26 February, 2014

Предлог до ДЗС за вклучување на велосипедскиот сообраќај во извештаите за транспорт

Согледувајќи ја потребата за поголемо и поквалитетно вклучување на велосипедскиот сообраќај во извештаите за транспорт на Државниот завод за статистика (ДЗС)се обративме до нив со конкретни предлози.

Подолу може да ги погледнете двата документи кои им ги испративме:

1. Предлог (линк) Во овој документ се наведени конкретните предлози кои ги направивме по прегледот на достапните документи од ДЗС и мало истражување на странски примери.



2. Прилог (линк)
Во овој документ е претставен краток осврт за состојбата во други земји и важноста од мерењето на велосипедскиот сообраќај.



Се надеваме на позитивен одговор по овие предлози. За причините и предностите на воспоставување на вакво статистичко мерење прочитајте во погорните линкови.
Иницијативата ја направи НаТочак, а ја поддржуваат повеќе наши сограѓани, се надеваме ќе ја поддржите и вие.

Денес ја возиме Критична маса #22 со тема: „Преброј се“, токму во контекст на вреднувањето и мерењето на велосипедскиот сообраќај.
Придружете се!

21 February, 2014

Критична маса #22: „Преброј се!“

Датум: 26.02.2014, среда
Тргнување17:30, Плоштад Македонија
Крај (подигнување на точаците): Парк Жена Борец
--------------------------------------------------------------
Промотивни материјалилинк.
Facebook настанлинк.
Руталинк.

Предлог за мерење до ДЗС: линк.
--------------------------------------------------------------


постерот за КМ 22
Сè повеќе нè има на точак. Но колку сме? Сакаме да пораснеме, но за тоа се потребни конкретни мерки: инфраструктурни подобрувања, подобрување на системот за изнајмување велосипеди, едукативни кампањи, зголемување на свеста итн. 

Скопје е еден од ретките европски главни градови во кои не се мери соодносот на различните видови сообраќај, а со тоа и уделот на велосипедскиот сообраќај во вкупниот. 
А сè додека не почнеме да мериме, нема да знаеме до каде сме, нема да знаеме кои мерки колкав реален ефект имаат. Додека не почнеме да мериме, не можеме да планираме прераспределба на различните видови сообраќај и да правиме визии за зелено и здраво Скопје.
Десетици европски градови си задаваат цели да постиг
нат барем 15% удел на вело-сообраќајот во вкупниот сообраќај до 2020-та и преземаат конкретни мерки за да го постигнат тоа. Во најточакољупските градови веќе над 50% од патувањата се прават со точаци. 


Што правиш ти Скопје, на тој план? Колку луѓе на точак има, колку би сакал да има и што треба да направиш за да го постигнеш тоа?


Сакаме подобри услови за поголема привлечност на велосипедот како превозно средство за сите генерации и групи на граѓани! 

Да излеземе и да му покажеме на Скопје дека точаците стануваат критична маса. 

Вози точак секој ден, а на Критична маса во среда на 26-ти февруари.

Нека нè има што повеќе, дојдете да се видиме и да нè видат!

Ќе возиме по следнава рута:


View Рута за КМ22 in a larger map


Ќе пројдеме и покрај Завод за статистика, а ќе завршиме во Паркот Жена борец. 
Се гледаме во среда!

Ѕрн- ѕрн!

--------------------------------------------------------------

*** Секој учесник вози на своја одговорност.

Промотивни материјали - #КМ22

[дизајн: Вања Шереметковски]


Промотивните материјали од овој блог- пост може слободно да се споделуваат, печатат, да се лепат на соодветни локации во градот, да се користат во рамки на објави за настанот или како линкови. Однапред ви благодариме на сите за помагањето да се прошири информацијата за Критична маса #22.
А на Вања му благодариме за одличната идеја и сработувањето на овие материјали како придонес за Критичната маса во Скопје.

МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ
(постери и флаери)


постер, верзија за веб
Постер (А3, во боја) верзија за печатење: линк.

флаер, предна страна, верзија за веб
Флаер (А5, во боја) предна страна, верзија за печатење: линк.
флаер, задна страна, верзија за веб
Флаер (А5, во боја) задна страна, верзија за печатење: линк.


