cycling advocacy. We are unfortunately not an ECF member, but we actively work together with the City of Skopje administration, other municipalities in the capital, the Dutch embassy and other local organizations involved in similar areas. So far we have taken active participation at cycling conferences and festivals in the region, and we maintain good relations with the ECF member organizations in Serbia, Slovenia and Austria. We are writing this letter at the recommendation of Novosadska Biciklisticka Inicijativa (NSBI).
With this appeal we would like to ask you for support on an important issue. Namely, the Macedonian Government along with other institutions, including the Ministry of Transport and Communications, Ministry of Interior, National Council for Road Traffic Safety and the Ministry of Health, are currently campaigning for safety on the roads and simultaneously drafting a new Law on Road Traffic Safety. In May 2014, the newspapers began leaking information on some draft amendments to the Traffic Safety Law, according to which the proposed text included the introduction of mandatory helmets for all cyclists, supposedly to increase safety on the roads.
In the past two or three months we wrote letters to the relevant state institutions, also quoting ECF data on this issue and warning that this amendment would actually reduce the number of people using bicycles as a means of transport. In addition, we had a meeting with members of the principal institution responsible for the proposed amendments, the National Council for Road Traffic Safety. To our regret, it looks as though our objections and suggestions were not taken seriously.
In order to prevent the adoption of this amendment, we have actively circulated our doubts regarding ‘the helmet law’ by writing letters, organizing meetings with the authorities, personal lobbying, addressing the public through the media and public debates, as well as gathering support from organizations active in these areas.
We would like to ask you for an open letter of support – coming from your organization and its members – with a short explanation why the wearing of helmets should not be mandatory in both the city and on open roads. We are aware that you have already run a campaign entitled ‘Ask Me Why I Cycle without a Helmet,’ explaining a lot of things there, but we are confident that a direct letter of support will be much more valuable and effective in the local context.
Let us know if you need more information. Here is the English translation of the letter we have already sent to all relevant institutions: http://natochak.blogspot.com/2014/09/natochaks-position-on-mandatory-use-of.html

Thank you in advance for your time,

NaTochak
Skopje
Macedonia



P.S. Please keep us posted and put our email address in cc on any communication you may have with the aforementioned institutions
 
----------------------------------------------------------


Почитувани пријатели, 

Ви пишувам во име на неформалната група НаТочак, од Скопје, Македонија. Ние сме една од малубројните македонски групи чиј главен интерес е застапувањето на урбаниот велосипедизам. За жал, групата не е членка на Европската велосипедска федерација  (ECF), но активно соработуваме со администрацијата на Град Скопје, со останатите општини во главниот град, Холандската амасада и други локални здруженија кои работат во слични области. Досега активно сме учествувале на велосипедски фестивали и конференции во регионот, а одржуваме и добри односи со здруженијата-членки на ECF од Србија, Словенија и Австрија. Ова писмо ви го пишуваме по препорака на Novosadska Biciklisticka Inicijativa (NSBI).
Со овој апел би сакале да ја добиеме вашата поддршка во однос на едно важно прашање. Имено, Македонската влада, заедно со други институции меѓу кои: Министерството за транспорт и врски, Министерството за внатрешни работи, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Министерството за здравство, моментално се залагаат за безбедност на патиштата, истовремено подготвувајќи нов Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата. Во мај 2014г., во весниците почнаа да осамнуваат информации за некои нацрт-измени во Законот за безбедност во сообраќајот, според кои во предложениот текст беа вклучени задолжителни шлемови за сите велосипедисти, што наводно би ја зголемило безбедноста на патиштата. 
Во текот на изминатите два-три месеци, испративме писма до релевантните државни институции  во кои приложивме податоци од Европската велосипедска федерација во однос на ова прашање, предупредувајќи дека ваквата измена всушност ќе го намали бројот на корисници на велосипедот како превозно средство. Исто така одржавме и состанок со членовите на главната институција одговорна за предложените измени, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. За жал, се чинеше дека нашите забелешки и предлози не беа сфатени сериозно. 
Со цел да се спречи усвојувањето на оваа измена, активно ги искажувавме своите грижи во однос на „законот за задолжително носење шлем“ преку пишување писма, организирање состаноци со властите, лично лобирање, обраќања до јавноста преку медиуми и јавни дебати, како и апели за поддршка од здруженијата активни во овие области. 
Би сакале да ве замолиме за отворено писмо за поддршка - од страна на вашето здружение и неговите членови – со кратко објаснување за причините поради кои носењето шлем не треба да биде задолжително ниту во градот, ниту на патиштата. Информирани сме дека веќе сте спровеле кампања под наслов „Прашај ме зошто возам велосипед без шлем“ во која објаснувате многу работи, но уверени сме дека едно директно писмо за поддршка ќе биде многу поефективно и од многу поголема важност во нашиот локален контекст.
Доколку ви се потребни дополнителни информации, ве молиме контактирајте нè. Во продолжение е преводот на англиски на писмото кое веќе го испративме до сите релевантни институции:

