20 December, 2013

Критична маса #20: „Среќни 365 на точак!“

Датум: 27.11.2013
Тргнување17:30, Плоштад Македонија
Крај (подигнување на точаците): зад бикот на ул. Македонија
--------------------------------------------------------------
Промотивни материјалилинк.
Facebook настанлинк.
Руталинк.
Вело-резолуција 2014: линк.
--------------------------------------------------------------

постерот за КМ 20
Што посакуваат скопјани за себе и градот во 2014 на точак?

Преку отворен повик на социјалните мрежи Facebook и Twitter, на e-mail, но и на отворениот „ѕид“ на работилницата за зимски гуми, собравме 150-ина желби за градот и предизвици кои точакољупците си ги поставуваат себе.
Издвојуваме неколку, а останатите ваши вело-резолуции ги објавивмеме во 2 статии на нашиот блог.

Во новата 2014-та јас ќе…

• поднесувам пријави додека не ми ја тргнат пречката од патеката
• почнам да одам со точак на работа
• научам да си го поправам точакот сама
• им купам точак на моите родители
• ја научам другарка ми да вози точак

Погледнете си сите лични резолуции на следниот линк.

Во новата 2014-та сакам Скопје кое ќе:

• нема паркирани автомобили на велосипедски патеки
• има поквалитетен јавен велосипедски превоз
• се излегува навечер на точак
• има повеќе паркинзи за велосипеди
• има повеќе возачи кои застануваат на пешачки

Погледнете си сите резолуции за Скопје на следниот линк.


А што посакуваш ти за себе и Скопје во новата година на точак? :)

Пиши ни на некој од нашите профили:
Facebook - fb.com/NaTochak
Twitter - twitter.com/NaTochak #NaTochak #НаТочак
E-mail - natochak@gmail.com

Биди дел од подобро Скопје на точак во 2014.
Вози секојдневно, а на критична маса секоја последна среда од месецот.
Накити го точакот и придружи се и на предновогодишното јубилејно 20-то возење. 


Ќе возиме по следнава рута:

View Критична Маса 20 in a larger map


После возењето продолжуваме да се дружиме и топлиме во блиското кафуле Mojo (кај дом на АРМ) во новогодишна атмосфера. Ве чекаме сите, има изненадување :)

Ѕрн- ѕрн!

--------------------------------

*** Секој учесник вози на своја одговорност.

18 December, 2013

Промотивни материјали - #КМ20


[дизајн: Елена Диновска]

МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ
(постери и флаери)

Постер, А3:
Постер, верзија за веб
Постер, линк  до верзија за печатење, во боја (pdf)

Флаер, А6:
Флаер, верзија за печатење, 4 на А4, црно-бело, предна страна (tiff)
Флаер, верзија за печатење, 4 на А4, црно-бело, задна страна (tiff)
МАТЕРИЈАЛИ ЗА ВЕБ
(банери)

веб-банер 300x250
веб-банер 980x751
веб-банер 980x100 v.1
веб-банер 980x100 v.2
аватар, 180x180
аватар, 500x500
веб-банер, 851 x 315 (FB cover)
Е - ЧЕСТИТКА
 

Промотивните материјали од овој блог- пост може слободно да се споделуваат и печатат, да се користат во рамки на објави за настанот или како линкови.
Однапред ви благодариме на помагањето да се прошири информацијата за Критична маса #19 и и' благодариме на Елена за топлиот празничен дизајн.

17 December, 2013

Вело - резолуција 2014


отворениот „ѕид“ на работилницата за зимски гуми

Преку отворен повик:

[за градот]

Си задавате ли себеси предизвици за новата година?
Би му задале ли некој предизвик на градот и нашите сограѓани за 2014-та?

Сакаме да направиме Новогодишна резолуција од најинтересните желби и предизвици за себе и градот произлезени од точакољупската задница.

Па денес да почнеме од градот...

Во 2014-та сакам Скопје (на точак) кое ќе... (дополнете ја реченицата во коментари).


[за себе]

Да продолжиме со делот од резолуцијата посветен на себе.
Какви предизвици си задавате себеси за новата година, а се поврзани со точак? 

Како илустрација: можеби е некому предизвик да извози неколку илјади километри наредната година, но некому е и да почне да оди на работа со точак или да научи да вози точак... Некому - поревносно да реагира за проблемите со велосипедизмот, некому - сам да направи нешто...

Споделете во коментари 

Во 2014-та јас (на точак) ќе...

на социјалните мрежи Facebook (за градот и за себе) и Twitter (за градот и за себе), на e-mail, но и на отворениот „ѕид“ на работилницата за зимски гуми, собравме 150-ина желби за градот и предизвици кои точакољупците си ги поставуваат себе.

Она што го добивме како резултат е сумирано во 2 блог-поста:

Во 2014-та сакам Скопје (на точак) кое ќе... [линк]

Во 2014-та јас (на точак) ќе... [линк]

04 December, 2013

Работилница „Направи сам - зимски гуми за точак“

Неколкумина вело-ентузијасти оваа сабота ќе ги спремаат гумите од нивните точаци за зимски услови, т.е. за возење на мраз и тоа ќе го направат во облик на отворена работилница.