МАТЕРИЈАЛИ ЗА ВЕБ
(банери)


веб-банер 300x250
За банер со димензија 300x250, кодот: 
<iframe frameborder="0" scrolling="no" marginheight="0" marginwidth="0" src="http://natochak.altervista.org/index_300_250.html" width="300" height="250"></iframe>
веб-банер 900x800
За банер со димензија 900x800, кодот:
<iframe frameborder="0" scrolling="no" marginheight="0" marginwidth="0" src="http://natochak.altervista.org/index_900_800.html" width="900" height="800"></iframe>
веб-банер 980x750
За банер со димензија 980x750, кодот:
<iframe frameborder="0" scrolling="no" marginheight="0" marginwidth="0" src="http://natochak.altervista.org/index_980_750.html" width="980" height="750"></iframe>
веб-банер 980x100
За банер со димензија 980x100, кодот:
<iframe frameborder="0" scrolling="no" marginheight="0" marginwidth="0" src="http://natochak.altervista.org/index_980_100.html" width="980" height="100"></iframe>
веб-банер, 851 x 315 (FB cover)

27 January, 2014

Критична маса #21 - "Избистри го градот на точак"

Датум: 29.01.2014
Тргнување17:30, Плоштад Македонија
Крај (подигнување на точаците): Парк во Лисиче
--------------------------------------------------------------
Промотивни материјалилинк.
Facebook настанлинк.
Руталинк.
--------------------------------------------------------------


Скопје е загадено. Не знаеме колкав процент од каде доаѓа: затоплување на домаќинства, фабрики, сообраќај.
Со секое вклучување на моторот на колата го загадуваш воздухот кој го дишеш ти и твоите блиски. Покажи му на тој до тебе како може да се заштити себеси и Скопје од загадениот воздух. Предложи му на колегата да одите заедно до работа со точаци, оди на кафе со точак, собери ја девојка ти на точак за на кино, плати сметки на точак, оди кај баба ти на пита со точак. Вози за почисто Скопје.

Нам како граѓани на овој град ни останува да го правиме она за што се залагаме. Да тргнеме од себеси, да почнеме или да продолжиме да возиме велосипед, да не чекаме подобри услови, туку со своето присуство на улиците, да покажеме дека се повеќе од неопходни! 
Биди дел од промената, градот е она што прават граѓаните.
Вози точак секој ден, а на Критична маса во среда на 29-ти јануари.
Се гледаме на плоштад, ѕрн ѕрн!

Промотивни материјали - #КМ21

[дизајн: Никола Војнов]

МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ
(постери и флаери)

Постер (А3, во боја) верзија за печатење: линк.
Флаер (4 на А4, црно-бело) верзија за печатење: линк.

МАТЕРИЈАЛИ ЗА ВЕБ
(банери)
180x180
180x180
300x250
851x315 - 1
851x315 - 2
900x800
980x100
980x750
Промотивните материјали од овој блог- пост може слободно да се споделуваат и печатат, да се користат во рамки на објави за настанот или како линкови.
Однапред ви благодариме на помагањето да се прошири информацијата за Критична маса #21 и му благодариме на Никола за дизајнот со убава порака.

21 December, 2013

Вело-резолуција: Во 2014-та сакам Скопје (на точак) кое ќе...

Преку отворен повик на социјалните мрежи Facebook и Twitter, на e-mail, но и на отворениот „ѕид“ на работилницата за зимски гуми, собравме 150-ина желби за градот и предизвици кои точакољупците си ги поставуваат себе.


Подолу е делот од вело-резолуцијата посветен на Скопје.


Прочитајте овде за тоа како ја направивме.
А за делот од резолуцијата посветен на предизвиците кои дел од точакољупците си ги поставуваат себе, прочитајте овде.

Желбите за Скопје во 2014-та ги поделивме во 3 категории:
1. Инфраструктурни проблеми
2. Сообраќај и безбедност
3. Култура, едукација и општа состојба.

Голем дел од желбите и не се само желби, туку одлични и зрели идеи кои градов би можел да ги искористи.
Ви благодариме на сите за придонесот.

Да се надеваме дека идеите ќе допрат до свеста на нашите сограѓани, вклучително и оние кои имаат поголеми надлежности и имаат можност да променат повеќе.

-------------------------------------------------------

Во 2014-та сакам Скопје (на точак) кое ќе...

[ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОБЛЕМИ]

...има помалку дупки во кои ќе се собираат вирови.
...има помалку црвени ленти кои удираат во високи рабници...
...воопшто нема неслеани високи рабници.
...во 2014 сакам ниеднаш да не се симнам од точак на рутата до работа поради рабник, пешак, пешаче, контејнер, столб, знак, дупка.. да се симнам само ако има диско топка на патот или камионче со сладолед.
...има функционални велосипедски патеки.
...има реконструирани велосипедски патеки.
...има асални велосипедски патеки.
...во кое нема патеката да ме насочува во билборди или автобуски постојки.
...има патеки со висок квалитет, а не плочки кои се расклатуваат.

[СООБРАЌАЈ И БЕЗБЕДНОСТ]

...нема паркирани автомобили на велосипедска патека.
...има велосипедски патеки (сега нема!)
...има паркинзи за велосипеди.
...не' третира како сообраќај кога прави проект за интегрирано управување на сообраќајот и поставува знаци за него.
...има паркинзи за точаци пред секоја нова зграда.
...има зони 30 каде ќе се вози со намалена брзина.
...има барем еден булевар со зелен бран за велосипеди.
...има велосипедска мапа и велосипедски знаци насекаде.
...има повеќе пешачки и велосипедски мостови.
...(да пуштиме апел до) фирмите да обезбедат паркинг за велосипеди пред работното место.
...има поквалитетен јавен велосипедски превоз.
...да му се даде поголем акцент на јавниот велосипедски превоз.
...да има повеќе пунктови за јавен велосипедски превоз.
...да има повеќе вело-паркинзи во чаршија и на плоштад.
...Сакам Скопје да добие надземна платформа за точаци што ќе ги поврзе сите делови од градот.
...повеќе велосипедско-пешачки мостови на Вардар, како би се скратиле патувањата
...коловозот на Рекорд да стане зона само за јавен превоз, велосипеди (и можеби такси) како централната улица во Љубљана
...има велосипедска мрежа, а не испрекинати патеки.
...Во лето 2014-та сакам Скопје (на точак) кое ќе има непрекинати велосипедски патеки со сенки од раскошно природно зеленило 
...во 2014-та сакам да се смени законот за сообраќај и да се дозволи да закачиш на точакот количка или друг додаток во кој ќе може да превезуваш деца, пријател/ка, партнер/ка, родител, шефот  итн...
...Во 2014-та сакам Скопје во кое ќе биде дозволено да го качиш точакот на бус ако ти се расипе и Македонија во која ќе може да го качиш точакот во воз (ако е забрането). Цената што ќе треба да ја платиш да биде минимална со цел да се популаризира велосипедизмот.
...Во 2014-та сакам #SkNaTochak кое ќе добие велосипедска мрежа место испрекинати патеки.
...во кое ќе функционира пајак-служба поревносно.
...кое ќе има car-free зони и вистински Car-free day без коли. Барем во некои маала, барем еден ден.
...има рекреативна патека по целата должина на Вардар.
...се чувствувавм безбедно да возам низ град (без она: Ups, I survived again")

[КУЛТУРА, ЕДУКАЦИЈА И ОПШТА СОСТОЈБА]


