27 June, 2014

Меѓународен фестивал на велосипедски филмови

Датум: 02.07.2014, среда
Време: 21:00
Место: отворено плато, МКЦ
---------------------------------------------------------------------
Facebook настанлинк.
Рута: од таму кај што сте, до МКЦ, на точак :)
---------------------------------------------------------------------

банер за настанот 
[дизајн: Ника Гавровска]

МКЦ и НаТочак со здружени сили прават убав вело-настан! 
Бесплатна проекција на вело-филмови под отворено небо, на 2-ри јули од 21 часот на платото пред МКЦ.
Дојдете со точак да направиме седечка критична маса, а по кратките филмови да поуживаме во музика.

Филм, музика и точаци, тоа е нашето Скопје. 
---------------------------------------------------------------------

Меѓународниот фестивал на велосипедски филмови (The International Cycling Film Festival, http://www.cyclingfilms.de/) е непрофитен филмски фестивал кој се одржува еднаш годишно во два града во Европа – Херне, Германија и Ченстохова во Полска. Мисијата на фестивалот е да ја зајакне меѓународната соработка на полето на велосипедизмот преку филмови посветени на развојот велосипедската култура. Фестивалот има за цел да ја промовира интеракцијата помеѓу креаторите на ваквиот вид на активистички филмови и велосипедистите ширум светот. Досега, Меѓународниот фестивал на велосипедски филмови има прикажано повеќе од 150 кратки филмови во 30 земји ширум светот од неговото прво издание во 2006 година. Секоја година, повеќе од 20-ина филмови се натпреваруваат за наградата “Златен запчаник” за најдобар филм од гласовите од публика. Свој придонес кон фестивалот и неговото меѓународно етаблирање допринеле и браќата Нејстат, оскаровецот аниматор Мајкл Дудок, светски познатиот велосипедист Лукас Брунел и многу други светски филмски дејци. Фестивалот е под раководство на “Team Hollandse Frietjes”, организација за аматерски велосипедизам.
На последното издание на Меѓународниот фестивал на велосипедски филмови во 2013-та година биле прикажани повеќе од 17 филмови од 10 земји од светот.
За прв пат овој меѓународен фестивал, на иницијатива на Младинскиот културен центар и организацијата На Точак, ќе гостува со своја програма во Скопје. 

На 2-ри јули со почеток од 21 часот со бесплатни филмови на платото на МКЦ, музика со специјален гостин диџеј и дружење со гостите организатори од фестивалот, публиката ќе има можност повеќе да се запознае со ваквата активистичка форма на филмови кои директно придонесуваат кон развој на свеста за еколошкото и општествено добро од користењето на велосипедот како превозно средство.

Дојдете, да се дружиме и инспирираме. 
---------------------------------------------------------------------

Програма на настанот:

Rad
Dir. Jörn Staeger | Deutschland | 2001 |3’21” | German

A bicycle trip
Dir. Lorenzo Veracini, Nandini Nambiar, Marco Avoletta |Switzerland | 2008| English | 4’05”

The Cyclotrope Experiment
Dir. Tim Wheatley and Lee Chapman |United Kingdom | 2011 | No language | 2’27”

Viva la Crise!
Dir. Alexei Gubenco Romania | 2009 | 3’00 | no language

O Risco
Dir. José Pedro Lopes |Portugal | 2010 |Portuguese | English subtitles | 2’06”

Three-Legged Horses
Dir. Felipe Bustos Sierra |Scotland | 2012 |English | 19`00“

Eight-Minute Deadline
Dir. Zina Papadopoulou, Petros Papadopoulos |Greece | 2012 | No language | 7’50”

10 Thinks I Have Learned About Mountainbiking
Dir. Tom Malecha |Switzerland | 2011 |English | 5’00’’

Father and Daughter
Dir. Michael Dudok de Wit | Netherlands | 2000 |No language |8’00’’| German

Cycle of Love
Dir. Cat Marshall |USA | 2010 | 3’00’’ |No speaking, but English titles

Der trinkfahrer und der radfahrer
Dir. Andreas Gessl – Christoph Kaltenböck – Hannes Fattinger | Austria | 2007 |4’14” |No language

Doored in downtown
Dir. Sylvia Winkler/Stephan Köperl | Austria/Germany | 2004 | 2’30” |English, German subtitles

Music session DJ MONO

19 June, 2014

Критична маса #26: На корзо, на точак

Датум: 25.06.2014, последна среда во месецот
Почеток19:00, Плоштад Македонија
Крај: 20:30, МКЦ
---------------------------------------------------------------------
Промотивни материјалилинк.
Facebook настанлинк.
Руталинк.