Работилницата: „Направи сам - зимски гуми за точак“ ќе се одржи во Автономниот културно социјален центар во сабота, 7.12.2013 од 15:00 до 18:00 и работилницата е отворена за сите:

-кои правеле нешто слично и имаат искуство кое сакаат да го споделат;
-кои не правеле ништо слично, но сакаат да научат повеќе за својот точак и како да го подготват за зима;
-кои сакаат на лице место да се испробаат во техниката;
-кои сакаат едно саботно попладне да се подружат со други точакољупци.

Доколку сакате да спремите сопствена зимска гума (да спремиме заедно), ќе ви бидат потребни:

- надворешна гума со крампони
- стара внатрешна гума (може и дупната)
- шило (или бормашина со многу тенка бургија)
- околу 150 штрафчиња со должина 1 - 1,5 cm (пожелно саморежечки за лим)
- штрафцигер соодветен за штрафчињата

Паралелно на овој настан, во соседната просторија во АКСЦ ќе има Ворк Груп Суп (Работна група за супа), па покрај правењето на зимски гуми за мраз, ќе може и да се загрееме :)

Се гледаме во сабота, на точак!


FB настан: линк.

------------------------------
Адреса:
АКСЦ
ул.Борка Талески бр.26
Железничарска зграда (зад Буњаковец)

25 November, 2013

Колку те чини твојот превоз?

дизајн: Воислав Димитријевиќ
Темата за Критична маса #19 : „0 ден/км“ визуелно разработена на терен низ Скопје. 
Иста рута, иста километража, исто време, а различни транспортни средства: НаТочак наспроти ВоКола
И покрај нерамноправната положба во сообраќајот во многу погледи, во сите три случаи патникот на точак стигнува побрзо или речиси исто толку брзо како и патникот во кола. А го чини нула денари по километар.
Видеата ги потенцираат само економските предности (време : пари) ако сте НаТочак, а останатото увидете го сами.

Видео 1:  Од Ѓорче Петров до Дебар Маало



Видео 2: Од Дебар Маало до ТЦ Бисер, Аеродром



Видео 3: Од ТЦ Бисер, Аеродром до Универзална сала



Колку вложуваш и колку добиваш од твојот превоз?

Направи барем дел од патувањата на точак, вози до работа барем еднаш неделно и ќе ја почувствуваш разликата, и во паричникот и во начинот на кој се чувствуваш. 

За нула денари старт и нула денари километар!

19-тата Критична маса ја посветуваме на една од најлесно мерливите придобивки од возењето точак: штедењето.
Дојди да вртиме заедно и слободно. Информации: тука.

Критична маса #19: 0 ден/км

Датум: 27.11.2013
Тргнување17:30, Паркинг пред Министерство за економија
Крај (подигнување на точаците): зад НБРМ
--------------------------------------------------------------
Промотивни материјалилинк.
Facebook настанлинк.
Руталинк.
Видео-акција: „Колку те чини твојот превоз“: линк.
--------------------------------------------------------------


постерот за КМ 19
Живееш во Аеродром и студираш во центар. Со автобус: 10 возења = 250 ден, 22 дена X 2 X 25 = 1100 ден. месечно, при неменување на автобуси.
Живееш во Кисела Вода и работиш во Сити Мол. Со такси: 27 дена X 2 X 180 ден.= 9720 ден. со попуст.
Живееш во Влае и работиш во Дебар Маало. Со автомобил: 22 X 70 ден. = 1540 ден. + 800 ден. месечна карта за паркинг = 2340 ден. минимум.

А патувањето со точак чини 0 денари по километар во сите делови на Скопје!

Не е пресметано задоволството кога возиш точак и го доживуваш одблиску градот, возиш и му мавташ на некое другарче од средно, застануваш каде сакаш, тргнуваш кога сакаш, ја среќаваш симпатијата…пак застануваш.

Возењето точак освен што е здраво за нас и градот, практично и најбрзо во гужва, тоа ни штеди и пари. ;)

Дојди на Критична маса, ќе вртиме заедно и слободно по 19-ти пат!

Ќе возиме по следнава рута:


View Рута КМ#19 in a larger map


Се гледаме!!

Ѕрн ѕрн^^



место на чекање: паркинг пред Министерсво за економија
крај и подигнување на точаците: паркинг зад НБРМ
--------------------------------
*** Секој учесник вози на своја одговорност.

Промотивни материјали - #КМ19

[дизајн: Воислав Димитријевиќ]

МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ
(постери и флаери)

Постер, А3:
Постер, верзија за веб
Постер, линк  до верзија за печатење, во боја (pdf)

Флаер, А6:

флаер, предна страна, верзија за веб
флаер, задна страна, верзија за веб
                                        
Флаер, линк до верзија за печатење, црно-бело, предна страна (pdf)
Флаер, линк до верзија за печатење, црно-бело, предна страна (pdf)

МАТЕРИЈАЛИ ЗА ВЕБ
(банери)

веб-банер 300x250
веб-банер 900x800
веб-банер 980x750
веб-банер 980x100
веб-банер, 851 x 315 (FB cover)
аватар, 180x180
Промотивните материјали од овој блог- пост може слободно да се споделуваат и печатат, да се користат во рамки на објави за настанот или како линкови.
Однапред ви благодариме на помагањето да се прошири информацијата за Критична маса #19 и му благодариме на Војо за дизајнот.