Ви благодарам однапред за издвоеното време, 

НаТочак
Скопје
Македонија

P.S. За да бидеме во тек, ве молам нашиот e-mail да го ставите во cc при било каква комуникација со горенаведените институции.

ПРЕДИЗВИК: На работа, на точак (Скопје)

 
НаТочак се приклучува на регионалниот предизвик Bike to work / Biciklom na posao / На работа на точак.



Што значи тоа?
Од 22-ри септември до 1-ви октомври се предизвикуваме едни со други (и најважно себе, ако веќе не го правиме тоа) да пробаме седмица и пол да одиме на работа, на факултет, на школо и каде и да треба да стигнеме низ градот, на точак! 
Да видиме како изгледа секојдневниот живот кога точак ни е основно превозно средство.
Доколку веќе го користиш точакот секојдневно, сподели го своето досегашно искуство, може да ги мотивираш останатите.
Доколку знаеш нечија интересна приказна, сподели ја! 

Facebook-настанот нека послужи како место каде ќе ги споделиме искуствата: 
(прашањата служат за поттик)
-Како патуваше, со каков точак: градски или спортски, со каква облека и опрема? Имаш ли потреба од додатоци на точакот?
-Каква разлика почувствува? Како е да се патува на точак низ градот? Каква беше интеракцијата со околината?
-Споделување фотографии од искуството или некоја занимливост.

Исто така, можеш да ни пишеш во облик на коментар на овој блог-пост или да го користиш хаштагот за споделување: #НаРаботаНаТочак на социјалните медиуми.

Биди дел од предизвикот! 
Да ја шириме едноставната, а моќна идеја дека точак е превозно средство.
-----------------------------------
Регионалниот предизвик “Bike to work” (На работа на точак) е целосно непрофитен, спонтано договорен и афирмиран настан кој го поддржуваат организации од регионот: Srbija (Novosadska Biciklistička Inicijativa, UG Ulice za bicikliste, Niška saobraćajna unija, Vozi Ulice), Crna Gora (Biciklo.me), Makedonija (НаТочак), Slovenija (Ljubljanska kolesarska mreža), Hrvatska (Bike My Day), Bosna i Hercegovina (Centar za životnu sredinu / Center for Environment), Mađarska (Magyar Kerékpárosklub)

Поддржи го и ти! :)

20 September, 2014

Критична маса #29: Простор за сите!

ДатумСреда, 24.09.2014
Почеток17:30, Плоштад Македонија
Крај: Плоштад Филип II
---------------------------------------------------------------------
Facebook настанлинк

Промотивни материјалилинк
Рута
http://goo.gl/WsrOXk
---------------------------------------------------------------------
Постерот за КМ#29: "Простор за сите!"

Простор за сите!

Автомобилите на пешачка патека, пешаците на велосипедска, велосипедистите на коловоз… Секојдневие во Скопје. Збунети пешаци, незбезбедни велосипедисти, нервозни возачи. Невозможно да се излезе од дома за оние кои се движат со помош на количка. Конфликти насекаде. Сите сме во иста каша.

Излез има. Комплетни улици!
Улици кои нема да бидат дизајнирани и користени само со автомобилот во фокус,  туку кои ќе овозможат, безбедно, практично и удобно патување и пристап за сите учесници во сообраќајот од сите возрасти и со сите способности, без разлика дали патуваат со автомобил, со автобус, со точак, пешки, со инвалидска количка.
Патека за сите типови учесници и дизајн според нивните потреби.
Придобивките од комплетни улици се подобрена општа безбедност, подобрено општо здравје, економски и еколошки придобивки за градот.