---------------------------------------------------------------------
постерот за КМ 26
Секој може. На точак до работа, на точак на кафе, на точак на концерт, на шопинг, до банка, на пазар, на корзо, секаде и секој ден на точак!
Освен точак со браници, светла, ѕвонче и корпа ништо специјално не ти е неопходно од опрема за тебе или за точакот за низ град.
Урбан велосипедист не значи ни повеќе ни помалку од она што си ти, само со плус точак под себе. Се качуваш каков(а) што си и си вртиш! :) Практично е и просто е!  Како дотерани пешки, така и на точак!
         Точакот може да биде и дел од стилот на секој или едноставно обично превозно средство на кое ќе се чувстуваме удобно и ќе може да стигнеме било каде и било како облечени, како и со секој друг превоз. Точакот не е само играчка за деца и средство за спортување, тој може да биде интегрален дел од твоето секојдневие и од градскиот живот.
А градот со повеќе точаци е поопуштено место, со поубав воздух за дишење, поубави звуци за слушање, поубави глетки за гледање. Секој е убав на точак. На секој му стои точак. Почни да вртиш педали, увери се! :)

И дојди да прошетаме! Да ја почувствуваме убавината на возењето заедно во простор кој е наш и неокупиран, рамен и удобен, какви што сакаме да бидат и велосипедските патеки.
Да создадеме и оваа последна среда од месецот симболичен слободен простор со Критична маса и да ја искажеме потребата за реален таков во Скопје, за на точак, за секој ден!
Возењето точак е најопуштена активност на свет!
Дојди да го почувствуваме приквечерното летно ветре, да го доживееме одблиску градот. Да ги разубавиме улиците и да направиме да дишат подлабоко за момент.
Да направиме едно вело-корзо на 25-ти јуни, со почеток од 19:00 од плоштад Македонија.


Ќе возиме по следнава рута:


View Критична Маса #26 in a larger map

Слободно дотерајте се, и себе и точакот, како за корзо. ;)

---------------------------------------------------------------------


*** Секој учесник вози на своја одговорност.

Промотивни материјали - #КМ26

[дизајн: Елена Ѓорѓиевска]

Промотивните материјали од овој блог- пост може слободно да се споделуваат, печатат, да се лепат на соодветни локации во градот, да се користат во рамки на објави за настанот или како линкови. 

Однапред ви благодариме на сите за помагањето да се прошири информацијата за Критична маса #26
А на Елена ѝ благодариме за шик дизајнот и сработувањето на овие материјали како придонес за Критичната маса во нашиот град.

МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ
  • постери и флаери 
-Постер (А3, во боја) верзија за печатење: линк.
-Флаер (4 на А4, црно-бело) верзија за печатење, предна и задна страна: линк.

постерот за КМ 26, верзија за веб
флаерот за КМ 26, предна страна, верзија за веб
флаерот за КМ 26, задна страна, верзија за веб
МАТЕРИЈАЛИ ЗА ВЕБ
  • банери Подолу следува преглед на банерите. Кодови на следниот линк.
веб-банер 300x250
веб-банер 300x250
веб-банер 500x500
веб-банер 520x260 (Twitter cover)
веб-банер 851x315 (Facebook cover)
веб-банер 980x100
веб-банер 990x80
аватар 180x180

05 June, 2014

Мислење од НаТочак за субвенционирањето на велосипеди од Општина Центар

  Можеби се сеќавате, во 2013-та направивме „Велосипедска анализа на програмите на кандидатите за градоначалници на град Скопје и скопските општини на локалните избори“. Во програмата постои мерката за субвенционирање на купувањето велосипеди. (целосната анализа ја има тука).Тогаш само не беше спомнато ограничувањето на колкав број жители и сума ќе се однесува субвенцијата. 
Прашањата кои се отвораат се: колкав број од велосипедите навистина ќе останат во Центар и колкав број реално (поради моменталните услови) ќе се користат како превозно средство? За она за кое се залагаме, сеедно е каде ќе се возат, поважно е да се обезбедат услови за нивно користење.
  Во прилог на тие заложби за зголемување на бројот на урбани велосипедисти на улиците, кои веруваме ги делиме со општина Центар, наше мислење е дека има поприоритетни активности кои треба да се преземат. На прв поглед, потегот е сосема на место, но треба прво да се среди куќата, па да се поканат гости, народски речено.
Каде општина Центар ги кани да сообраќаат овие велосипеди? По која велосипедска инфраструктура? По кои слеани рабници? Со која сообраќајна култура? За поздравување е на пример што Општина Центар поставува квалитетни држачи за велосипеди на сите новоуредени урбани простори. Бидејќи проблемите поврзуваат различни ингеренции, Општина Центар и другите скопски општини во соработка со Град Скопје, МВР и другите надлежни институции треба да поработат и на другите недостатоци во инфраструктурата: да се ослободат велосипедските патеки од паркирани возила, да се реконструираат и означат, заеднички да се осмисли проширување на мрежата, да се изградат нови патеки, да се воведат „зони 30“.
  Го охрабруваме подигнувањето на вниманието кон велосипедистите и пораката што Општина Центар ја праќа со потегов дека е заинтересирана да го поддржи урбаниот велосипедизам. Потегот може да отвори и дебата за тоа кои се навистина проблемите во нашите општини и град Скопје, кои се причините поради кои граѓаните не користат помасовно велосипед (Ретко причината е дека не поседуваат. Не сите кои веќе поседуваат возат.) и да се насочат мерките на сите одговорни институции кон решавање токму на тие проблеми. 
       Ако сакаме коренити промени во квалитетот на живот во нашиот град, мора да го сфатиме посериозно градскиот велосипедизам и коренито да ги промениме условите за велосипедскиот сообраќај.

