29 July, 2013

Средба со ЈП Улици и патишта

На 18-ти јули 2013 година неформалната група велосипедисти „НаТочак“, преку неколку претставници, оствари средба со раководството на ЈП „Улици и патишта“.

Средбата се одржа во просториите на ЈП УиП по претходно искажан интерес од страна на директорот Синиша Ивановски. Целта на оваа средба беше да се идентификуваат проблемите и да се разгледаат можностите за подобрување на условите за урбан велосипедизам во Град Скопје, во рамки на надлежностите на ЈП УиП.

Врз база на спроведената акција на мапирање на проблематични точки на булеварите „Партизански одреди“ и „Јане Сандански“, но и врз база на претходно обработените проблеми преку критичните маси (КМ7 и КМ14), анкетата спроведена минатата година и други пропратни акции, НаТочак приложи фото-документација со примери од најчестите проблеми на велосипедските патеки во Скопје, групирани во 5 категории:

  • Ненивелираност на велосипедски патеки (високи рабници, шахти, сливници)

  • Фиксни пречки на велосипедски патеки (сообраќајни знаци, семафори, билборди, корпи итн. поставени на несоодветни места)

  • Дотраеност или отсуство на маркација на велосипедски патеки (хоризонтална и вертикална сигнализација)

  • Организираност на велосипедски патеки со нагли свртувања и нелогични правци (цик-цак движење)

  • Оштетеност на велосипедските патеки (дупки, пукнатини, предели без асфалт, нерамен асфалт)


Фотографиите погоре се само за илустрација. Сите приложени фотографии од акцијата, означени на мапа, може да се погледнат: тукаа како листа од фотографии: тука.

На средбата бевме информирани дека постои план за нивелирање и маркација на велосипедските патеки кој треба да се реализира во блиска иднина. Подоцна би се фокусирале и на останатите проблеми. Беа разменети контакти и беше покажана обострана намера за соработка во иднина.

Се надеваме на поголемо внимание за потребите на велосипедистите при нови инфраструктурни зафати и реконструкции на улици во иднина. Како учесници во сообраќајот на точак, и понатаму будно ќе набљудуваме.

25 July, 2013

Критична маса #15: Да си кул на точак не е лесно, вози си свесно!

Датум: 31.07.2013
Тргнување: 19:00, паркинг зад ТЦ Буњаковец

Крај: ~20:30, плато пред Универзална сала

Промотивни материјали: линк.
Facebook настан: линк.
Рута: линк.

Известување до медиуми: линк.



Постерот за КМ 15


Драг другар велосипедист,


Свесни сме дека Скопје нема услови кои овозможуваат непречено возење велосипед и сите сакаме тоа да се смени.

Свесни сме и дека не сме третирани како рамноправен дел од сообраќајот, и од оние кои го планираат, и од оние кои се дел од него по улиците и сите заедно треба да се избориме тоа да се смени!
Но исто така, сведоци сме дека многу луѓе на точак прават прекршоци или барем недоволно внимаваат, а тоа е опасно и по нивната безбедност и по безбедноста на другите.
Со кампањата за Критична маса 15 сакаме да го свртиме вниманието кон себе, кон нашиот влог во побезбедно Скопје.
Се’ што правиме има некаков одек, директно или индиректно, во функционирањето на градот.

Помагај го добриот, не лошиот круг!
Биди примерен велосипедист!

Да си кул на точак не е лесно, вози си свесно!


Ќе возиме по следната рута:


Со возењата во Критична маса покажуваме дека не' има многу велосипедисти во Скопје и дека е потребно да се обезбедат услови за наше безбедно сообраќање, но исто така покажуваме и свесност за самите себе и останатите учесници во сообраќајот.

Дојдете на Критична маса #15 да сигнализираме правилно, да светиме и ѕвониме масовно заедно! :)
Да ја поддржиме иницијативава и да почнеме да ги тркаламе работите на подобро, почнувајќи од себе.

*Секој учесник вози на своја одговорност.

24 July, 2013

Промотивни материјали - #КМ15

[дизајн: Сања Вељаноска

Постер, А3:
постер, верзија за веб (jpg)
Постер, линк до верзија за печатење во боја (pdf)

Банери:

веб-банер 300x250

веб-банер 980x750

веб-банер 900x800

веб-банер 980x100
 Флаери, предни страни: 






























 Флаери, задна страна:


Џингл

Кратка верзија:


Долга верзија:




24 June, 2013

Критична маса #14: Скала не е за тркала!

Датум: 26.06.2013
Тргнување: 19:00, паркинг зад Рамстор и НЛБ

Дружба на крај: ~20:30, Фонтана, Градски Парк

Промотивни материјали: линк.
Facebook настан: линк.
Рута: линк.