Бараме патеките кои веќе се испланирани со одредена намена: велосипедски или пешачки, да им се вратат на велосипедистите и пешаците!
Новите улици, булевари, кружни текови и други сообраќајни решенија кои се планираат, бараме да ги земат предвид и другите типови транспорт, а не само индивидуалниот моторизиран!
Кога се извршуваат градежни работи, да не се води сметка само да пројдат автомобилите, туку да се најде решение безбедно да пројдат и пешаците и велосипедистите!

Улиците кои во начинот на функционирање ги земаат предвид и немоторизираните учесници (најранливите) со: издвоени патеки, добро решени свртувања и преминувања, автобуски постојки и паркирани возила кои не се во конфликт со велосипедскиот сообраќај, проточност за тркалата на количките...ги намалуваат судирите и повредите на ранливите учесници до 88%.
Воведувањето (почитувањето) на издвоени велосипедски патеки придонесува не само за поголема проточност и безбедност на велосипедистите, туку за зголемена проточност и безбедност на сите! Не само задоволство кај велосипедистите, туку задоволство и кај возачите на автомобили.

Нема хендикипирани лица, има хендикипирани улици.
Нема ранливи учесници во сообраќајот, има ранливи услови.
Задолжителната кацига нема да ги намали конфликтите на улица, подобрите сообраќајни решенија и спроведување на законите ќе ги намалат.

Не сакаме ранлив град со конфликти на улица, со небезбедни услови.
Сакаме град каде секој ќе се движи комотно и безбедно!
Сакаме Скопје со комплетни улици, со почит за секој учесник во сообраќајот.
Секој од нас понекогаш е и пешак, и велосипедист и возач.
Ги знаеме проблемите. Сакаме ПРОСТОР ЗА СИТЕ!

Ќе возиме во различни средини со различни проблеми.
  • Прво на кеј каде во секојдневното возење се среќаваме со проблемот: мопеди и пешаци на велосипедската патека
  • Во дел ќе поминеме по улица на која нема велосипедска патека
  • Главниот дел од движењето ќе биде на Партизанска која иако оригинално е испланирана како улица за сите видови сообраќај, во начинот на функционирање, ги сумира сите сообраќајни проблеми во Скопје: особено непријатна за пешаци и велосипедисти.

View Критична Маса 29 in a larger map

Се гледаме! Ѕрн ѕрн.
--------------------------------------------------------------
*** Секој учесник вози на своја одговорност.

Промотивни материјали - #КМ29

Промотивните материјали од овој блог- пост може слободно (пожелно е) да се споделуваат, печатат, да се лепат на соодветни локации во градот, да се користат во рамки на објави за настанот или како линкови.
Однапред ви благодариме на сите за помагањето да се прошири информацијата за Критична маса #29.
Огромно фала до Ивана за придонесот кон Критична маса со изработка на интересните илустрации и дизајн за овие материјали. :)

МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ
  • постери и флаери 
-Постер (А3, во боја) верзија за печатење: линк.
-Флаер (4 на А4, црно-бело) верзија за печатење: предна страна - линк, задна страна - линк.

       Постерот за КМ 29 - верзија за веб и печатење         

флаерот за КМ 29, предна и задна страна, верзија за веб
 

МАТЕРИЈАЛИ ЗА ВЕБ
  • банери Подолу следува преглед на банерите. Кодови на следниот линк.
веб-банер 500x500 (А)

веб-банер 500x500 (Б)

веб-банер 300x250

веб-банер 990x80

веб-банер 960x180

веб-банер 851x315 (Facebook cover)
 

веб-банер 3125x1042 (Twitter cover)
 

16 September, 2014

NaTochak's position on the mandatory use of protective bicycle helmets

NaTochak and eleven other organizations firmly believe that the mandatory use of protective bicycle helmets should not be introduced in Macedonia, and have sent a letter to all responsible institutions.

The text of this letter is quoted in full in this blog/post.

The letter was sent to:

1. The Ministry of Transport and Communications: Department for Normative, Legal and Administrative Affairs, Department for the European Union, Department for Spatial Management,
2. The National Council for Road Traffic Safety,
3. The Ministry of Interior,
4. The Traffic Department of the City of Skopje.

