25 April, 2014

Iframe кодови за веб - банери

Актуелниот дизајн се менува во зависност од актуелното случување (Критична маса, годишен извештај, нешто друго), но линковите од овој блог-пост за соодветните големини на банери остануваат важечки.

Доколку нè поддржувате, внесете го iframe кодот кој одговара на вашите димензии.
Еден код за сите актуелности.

Благодариме!

Сите (и актуелните) материјали за печатење може да ги најдете со тагот: Промотивни материјали.

КОДОВИ ЗА БАНЕРИ
  • За банер со димензија 300x250, кодот:
<iframe frameborder="0" scrolling="no" marginheight="0" marginwidth="0" src="http://natochak.altervista.org/index_300_250.html" width="300" height="250"></iframe>
  • За банер со димензија 500x500, кодот:
<iframe frameborder="0" scrolling="no" marginheight="0" marginwidth="0" src="http://natochak.altervista.org/index_500_500.html" width="500" height="500"></iframe>
  • За банер со димензија 990x80, кодот:
<iframe frameborder="0" scrolling="no" marginheight="0" marginwidth="0" src="http://natochak.altervista.org/index_990_80.html" width="990" height="80"></iframe>

Поволности од еден добар систем за изнајмување на велосипеди

Ги издвојуваме следните 5 поволности од еден добар (развиен и проширен низ целата територија на градот) систем за изнајмување велосипеди. Ако имате нешто да додадете или да споделите некое искуство, слободно пишете ни. Албумот го има и на Facebook.
Во контекст на потребата од проширување на системот во Скопје, го испративме и следното барање до ЈП Градски Паркинг.


1. ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА ВОЗЕЊЕТО ВЕЛОСИПЕД


„Еј, штом го има насекаде, оти да не пробам? А можеби точак е и ок бе?“  

Кај нас го нема насекаде, не се видливи станиците, ги нема ни во сите општини, а не па по повеќе во една. Треба системот да се шири, да го има во секој четврт, луѓето да не може да го избегнат. Така велосипед во претставата на граѓаните ќе стане нешто што е прифатливо (како автомобилите кои ги гледаат на секој чекор), ќе стане превозно средство кое е ок сите да го возат, а не е резервирано за сиромашни и за по некоја супкултурна група. 

Според истражување направено во Монтреал, кај граѓаните изложени на системот за изнајмување во споредба со оние кои не гледаат таков во околина, привлечноста за избирање на велосипедот како превозно средство е 3 пати поголема.


2. ПРАКТИЧЕН И ЕФИКАСЕН ПРЕВОЗ



Секаде можам да стигнам, станиците ги има насекаде. Ако процедурата е едноставна и станиците достапни: ги има пред мојот факс, во моето маало, со членската карта ќе си се качам, ќе си стигнам кај што планирам, па после може целосно да сменам план, ќе го оставам на друга станица, па ќе продолжам пешки, па ќе продолжам со автобус, нема да бидам врзан(а) како што би бил(а) со мојот точак. Вака ми стануваат достапни и можности и комбинации на кои не сум помислил(а) и нема да се решавам за кола или такси во комплицирани денови. Ако сакам да патувам со воз до Велес да имам опција да отидам со изнајмен точак на Железничка до Rent-a-bike станицата таму, не да се плашам дали ќе го украдат мојот точак во меѓувреме. 

Совршенa опција за луѓе од блиските градови и населби кои работат и студираат во Скопје. Совршена опција и за помалку гужви од дневните миграции на граѓаните.

Стокхолм, на пример, е град не многу поголем од Скопје, а погледнете колку станици има.

3. ДОСТАПНОСТ И СОЦИЈАЛНА ЕДНАКВОСТ



„Во центарот на овие движења се луѓето, не велосипедите“. 
Потребно е градот да се размислува не како повеќе простор за автомобили или точаци, туку како шанса за повеќе луѓе да се мобилни! 
Во Македонија повеќе од било каде во развиените земји би имал значење еден добар систем за изнајмување на велосипеди, поради неможноста кај дел од граѓаните да поседуваатни точак. Цената на изнајмување во Скопје моментално е сосем прифатлива, но поради сите други неповолности, системот не служи многу да се заврши некоја работа, освен за ефтина рекреација. Точаците се во лоша состојба, нередовно се одржуваат и ги нема доволно и на доволно локации. 
Градските велосипеди се јавно добро и треба да се третирани како такво, исто како јавниот превоз. Па ако има и дневни, неделни, месечни, годишни, поповолни карти за студенти и социјално загрозени граѓани , системот ќе биде уште подостапен, попрактичен и попривлечен за сите. 

Се сеќавате на примерот од Бостон?