...има повеќе граѓани на точак...
...има востановено предмет урбан велосипедизам во основно училиште.
...има градоначалници и пратеници кои ќе доаѓаат на работа на точак.
...има фестивали и манифестации за велосипедизам.
...нема велосипедистите да ги третира како проблем, туку вложувањето во велосипедски сообраќај како решение на многу проблеми.
...има велосипедски тури за туристи.
...се излегува навечер на точак.
...се дуплира бројката за критична маса.
...Во 2014-та сакам Скопје во кое нема да има потреба да се возам со гол задник за да бидам забележан како учесник во сообраќајот.
...Во 2014-та сакам Скопје (на точак) во кое ќе си мафтаме со тие ВоКола место да се напињаме.
...во 2014 сакам Скопје да не мисли дека точак е за сиромашни.
...Во 2014-та сакам Скопје (на точак) во кое постојано ќе расте бројот граѓани што користат точак како основно превозно средство.
...кое нема да прави да се чувствувам непожелно на улиците, туку ќе ми вели: вози слободно, од едниот до другиот крај на градот... има место и добри услови и за тебе.
...има повеќе возачи кои застануваат на пешачки.
...има едуцирани учесници во сообраќајот.
...има пешаци кои реагираат на овој звук (ѕвонче).
...како Амстердам што е Мека и Медина за велосипедистите.
...#SkNaTochak кое нема да прави да се чувствувам непожелно на улиците, туку ќе ми вели: вози слободно, има место и добри услови и за тебе.
...Во 2014-та сакам #SkNaTochak кое ќе има повеќе возачи кои застануваат на пешачки.
...Во 2014-та сакам да видам некој политичар #НаТочак како вози рано сабајле накај работа.
...Нема да оди во теретана да вози статичен точак, со кола.
...ќе им дава еднаква важност на сите тркала: автомобилски, велосипедски, од инвалидски колички.
...ќе знае да ги дисциплинира своите џелати.
...во кое нема да се крадат точаци и секој сопственик ќе си го најде својот украден точак.
...нема да ја бара вината за загадувањето во виши сили туку ќе преземе нешто.
...ќе има повеќе точаци од автомобили во сообраќајот.
...ќе дише слободно!

-------------------------------------------------------
Кои се твоите желби и идеи за Скопје? Пиши ни доколку сакаш да ги споделиш.
Следи нè будно на нашите социјални профили и блог за да бидеш известен за следните Критични маси и што се случува во Скопје на велосипедски план. 
Доколку сакаш да споделиш некоја вело - вест со нас или имаш желба да помогнеш за подобро вело - Скопје, можеш да ни пишеш и на нашиот e-mail: natochak@gmail.com.

Вело-резолуција: Во 2014-та јас (на точак) ќе...

Преку отворен повик на социјалните мрежи Facebook и Twitter, на e-mail, но и на отворениот „ѕид“ на работилницата за зимски гуми, собравме 150-ина желби за градот и предизвици кои точакољупците си ги поставуваат себе.

Подолу е делот од вело-резолуцијата посветен на себе, поточно збир од личните новогодишни резолуции на повеќе луѓе кои ни пишаа.

Прочитајте овде за тоа како ја направивме. 
А за делот од резолуцијата посветен на предизвиците кои дел од граѓаните му ги задаваат на Скопје и ги посакуваат за нивното секојдневно функционирање во овој град можете да прочитате овде.

Предизвиците кои секој си ги задава лично варираат од желба да се научи да се вози точак, па се до големи велосипедски тури, од мала инциијатива во влезот во кој живеат до институционална битка за подобар вело-град. Сè се брои. :)

Предизвиците за себе во 2014-та ги поделивме во 4 категории: 
1. Навики и учење
2. За точакот
3. Патувања
4. Акции и иницијативи

Ви посакуваме да ги остварите предизвиците кои ќе си ги зададете себеси во новата година!
И се надеваме дека овие резолуции споделени од вас на нашите профили ќе инспирираат уште повеќе наши сограѓани да го јавнат точакот и да променат нешто во сопствениот живот и во градот :)

-------------------------------------------------------

Во 2014-та јас (на точак) ќе...

[НАВИКИ И УЧЕЊЕ]

...почнам да одам со точак на работа
...ќе почна да возам и на снег
...одам до пазар на точак, место со кола.
...научам да не ги пцујам несовесните шофери
...научам да не ги пцујам несовесните пешаци
...ги почитувам сите сообраќајни правила додека возам точак
...ќе научам да возам точак.
...ќе им се насмевнувам на лутите шофери на коли во знак дека треба да покажеме обострано почитување.
...возам почесто точак!
...почесто да излегувам навечер со точак
...се качам конечно (на точак).
...во 2014-та ќе научам да си го поправам точакот сама (во 2013-та научив да лепам гуми).