(Also the letter in Macedonian here)

Dear Sir/Madam,

We would like to bring your attention to the proposed changes in the existing legislation and possible introduction of mandatory bicycle helmets, according to some Macedonian media.
From what we could read in this article in the Denesen newspaper, http://denesen.mk/web/?p=261319amendments have been proposed to the Law on Traffic Road Safety, according to which the wearing of a protective bicycle helmet is to be made mandatory in addition to the requirement for a proper reflecting light equipment on bicycles.
The NaTochak (OnBike) initiative welcomes all measures aimed at enhancing the safety of cyclists and at the same time increasing the appeal of the bicycle as a means of transport for new cyclists.
We believe that the introduction of a required protective helmet when using the bicycle as a means of transport runs contrary to the efforts for increasing its share in traffic.
Looking into this subject, we have came across a lot of data and scientific studies as well as views by relevant institutions and organizations for urban cycling not favouring regulations for a mandatory use of bicycle helmets.
In order to maintain and promote the positive trend of a rising number of cyclists in cities throughout Macedonia, an atmosphere of fear should not be created and bicycles should not be perceived as an unsafe means of transport, or cities as not being safe for cyclists.
The proposed required protective helmet will definitely lead to a fall in the number of active cyclists and create a picture among potential cyclists that cycling is dangerous.
·         Cyclists are not more prone to major head injuries than car drivers and pedestrians, while these are not required to wear helmets.
http://www.howiechong.com/journal/2014/2/bike-helmets?fb_action_ids=10152475821825864&fb_action_types=og.likes#.U9Dd5ZSSyLh h
·         The conclusion of the aforementioned study is that one of the more effective ways of improving the safety of pedestrians and cyclists is by increasing their number. The mandatory use of helmets would run contrary to that goal.
http://injuryprevention.bmj.com/content/9/3/205.abstract

·         The mandatory use of helmets only complicates the public bicycle renting system. The management of that system also has to provide those renting bicycles with helmets as well as their proper storage and control.
           
Our concerns are also supported by the views of two relevant European institutions:

     The European Cycling Federation, the highest authority on urban cycling in Europe and the world, recommends, based on extensive research, that no regulations on the mandatory use of protective helmets should be introduced:
http://www.ecf.com/advocary/road-safety/helmets-and-reflective-vests/

Rather than mitigate the effects of possible accidents with minimum safeguards such as the helmet while causing damage in other fields, we should take appropriate measures to prevent these accidents from happening in the first place:

1. By investing in a separate and proper cycling infrastructure that will permit free-flowing bicycle traffic, safe and not conflicting with motor vehicle traffic, from which the helmet should only be a theoretical protection, and reducing the speed limits for motor vehicles in parts of the city where it is impossible to separate cycling from motor vehicle traffic;

2. By promoting traffic education programmes for all participants in traffic, through both formal education and campaigns.

These measures have proved successful in countries known for the highest safety of their cyclists – in the Netherlands and Denmark. Bicycle helmets are not mandatory there.

In the following study we can clearly see that both the development of bicycle traffic and safety have suffered in the countries introducing the mandatory use of bicycle helmets:
http://www.cyclehelmets.org/papers/c2034.pdf

Now that there has been at least a slight increase in the interest among our fellow citizens in the bicycle as a means of transport, let us not take a step back by complicating the legislation on potential victims. Let us move forward by improving cycling conditions on a long-term basis.

We sincerely hope that you will consider the views expressed in this document which is supported by the following organizations:
  
1. NaTochak (OnBike), Skopje
2. Macedonian Bicycle Federation
3. To4ak (Bike)
4. Coalition for Sustainable Development
5. Go Green
6. Eco Awareness
7. Milieukontakt Macedonia
8. Eco Logic
9. Tetovo on Bike
10. Gostivar on Bike
11. Bitola on Bike
12. Prilep on Bike

22 August, 2014

Критична маса #28: Повеќе патеки, помалку несреќи!