23 May, 2014

Промотивни материјали - #КМ25

[дизајн: Таби Азири]

Промотивните материјали од овој блог- пост може слободно да се споделуваат, печатат, да се лепат на соодветни локации во градот, да се користат во рамки на објави за настанот или како линкови. 
Однапред ви благодариме на сите за помагањето да се прошири информацијата за Критична маса #25.
А на Таби му благодариме за веселиот роденденски дизајн и сработувањето на овие материјали како придонес за Критичната маса во нашиот град.

МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ
  • постери и флаери 
Постер (А3, во боја) верзија за печатење: линк.
Флаер (А5, црно-бело) верзија за печатење, предна страна: линк.
Флаер (А5, црно-бело) верзија за печатење, задна страна: линк.
постерот за КМ 25, верзија за веб
флаерот за КМ 25, предна страна, верзија за веб
флаерот за КМ 25, задна страна, верзија за веб
МАТЕРИЈАЛИ ЗА ВЕБ
  • банери Подолу следува преглед на банерите Кодови на следниот линк.
веб-банер 300x250
веб-банер 300x250
веб-банер 500x500
веб-банер 900x800
веб-банер 980x750
веб-банер 980x100
веб-банер 990x80
  • банери за социјални мрежи
    веб-банер со бендови 851x315
    веб-банер 851x315
    веб-банер 851x315 (FB cover)
аватар, 180x180

Критична маса #25: Хепи точак ту ју!



Датум: 28.05.2014, последна среда во месецот
Тргнување17:30, Плоштад Македонија
Забава: 19:00, Паркот со авиончето, Аеродром -> променето -> Школка, Градски Парк
--------------------------------------------------------------
Промотивни материјалилинк.
Facebook настанлинк.
Руталинк.

--------------------------------------------------------------
постерот за КМ 25
Се сеќавате на првата Критична Маса кога се изненадивме колку не’ има: сограѓани на точак кои имаат потреба да се искаже глас за нешто поинакво? А на првиот роденден пред МКЦ? На вашето омилено возење? На оној пат кога видовте точак каков што сакате и вие, или на некој постар посветен господин кој возел со нас, кога видовме куче како не’ прати во текот на целото возење...

Дојде време да го прославиме вториот роденден!

Дваесет и четири пати масовно возевме по скопските улици, на дваесет и четири различни теми во врска со урбаниот велосипедизам. Критикувавме, мотивиравме, пишувавме пријави, едуциравме. 
Критична Маса немаше да опстане без секој еден од вас, ако одите со велосипед на работа, ако ги поддржувате вашите блиски да се обидат да го користат велосипедот почесто, ако сте имале ситуација да едуцирате некој пешак или возач на автомобил затоа што ви се нашол на патот, ако сте учествувале во акции, ако сте го славеле возењето точак!
Овој роденден го посветуваме на вас и на сите оние кои имаат удел во подигнување на вело-културата во Скопје. Ги поддржуваме и оние кои се посветени на велосипедизмот, кои почнале свој бизнис поврзан со точаци и го прават градот поубаво место за живеење!
Ќе славиме во Градски Парк кај Школка, со музика, штандови и дизајни од точакољупци и со сите нас што делиме една иста цел! Ќе не' забавуваат роденденски:

1. DJ Torta
2. Палиндром
3. Шутка Рома Рап
4. DJ Чваре

Кон забавата ќе не' одвози следнава рута:


View Рута КМ25 in a larger map

Дотерајте се во светли и весели бои и себе и точакот, напишете и некоја велосипедска порака и се гледаме на второ-роденденското возење!
Да бидеме видливи, гласни, многубројни!

