25 April, 2014

Iframe кодови за веб - банери

Актуелниот дизајн се менува во зависност од актуелното случување (Критична маса, годишен извештај, нешто друго), но линковите од овој блог-пост за соодветните големини на банери остануваат важечки. Доколку нè поддржувате, внесете го iframe кодот кој одговара на вашите димензии. Еден код за сите актуелности. Благодариме! Сите (и актуелните) материјали за печатење може да ги најдете со тагот: Промотивни материјали. КОДОВИ ЗА БАНЕРИ За банер со димензија 300x250, кодот: <iframe frameborder="0" scrolling="no" marginheight="0" marginwidth="0" src="http://natochak.altervista.org/index_300_250.html" width="300" height="250"></iframe> За банер со димензија 500x500, кодот: <iframe frameborder="0" scrolling="no" marginheight="0" marginwidth="0"...

Поволности од еден добар систем за изнајмување на велосипеди

Ги издвојуваме следните 5 поволности од еден добар (развиен и проширен низ целата територија на градот) систем за изнајмување велосипеди. Ако имате нешто да додадете или да споделите некое искуство, слободно пишете ни. Албумот го има и на Facebook. Во контекст на потребата од проширување на системот во Скопје, го испративме и следното барање до ЈП Градски Паркинг. 1. ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА ВОЗЕЊЕТО ВЕЛОСИПЕД „Еј, штом го има насекаде, оти да не пробам? А можеби точак е и ок бе?“   Кај нас го нема насекаде, не се видливи станиците, ги нема ни во сите општини, а не па по повеќе во една. Треба системот да се шири, да го има...

24 April, 2014

Промотивни материјали - #КМ24

[дизајн: Александар Пешевски] Промотивните материјали од овој блог- пост може слободно да се споделуваат, печатат, да се лепат на соодветни локации во градот, да се користат во рамки на објави за настанот или како линкови.  Однапред ви благодариме на сите за помагањето да се прошири информацијата за Критична маса #24. А на Александар му благодариме за вело-пријателската визија за Скопје и сработувањето на овие материјали како придонес за Критичната маса во нашиот град. МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ постери и флаери постерот за КМ 24, верзија за веб Постер (А3, во боја) верзија за печатење: линк. Флаер (А5, црно-бело) верзија за...

14 April, 2014

Критична маса #24: И да немаш точак, придружи се!

Датум: 30.04.2014, среда Тргнување: 17:30, Катна гаража Св.Кирил и Методиј (Јужен Булевар)Крај (подигнување на точаците): пред МКЦ --------------------------------------------------------------Промотивни материјали: линк.Facebook настан: линк.Рута: линк. Мапа на пунктови за изнајмување: линк. -------------------------------------------------------------- Интервју со корисници на системот за изнајмување: линк. Поволности од системот за изнајмување велосипеди: линк. Предлог-локации за нови станици: линк. -------------------------------------------------------------- постерот за КМ 24 Знаеме кои поволности (популаризација...

10 April, 2014

Од Скопје до Тетово на точак и назад! Критична маса Тетово слави една година!

Датум: 12.04.2014 Време на чекање: 12:00 Место: на излезот од Скопје кон Тетово (Макпетрол) Facebook настан: линк. Фотографија од минатогодишното возење до Тетово за првата Критична маса. ------------------------Се сеќавате на првата Критична маса во Тетово и возењето од Скопје до Тетово и назад? Ѕирнете на овој линк како поминавме лани. Епа тетовчани после 12 месеци стигнаа до 13-та = 1 година Критична маса во Тетово!  Сакате да ги поддржиме?  Ајде на точак до Тетово во сабота! Добредојдени се да се приклучат сите точакољупци од Скопје, но и од местата покрај кои ќе поминеме! Потребен и доволен...

07 April, 2014

Пријава на инфраструктурен проблем - слегнат асфалт на бул.Ј.Сандански, 07.04.2014

Во врска со инфраструктурниот проблем забележан на велосипедскаа патека на бул. Јане Сандански во Аеродром, НаТочак достави дописи до Град Скопје, ЈП Улици и патишта и Општина Аеродром.Се надеваме на што поскора интервенција. -------------------------------------------------------- До:                            Град Скопје, ЈП Улици и Патишта, Општина Аеродром  Предмет:                 Пријава на инфраструктурен проблем: слегнат...

Pages 111234 »