Пролетта е во полн ек и улиците се полнат со точаци и повеќе од лани.
А ситуацијата со окупираните велосипедски патеки воопшто не се подобрува.
Во пресрет на „сезоната“, со Критична маса #11 на 27.03 и активностите околу неа го посочивме овој проблем: апсурдноста и опасноста на ситуацијата во која се доведени велосипедистите (исто и пешаците).
|
Илустрирање на апсурдната ситуација, кога ќе се постави vice versa |
Ни од властите, ни од своите сограѓани кои се движат со автомобил, тие не се третирани како учесници во сообраќајот, па патеките наменети за нивно движење се се' почесто претворани во легални или нелегални паркинзи, сеедно.
|
Credits to @medodimoski |
Како една од најодговорните институции за ова прашање, ги исконтактиравме надлежните од МВР преку писмо во кое побаравме да помогнат да се почитуваат законите, а со тоа да се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
За да го популаризираме проблемот меѓу нашите сограѓани, направивме повик за собирање фотографии од непрописно паркирани возила. Албумот: За чие движење се предвидени велосипедските патеки? и покрај тоа што Критична маса #11 помина, е се' уште отворен за дополнување, како што и проблемот е се' уште актуелен.
Дополнително, преку флаери кои ги поставувавме на бришачите од лошо паркираните возила се обративме со пријателски тон кон возачите. Можеби и не знаеја овојпат, па да ги информираме :)
Останатите пораки, тука. Благодарност до Горан Костовски- Индог за дизајнот на промотивните материјали за КМ 11!
|
постерот за КМ 11 |
Кога и ќе помислиме подобро, голем број од велосипедските патеки не се ни означени и дел од граѓаните не се свесни дека соодветната патека е велосипедска, а не пешачка. Што секако не ги ослободува од одговорност таму паркираните возачи.
Баш тој проблем со непостоењето на ознаки бил инспирација за група активисти со точаци со обичен стенсил и спреј да ги обележат патеките на некои од најгорливите локации во градот. Одговорните служби не треба многу да се потрудат и потрошат.
Лесно е, ако се сака.
И конечно, и самото возење на Критична маса 11 беше посветена на тој проблем.
Околу 220-250 луѓе извозеа симболично по едни од најкритичните и најнебезбедни улици во Скопје за возење велосипед барајќи рамноправен третман во сообраќајот.
Временските услови беа одлични, а ние бевме погласни од било кога!
Од некаде се појави полиција, но присуството на нивните возила (за жал не со велосипеди!) не влијаеше воопшто негативно на атмосферата. Напротив, бевме погласни од било кога!
Ечеше Скопје од свирки, вувузели и слеано завивање :)
Погледнете во видеата:
Почнавме од паркингот спроти Влада за кој дознавме дека се наплаќа и покрај тоа што окупира јавна површина- велосипедска патека:
|
Што се случува со пешачкото и велосипедското движење тука? Не постојат? |
|
Немаше доволно место да не' собере на „паркингот“ |
|
Едно куче во корпа и едно што трчкаше не' дружеа на оваа КМ |
|
И неколку мали дечиња со своите родители |
|
Многу насмеани точакољупки |
|
Ја окупираме Партизанска |
|
Колони од точаци го пресекуваат бул. Климент Охридски. |
Интересно беше кога колоната се пресретна во двете насоки после Кружниот тек кај Католичка црква, на ул. Митрополит Теодосиј Гологанов.
Завршивме со подигнување на точаците во паркот Јане Сандански во Аеродром.
На крајната дестинација во кутијата за донации завршија ~2537 денари од учесниците.
Точакољупци и пол! :)Трошоците за оваа Критична маса беа вкупно1450 денари за печатењето на постерите и флаерите.
******Случувања по Критична маса #11******
На 10-ти април, пријатели на Facebook профилот на НаТочак не' информираа дека на Партизанска полицијата опоменувала непрописно паркирани возила.
Звучеше предобро за да потрае, и за жал оттогаш речиси ништо не се променило.
Во програмите за избори почна срамежливо да се појавува зборот велосипед.
Чекаме промените да се појават и во стварноста :)
И продолжуваме да возиме и да посочуваме на проблемите!
Зашто веруваме дека добрите услови за возење точак, значат подобри услови за живеење во градот за сите!