После најавената стратегија на Град Скопје за претворање на Скопје во велосипедски град (преамбициозно име за проект кој не го става велосипедот на прво место, туку само обезбедува одредени патеки), ја добивме мапата од Карлсруе за споредба на велосипедската мрежа меѓу двата града, а потоа и следниов мејл од Александар Иванов, Македонец кој живее таму. Прочитајте.
НаТочак, исто така, спрема мислење кое ќе го достави до Град Скопје за оваа стратегија.
Се согласуваме дека мора да се почне од некаде, а тоа е реконструкција на она што веќе го имаме (постоечките велосипедски патеки), но за да се нарече еден град велосипедски, потребно е многу, многу повеќе од тоа.
Велосипедската мрежа на Karlsruhe |
Планираната велосипедска мрежа на Скопје за 2017-та |
-------------------------------------------
Aleksandar Ivanov
6 December
Благодарам на одговорот,
јас не живеам во Скопје во моментов, но во Скопје поминав 6 години како студент од крајот на 90 ите до некаде 2005 сите години ги поминав на велосипед во време кога велосипедот беше раритет и немаше ниту една велосипедска патека. Затоа многу добро ми се познати потенцијалите на Скопје и правам се што е во мојата моќ да со апели и идеи да допрам до ушите на надлежните. Истовремено во моментов живеам во Карлсруе, град кој има многу добро решена велосипедска инфраструктура. Слушајќи го градоначалникот Коце Трајановски ( кој навистина поради неговото залагање го почитувам ) можам да заклучам дека луѓето инволвирани во оваа проблематика немат никакви познавања ниту пак визија во кој правец треба да се движат сообраќајните решенија во Скопје. Со други зборови не може од една страна да се зборува дека ќе развиваме велосипедски град со тоа што прво ќе се изгради инфраструктурата за автомобилите, па после паралелно со нив ако има простор се гради и велосипедската инфраструктура. Исто така битно е да се разбере за да се возат велосипеди, истите треба да имат некаква предност. Пред се да имат можност да се движат побзо во централното градско подрачје. Со други зборови ништо нема да се добие ако велосипедските патеки се прават исклучиво покрај булевари. Мора да се барат решенија каде движењето со велосипед ќе биде ексклузивно право. Затоа централното градско подрачје (големиот ринг) треба да биде така решен што улиците ќе можат да се користат само како сервисини и брзната на движење би требало да биде ограничена на 20 до 30 км на час. Ова ќе даде огромна предност на оние што користат велосипеди и многу луѓе не само од љубов или еколошка свест туку од практични причини ќе поминат од автомобил на велосипед. Треба на секој да му биде јасно дека зголемување на бројот на велосипедисти е најчесто базиран врз практични причини. Од тука тврдам дека огромна грешка се прави со идејата за проширување на ДАМЕ ГРУЕВ во булевар. Тоа е екстремно лошо решение. Идејата ДИМИТРИЈА ЧУПОВСКИ да се претвори во пешачка зона е добра и ја подржувам. Но со проширувањето на ДАМЕ ГРУЕВ всушност придобивката од ДИМИТРИЈА ЧУПОВСКИ се неутрализира затоа што повторно ќе имаме транзитен булевар во самиот центар. Затоа апелирам до вас. Обидете се да допрете до градоначаликот, обидете се да му образложите дека во центарот на градот не треба да има транзитни булевари. Јужен Булевар и Булевар Гоце Делчев се сосема доволни. И дека со претворањето на центарот во пешачко велосипедска зона (со можност за користење од градскиот сообраќај и како сервисни улички да се дојде до паркинг, достава на роба и слично) ќе се постигне една огромна цел, а тоа е помасовно користење на велосипедите.
П.С. Јас би бил пресреќен кога некој од град Скопје би бил во можност да дојде и да посети Карлсруе за со свои очи да се убеди што значи центар во радиус од 2 километри комплетно ослободен од транзитирање на автомобили. Оттука еве оваа покана може да им ја пренесете ако некогаш со нив седнете на маса.
Поздрав,
Александар Иванов
Продолжение
-------------------------------------------
Aleksandar Ivanov
6 December