[ЗА ТОЧАКОТ]

...си купам ѕвонче.
...да си купам кацига.
...ќе си го реставрирам стариот точак.
...ќе го одржувам точакот поредовно и нема да дозволам да ми се скрши осовина на сред пат!
...Во 2014-та ќе си ги намонтирам корпата за багаж и трубата, ќе си ги наштелувам брзините, ќе си поставам светло и мачкини очи, ќе си намонтирам и ретровизор, а сакам да си ставам и држач за мобилен. Ако биде дозволено и ако имам пари ќе си купам и приколка.
...си купам поубави светла и батерии на полнење :)
...си набавам убави мотивациски лепенки за точакот.
...Во 2014-та #JasNaTochak ќе имам багажник за да возам девојка на него.
...#JasNaTochak во 2014 сакам да си ја купам кацигава. http://www.youtube.com/watch?v=CMAhptqk-4Q … pic.twitter.com/sByYExCpbC
...си купам приколка за носење поголеми работи кои не ги собира во корпа.
...ќе си спремам мало комплетче со основни алати кои ќе си го носам секогаш на пат.
...Ќе научам да си го поправам точакот, ќе си го офарбам со дизајн на дрво...И ќе возам уште повеќе точак! Посакувам среќна точакољупска година на сите луѓе!


[ПАТУВАЊА]

...отидам на подалечно патување на точак со дечко ми.
...извозам барем 3650 км. 
...ќе го свртам цело Скопје!
...ќе правам повеќе тури низ Македонија на точак.
...#JasNaTochak сакам да стигнам до Иран!
...Ја возам девојка ми на багажник.
...Кога ќе решам да си појдам во родното место, ќе извозам со точак до Гевгелија. Ќе поканам кој сака да ми се придружи на уживанции и на повеќе сонце на југот.  
...Во 2014-та #JasNaTochak ќе отидам на пикник со девојка (потсетете ме на време. Да не  ја мрзнам на 29.12.2014).
...Во 2014-та сакам да одам до #Битола #NaTochak. #JasNaTochak
...#JasNaTochak да ги посетам преостанатите 10тина градови во Мк, да поминам државна граница...
...отидам во родното место со точак. ќе си метнам велосипедски крилја т.е. велокрилја как да си метнех и на југот да си прелетнех. Т'га за Богданци со велосипед.
...Ќе направам тура низа Демирхисарскиот крај.
...конечно ќе отидам на турите околу Охридско и Мавровско езеро.
...Ќе отидам до Кочани на Критична маса :)
...одам до Битола.
...и јас!

[АКЦИИ И ИНИЦИЈАТИВИ]

...научам некого да вози точак.
...да влијаам Ск да прерасне во поточакољупски град.
...поднесувам пријави додека не ми ја тргнат пречката од патеката...
...ќе се поставам и барам да бидам почитуван како рамноправен учесник во сообраќајот.
...ќе поттикнувам луѓе да возат точак.
...ќе иницирам кај соседите поставување паркинзи за точаци во/пред зградата каде живеам.
...ќе им ги кревам брисачите на дупло повеќе коли испаркирани на вело-патеки.
...испринтам и спамувам повеќе колите паркирани на вело-патеки со флаерчињата од НаТочак.
...ќе ги информирам пешаците дека треба да се тргнат на ѕвонче...ѕрн, ѕрн, ѕрн! 
...да "едуцирам" повеќе луѓе како да се заштитат од кражби на точак.
...ќе претворам минимум 3ца во точакољупци.
...ќе им купам точак на моите родители.
...Во 2014-та ќе иницирам кај соседите да определиме простор/поставиме држачи за паркирање точаци во/пред зградата каде ќе живеам. #JasNaTochak
...Во 2014-та #JasNaTochak ќе пробам да научам бар еден возрасен да вози точак.
...#JasNaTochak ќе се борам за #твитернаграда да се додели на @NaTochak за подигнување на свеста за велосипедизмот во Македонија.
...ќе помогнам во одржување на bike kitchen (autonomous & autolearning workshop) во Скопје.
...побарам(е) дозвола и /или поставување на вело-паркинзи пред АКСЦ. Или сами ќе ги поставиме :)
...учествувам секоја последна среда во месецот на настанот критична маса
...нема да пропуштам Критична маса.
-------------------------------------------------------

Кои се твоите лични предизвици поврзани со возењето точак? 
Пиши ни доколку сакаш да ги споделиш.
Следи нè будно на нашите социјални профили и блог за да бидеш известен за следните Критични маси и што се случува во Скопје на велосипедски план. 
Доколку сакаш да споделиш некоја вело - вест со нас, имаш желба да помогнеш за подобро вело - Скопје, можеш да ни пишеш и на нашиот e-mail: natochak@gmail.com.