Хепи точак ту ју!
--------------------------------------------------------------


*** Секој учесник вози на своја одговорност.

07 May, 2014

Предлог до ЈП Градски Паркинг за нови локации за рент-станици и држачи-паркинзи за велосипеди

Со цел подобро да се запознаеме со јавниот систем за изнајмување на велосипеди и да ги пренесеме нашите согледувања во врска со него, упативме барање за состанок до ЈП Градски Паркинг во чија надлежност е системот.

Средбата се одржа на 23-ти април 2014 г. во просториите на ЈП Градски Паркинг. 
Беа присутни претставници од НаТочак, Град Скопје и ЈП Градски Паркинг. 

На средбата ги претставивме нашите сознанија и искуства во врска со системот за изнајмување велосипеди.
Како предност ги истакнавме: достапната цена и релативно лесната процедура, а како најголем недостаток: нередовното одржување и малиот број на станици, односно бавниот развој на системот кој функционира од 2009-та година. 
Исто така, беше спомната можноста за воведувањето на автоматизиран систем во иднина.

На состанокот е договорено: врз база на дадениот список од паркинзи во владение на Градски Паркинг, НаТочак да издвои (предложи) приоритетни локации за поставување на нови станици за изнајмување на велосипеди, а ЈП Градски Паркинг да најде решение за поефикасно одржување на велосипедите.

Попатно, се дискутираше и за проблемот со непрописно паркираните возила на велосипедските патеки во Скопје.
ЈП Градски Паркинг треба да ги испита можностите за решавање на проблемот.

Подолу е предлогот за нови локации за станици за изнајмување, во целост како текст, а како документ е достапен на следниот линк

Предложивме и поставување на држачи и за индивидуални велосипеди (кои не се изнајмени), во склоп на станиците за градските велосипеди, како и подобрување на информираноста на граѓаните за системот за изнајмување преку соодветни материјали.
------------------------------------------------------------------------------------------------


До
ЈП Градски Паркинг
Скопје

Предмет: Предлог за нови локации за рент-станици и држачи-паркинзи за
Велосипеди

Почитувани,

Во врска со состанокот одржан во просториите на ЈП Градски Паркинг од 23.04.2014, со претставници од Град Скопје и преставници од неформалната група велосипедисти НаТочак, доставуваме предлози за:

1. Локации за нови станици за изнајмување, број на велосипеди и работно време
2. Локации за поставување на држачи за велосипеди во склоп на постоечките паркинзи од Градски Паркинг



1.    Локации за нови станици за изнајмување велосипеди (примарни и секундарни, подредени по приоритет, од најголем кон најмал)

· Примарни (онаму каде Градски Паркинг има свои паркинзи за автомобили)
1.1 Транспортен центар
- локација зона Ц33, ул. Никола Карев (фреквенција на патници)
1.2 Плоштад Македонија
- локација зона А5 или А9, ул. Орце Николов или пред Пошта (поврзаност)
1.3 Клинички центар “Мајка Тереза”
- локација ул. Мајка Тереза (фреквентна релација,Транспортен - Клинички
Центар)
1.4 Комплекс објекти (МАНУ, МТВ, Судска палата)
- локација зона Ц45, бул. Гоце Делчев (фреквенција / поставеност)
1.5 Зоолошка градина Скопје
- локација зона Ц80, бул. Илинден (добра поставеност, поврзува многу релации)

· Секундарни (потреба заради поврзување на различни делови од градот)
2.1 Во близина на објектите на општините Кисела Вода, Ѓорче Петров, Гази Баба, Чаир, Бутел (извршуваат јавни функции)
2.2 Во близина на студентските домови: Гоце Делчев, Стив Наумов, Кузман
Јосифовски Питу, Пелагонија, Медицинар

За секоја станица сметаме дека е потребно да има по 30 велосипеди и работното време да е 07.00 - 23.00 секој ден

2. Локации за поставување на држачи за велосипеди во склоп на постоечките паркинзи од Градски Паркинг

Идеја: Во склоп на локациите за станици за изнајмување да има по правило и
дополнителни држачи за приватни велосипеди (можеби во различна боја за
препознатливост итн.) Да стои напишано: изнајми /паркирај велосипед
Барање: Градски Паркинг да се грижи за безбедноста на паркираните индивидуални велосипеди на паркингот од Градски Паркинг

Дополнително предлагаме рент-станиците и паркинзите за велосипеди што се во владение на Градски Паркинг да се означат на мапа, како електронска така и испечатена и поставена на клучни локации низ градот.

Со почит,

НаТочак