4. ТУРИЗАМ




Кога како туристи луѓето посетуваат еден град, сакаат да го доживеат одблизу. Со туристички автобус не можеш да застанеш „каде ќе ти прдне“, а пешки не можеш да постигнеш многу, особено ако си на пократко време. Точак е идеален за туристи! Плус и одржлив туризам е, им овозможува превоз на луѓето без да загадуваат.
Скопје треба да го има предвид тоа. А пред се' треба да обезбеди инфраструктура за да има каде да возат туристите и станици за изнајмување точаци пред сите клучни места за туристи: транспортни центри, плоштади, туристички дестинации. 

Интересен момент последнава деценија е дека системите за изнајмување: точаците и станиците стануваат туристички атракции и сами по себе. На пример, Велиб е веќе заштитен симбол на Париз и скоро и не постои турист кој не сака да го испроба 



5. СИТЕ ПРИДОБИВКИ ОД ИНДИВИДУАЛНИОТ ВЕЛОСИПЕД  ЗГОЛЕМЕНИ  



Намалување на загаденоста, гужвата, буката, решавање на проблемот со недостиг од паркинг места (поради одлуката луѓето да се движат со точак), поволности за здравјето и добрата физичка кондиција, повеќе насмевки на улиците, итн, итн...

24 April, 2014

Промотивни материјали - #КМ24

[дизајн: Александар Пешевски]

Промотивните материјали од овој блог- пост може слободно да се споделуваат, печатат, да се лепат на соодветни локации во градот, да се користат во рамки на објави за настанот или како линкови. 
Однапред ви благодариме на сите за помагањето да се прошири информацијата за Критична маса #24.
А на Александар му благодариме за вело-пријателската визија за Скопје и сработувањето на овие материјали како придонес за Критичната маса во нашиот град.

МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ
  • постери и флаери
постерот за КМ 24, верзија за веб

Постер (А3, во боја) верзија за печатење: линк.
Флаер (А5, црно-бело) верзија за печатење, предна страна: линк.
Флаер (А5, црно-бело) верзија за печатење, задна страна: линк.


МАТЕРИЈАЛИ ЗА ВЕБ
  • банери и кодови Подолу следува преглед на банерите Кодови на следниот линк.
веб-банер 300x250

веб-банер 500x500

веб-банер 980x750
веб-банер 980x100


веб-банер 990x80
  • банери за социјални мрежи
веб-банер, 520 x 260 (Twitter cover)
веб-банер, 851 x 315 (FB cover)
  • сликички од зумирани сцени од постерот























14 April, 2014

Критична маса #24: И да немаш точак, придружи се!

Датум: 30.04.2014, среда
Тргнување17:30, Катна гаража Св.Кирил и Методиј (Јужен Булевар)
Крај (подигнување на точаците): пред МКЦ
--------------------------------------------------------------
Промотивни материјалилинк.
Facebook настанлинк.
Руталинк.

Мапа на пунктови за изнајмување: линк.
--------------------------------------------------------------
Интервју со корисници на системот за изнајмување: линк.
Поволности од системот за изнајмување велосипеди: линк.
Предлог-локации за нови станици: линк.
--------------------------------------------------------------
постерот за КМ 24
Знаеме кои поволности (популаризација на возењето велосипед, практичност и ефикасен превоз, достапност, поголема можност за мобилност на граѓаните, социјална еднаквост, одржлив туризам, како и сите придобивки кои ги има возењето на индивидуален велосипед зголемени) ги нудат добрите системи за изнајмување велосипеди и сакаме на нашиот да му дадеме PUSH :)

Системите за изнајмување велосипеди треба да се третираат како јавно добро, своевиден градски јавен превоз, поголема можност за мобилност, за разни ситуации и за разни групи граѓани.
Граѓаните не се доволно информирани за станиците и процедурата на изнајмување.
Сакаме нив да ги информираме, а од надлежните да побараме да ги решат проблемите со одржувањето на велосипедите и да им предложиме проширување и унапредување на системот.

Собираме искуства од корисниците на системот. Ќе ги објавиме деновиве. 

Ако сака некој да каже мислење, нека ни пише на некој од нашите профили.

-------------------------------------------------------------------
Што треба да знаеш за изнајмување точак во Скопје:

Пунктови: мапа на пунктови (5) 




Цена: 10 денари / час

Работно време: 8.00 - 23.00 часот (Изнајмување точаци до 22.00) 

На државни празници не работат. 
Процедура: Пополнување краток формулар и идентификација со лична карта.
-------------------------------------------------------------------

Да возиме заедно за подобар вело град!
Да порачаме дека и системот на градски велосипеди е важен ако сакаме Скопје да стане подобар град.

Ако ја поддржуваш оваа идеја, на свој, на позајмен или на изнајмен точак придружи ни се на 24-тата Критична маса во среда, 30-ти април, на паркингот на источната страна од Катна гаража Св.Кирил и Методиј со почеток од 17.30 часот.

Рута на возење: 


View Критична Маса 24 in a larger map


На крајот од рутата следува изненадување :)

Ѕрн-ѕрн!



