30 May, 2013

Роденденска изложба

Вчера на прозорите од Младинскиот културен центар беше поставена мала изложба на постерите од сите досегашни 13 критични маси. Уште кога почнавме да ги правиме неформалните собирања на точакољупци, пролетта 2012 година, се појавија дизајнери кои доброволно дизајнираа постери.  Подоцна со првата Критична маса го добивме и логото. Па нова верзија. Па оваа денешната. Дизајнерите и понатака имаа желба да придонесат за Критична маса, а тоа, иако непланирано, сосема се вклопуваше во филозофијата на ова движење.  Па така решивме да продолжиме и натаму: со вклучување на што повеќе дизајнери во 'визуелниот идентитет' на месечните возења...

28 May, 2013

Инфографик од анкетата „Точакољупци, не' има ли доволно?“

Минатата година во октомври спроведовме онлајн-анкета преку која сакавме да ги испитаме ставовите на точакољупците за ситуацијата со велосипедскиот сообраќај во Скопје и нивниот однос кон неа.  Ни одговорија и граѓани од други градови чии одговори се вклучени во делот за Македонија. Дополнителното текстуално објаснување на анкетата и анализата на текстуалните одговори ќе ги објавиме кон крајот на неделава.Очи во очи годишнината сакавме да ги покажеме резултатите барем преку инфографиков.Во Скопје има се' повеќе луѓе на точак!Погледнете што најмногу ги поттикнува да возат точак оние сограѓани кои возат и што ним, како на редовни учесници...

24 May, 2013

Промотивни материјали - #КМ13

[графички дизајн: Небојша Гелевски- @banekoma] постер, А3, верзија за веб (jpg) Постер, линк до верзија за печатење (pdf) флаер, А6, предна страна, верзија за веб, црно-бело (jpg) флаер, А6, задна страна, верзија за веб, црно-бело (jpg)              Флаер, црно-бел, линк до верзија за печатење (pdf) Банери: Анимиран swf банер веб-банер 300x250 веб-банер 800x800, цел текст веб-банер 800x800, скратен текст веб-банер 900x800, истакната КМ 13, цел текст веб-банер 900x800, цел текст веб-банер 980x750 веб-банер 980x100 аватар, комплициран :) аватар, едноставен аватар,...

23 May, 2013

Критична маса #13: Скопје на точак, големо да растеш!

Датум: 29.05.2013Тргнување: 17:30, паркинг кај Веро Центар Забава: 19:00, на платото пред МКЦ Промотивни материјали: линк.Facebook настан: линк.Рута: линк. Известување до медиуми: линк. постерот за КМ 13 1 година од првата Критична маса во Скопје.12 заеднички возења, 12 различни теми и неколку директни акции.  Посочувајќи на проблемите во Скопје и предностите од возењето точак, стотици граѓани возеа заедно, покажуваа дека постојат и дека Скопје мора да обрне внимание и на велосипедскиот сообраќај!Илјадници граѓани на најразличен начин изразија поддршка на желбите за подобри услови за возење точак!Дојдете...

22 May, 2013

Извештај од Критична маса #12

Велосипедот покрај тоа што е играчка за најмалите, средство за рекреација и спортување за рекреативците и спортистите, мора да почне да се третира и како превозно средство и да си го добие заслуженото место во градските политики, урбанизмот, инфраструктурните проекти. И пред се' или паралелно на тоа- и во свеста кај граѓаните. Впрочем, тоа е една и од поентите на Критична маса.На еден или друг начин, тоа постојано го потенцираме. Но решивме Критична маса #12  да ја посветиме баш на врската меѓу точакот и градот. Преку работилница го запознававме точакот, а преку уште една Критична маса го до/ ре /пре-запознававме градот. Точакот е средство...

Pages 111234 »