Датум: 27.08.2014, последна среда во месецот
Почеток17:30, Плоштад Македонија
Крај: 19:00, Пикник во парк шума Гази Баба
---------------------------------------------------------------------
Facebook настан: линк

Промотивни материјали: линк
Рута
http://goo.gl/dVuP1r
---------------------------------------------------------------------
Постерот за КМ 28
Колку пати ви се случило да излезете со точак и да смислувате различни рути како да стигнете до одредено место за да го избегнете градскиот метеж? И на крај единствена опција за тоа ви е кејот на Вардар или можеби буткање низ локалните улички.
Зар не ви е здосадено да мора да се симнувате и качувате од велосипедска патека затоа што истата е со дупки, има поставено канти, знаци, паркирани коли или воопшто ја нема?

Скопје има велосипедисти и сака квалитетни вело патеки! Сакаме да одиме на точак до работа, до продавница, да ги пратиме децата на точак до школо и при тоа да бидеме сигурни дека се безбедни. Имаме право да возиме на безбедни велосипедски патеки! 

Повеќе велосипедски патеки значат:
  • Возачите и пешаците да не мора да се грижат дека неочекувано ќе им се појави велосипедист на патот
  • Помала веројатност на судири
  • Драстично помал број на повреди на велосипедисти
  • Повеќе велосипедисти
Ги бараме и поздравуваме следните  мерки за зголемување на безбедноста на велосипедистите и зголемување на комоцијата и привлечноста на возење точак во градот:
  1.  Реконструкција на цела постоечка велосипедска инфраструктура. Скопје има колку-толку 60-ина километри велосипедски патеки, кои мора да се доведат во одлична форма! 
  2. Велосипедски патеки на секој нов булевар. Да нема новоизграден булевар или поголема улица која ќе нема велосипедски патеки по стандарди! Улиците кои не го земаат предвид овој тип на сообраќај не се комплетни!
  3. Воведување на зони 30. Станбените населби да станат места во кои децата ќе може безбедно и самостојно да одат на школо пешки или на точак. Да се воведат зони со намалена ограничена брзина
  4. Нулта толеранција за возилата кои се паркираат на велосипедските и пешачките патеки. Пешаците и велосипедистите имаат право да ги користат местата планирани за нив и да не се принудени да се симнуваат на коловоз.
Кацигата можеби ќе ублажи незначителен процент од сообраќајните судири, но инфраструктурата ќе оневозможи и воопшто да се случат! Кацигата ќе го обесхрабри користењето на велосипедот, а инфраструктурата ќе охрабри нови велосипедисти! 

Бројот на велосипедисти во Скопје полека, но прекрасно расте. Да ја поддржиме тенденцијата. Скопје заслужува подобра велосипедска инфраструктура!

Дојдете во последната среда од месец август, на 28-та по ред Критична маса да покажеме дека го сакаме Скопје безбедно за точаци! Во 17.30 се чекаме на Плоштад Македонија.

View Критична маса #28 in a larger map

Завршуваме во преубавиот Гази Баба парк каде што ќе имаме пикник кој ќе биде проследен со зајдисонце (се’ e испланирано :)). Доколку сакате земете си чаршавчиња и по некоја топка. Ви предлагаме да си земете и нешто за јадење и пиење затоа што во близина нема продавничка. 

Се гледаме! Ѕрн ѕрн.
--------------------------------------------------------------
*** Секој учесник вози на своја одговорност.

Промотивни материјали - #KM28

[дизајн: Петар Антевски]
Промотивните материјали од овој блог- пост може слободно да се споделуваат, печатат, да се лепат на соодветни локации во градот, да се користат во рамки на објави за настанот или како линкови. 
Однапред ви благодариме на сите за помагањето да се прошири информацијата за Критична маса #28.
А на Петар му благодариме за досетливиот дизајн и сработувањето на овие материјали како придонес за Критичната маса во нашиот град. :)

МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ
  • постери и флаери 

-Постер (А3, во боја) верзија за печатење: линк.
постерот за КМ 28, верзија за веб и печатење
флаерот за КМ 28, предна страна, верзија за веб и печатење
флаерот за КМ 28, задна страна, верзија за веб и печатење
МАТЕРИЈАЛИ ЗА ВЕБ
  • банери Подолу следува преглед на банерите. Кодови на следниот линк.

веб-банер 500x500
веб-банер 300х250


веб-банер 980x160


веб-банер 990x80

веб-банер 851x315 (Facebook cover)
веб-банер 3125x1042 (Twitter cover)