--------------------------------------------------------------

*** Секој учесник вози на своја одговорност.

10 April, 2014

Од Скопје до Тетово на точак и назад! Критична маса Тетово слави една година!

Датум: 12.04.2014
Време на чекање: 12:00
Место: на излезот од Скопје кон Тетово (Макпетрол)

Facebook настан: линк.


Фотографија од минатогодишното возење до Тетово за првата Критична маса.
------------------------
Се сеќавате на првата Критична маса во Тетово и возењето од Скопје до Тетово и назад? Ѕирнете на овој 
линк како поминавме лани.

Епа тетовчани после 12 месеци стигнаа до 13-та = 1 година Критична маса во Тетово! 
Сакате да ги поддржиме? 
Ајде на точак до Тетово во сабота!
Добредојдени се да се приклучат сите точакољупци од Скопје, но и од местата покрај кои ќе поминеме!

Потребен и доволен услов да дојдете е да имате исправен точак и да сакате да поминете исполнет ден во природа, покрај села и на една славеничка Критична маса во друг град. :)


Понесете си вода, малку храна за енергија и повеќе слоеви облека и за потопли и за поладни временски услови. 

За возење на отворен пат, препорачливо е да имате и заштитни кациги.
Проверете си ја исправноста на точаците. (кочници, менувачи на брзини, се' останато)
Секој кој има можност- нека понесе резервна гума и алат за поправки, па ќе си помагаме ако се дупне некоја гума или се случи некој друг дефект.
Задолжително понесете предно и задно светло за на враќање.
А по слободен избор понесете и роденденски реквизити. :)

Планот е следен:

------------------------
Скопје-Тетово
------------------------
Чекање на излезот на Скопје кон Тетово (Макпетрол): 12:00
Место: линк до локацијата на чекање
Поаѓање: 12:15
Пристигнување во Тетово: 15:00 - 15:30.

Критична маса 13 во Тетово: 16:00 - 17:00

Роденденска забава: 17:00 - 20:00
Facebook настан од ТетовоНаТочак: линк.


Постерот за Роденденската КМ во Тетово преземен од нивниот настан
------------------------
Тетово - Скопје
------------------------
Една група ќе се враќа веднаш после Критичната маса за да не ги сноќи: околу 17:00.
Друга, похрабра група, ќе остане малку на забавата и дел од патот на враќање кон Скопје ќе го помине во темница. 
Во било која група да возите, носете задолжително исправни и со полни батерии предно и задно светло.
А ако сте во втората група, дополнително носете и рефлектирачки елечиња или било какви други дополнителни светлосни помагала.


Ќе се вози по регионалниот пат, не автопатот.


Оние кои ќе бидат уморни и нема да можат да возат точак, може да се вратат кон Скопје со автобус.

------------------------
Секој вози на сопствена одговорност.

07 April, 2014

Пријава на инфраструктурен проблем - слегнат асфалт на бул.Ј.Сандански, 07.04.2014

Во врска со инфраструктурниот проблем забележан на велосипедскаа патека на бул. Јане Сандански во Аеродром, НаТочак достави дописи до Град Скопје, ЈП Улици и патишта и Општина Аеродром.
Се надеваме на што поскора интервенција.

--------------------------------------------------------

До:                            Град Скопје, ЈП Улици и Патишта, Општина Аеродром 
Предмет:                 Пријава на инфраструктурен проблем: слегнат асфалт на бул. Јане Сандански


ПРИЈАВА

Почитувани,


На ден 03.04.2014 на велосипедската патека на јужната страна на бул. Јане Сандански во општина Аеродром во делот спроти ТЦ Скопјанка забележана е дупка, поточно слегнат асфалт од приближно 1 м2 што претставува опасност за велосипедистите кои се движат по оваа патека.



Истовремено, забележано е дека хоризонталната сигнализација на патеката е обновена (полни и испрекинати линии без симболи) и прекинува токму кај оваа пречка.
Сигнализацијата со конзистентен изглед е многу важна за препознавање на просторот наменет за велосипедисти од страна на сите учесници во сообраќајот. Но пред да се пристапи кон обновување на сигнализацијата сметаме дека треба да се пристапи кон санирање на дупките, пукнатините, нерамнините, високите рабници и било какви пречки на патеките. 
Ве молиме да се направи налог за санација на овој проблем за да се овозможи непречено сообраќање на конкретната локација, во најкус можен временски рок.
Исто така, Ве молиме да се запази редоследот на активности: санирање па сигнализација, како правило при секоја идна ситуација. Прво патеката да се доведе во добра возна состојба, па потоа преку симболи да се поканат соодветните учесници безбедно и непречено да ја користат.



Со почит,
Неформална група велосипедисти - НаТочак                       
natochak@gmail.com

07.04.2014
Скопје



*Овој документ е испратен во печатена форма до град Скопје и во електронска форма до одговорните лица од Град Скопје, од ЈП Улици и патишта и до општина Аеродром и е објавен на блогот на НаТочак: www.natochak.blogspot.com.