Известување до медиуми: линк.



Постерот за КМ 14

Точакот е превозно средство со кое секојдневно учествуваме во сообраќајот. 
Критична маса се заедничките месечни возења кои ги посветуваме на различни теми кои ни значат.

14-тата е посветена на „скалите“ на кои нашите 2 тркала наидуваат насекаде.

Да се симнуваме ли од точак и да го протуркуваме на секоја пречка од ваков вид и онаму каде природно треба да продолжи движењето? Или да возиме по коловоз дури и кога има велосипедски патеки? Или па да вложуваме голем напор при искачување на велосипедската патека, а на симнување да си ги протресеме органите и бандажите?

Острите совладувања на висински разлики се еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат велосипедистите во Скопје според анкетата од минатата година, а истовремено и еден од поедноставните за решавање.
Постоечките високи и ниски рабници може лесно да се направат глатки, а во иднина слеаноста треба да стане стандард!
Ниските рабници се полесни за совладување, но не се решение.

Сосема слеаните премини од сите тротоари (не само од велосипедските патеки) кон крстосниците без никаков раб и под соодветен агол ќе овозможат континуирано и достоинствено движење на тркала! 
Ќе поттикнат движење на точак на сите генерации, ќе овозможат лесно влечење на товар на тркала и лесно управување на бебешките колички и на количките на лицата со инвалидитет!

Сакаме слободно движење за сите на тркала!
СКАЛА НЕ Е ЗА ТРКАЛА!


Поддржете ја идејата за погладок град за точаци.
Дојдете на Критична маса #14!
Да покажеме дека не’ има и дека велосипедскиот е важен дел од сообраќајот!

Ќе возиме по следнава рута:


Понесете си храна и пијалак за пикник во парк на крај.
Внимавајте на угорницата во Кисела вода, секогаш окупирајте само една лента од коловозот и оставете слободен простор за пешаците во делот од патеката на кеј.

*Секој учесник вози на своја одговорност.

21 June, 2013

Промотивни материјали - #КМ14

[графички дизајн: Александра Христов- @alexhris] 
[радио- џингл: @tiktaknaradio]





постер, А3, верзија за веб

флаер, предна страна, А6 во боја, верзија за веб

флаер, задна страна, А6 во боја, верзија за веб

флаер, предна страна, А6 во црно-бело, верзија за веб

флаер, задна страна, А6 во црно-бело, верзија за веб

банер, 980 x 750

банер, 900 x 800

банер, 300 x 250

банер, 980 x 100

банер, 851 x 315 (FB cover)

аватар, 250 x 250 
Радио-џингл:



30 May, 2013

Роденденска изложба

Вчера на прозорите од Младинскиот културен центар беше поставена мала изложба на постерите од сите досегашни 13 критични маси.

Уште кога почнавме да ги правиме неформалните собирања на точакољупци, пролетта 2012 година, се појавија дизајнери кои доброволно дизајнираа постери. 
Подоцна со првата Критична маса го добивме и логото. Па нова верзија. Па оваа денешната. Дизајнерите и понатака имаа желба да придонесат за Критична маса, а тоа, иако непланирано, сосема се вклопуваше во филозофијата на ова движење. 
Па така решивме да продолжиме и натаму: со вклучување на што повеќе дизајнери во 'визуелниот идентитет' на месечните возења точак по скопските улици. 
Како што Критична маса е шарен придонес од многу ситни акции на многу луѓе, така и постерите: секој од различен автор, различни, уникатни, со свој белег, придонесуваат одекот на ова движење да стигне до што повеќе различни луѓе со различни стилови и вкусови.

Од името на секој што мрднал со прстот за нешто да се случи во ова неформално друштво, им благодариме многу на дизајнерите на 13-те постери досега, се извинуваме за преполните инбокси и најважно е дека без нив кругот немаше да сврти до тука!
Веруваме на обострано задоволство!

Стилот и ангажманот на Критична маса зависи од сите нас!
Среќни сме што цела година Критична маса баш ни е убава, во секој поглед! :)

Следуваат фотографии од изложбата и преглед на сите изложени постери.

Местото на мини- изложбата
Прв дел од постерите
Втор дел
Луѓе разгледуваат
Постерите и презентацијата од фотографии и видеа на платно
Изложбата позади. Напред масичката со налепниците.
И мала онлајн изложба на сите постери кои беа изложени вчера, почнувајќи од оној на кој беа претставени сите 12 рути извозени изминатава година. 

За подетален разглед на сите промотивни материјали изработени од дизајнерите за конкретната Критична маса, кликнете на линкот со нивното име.

Кои маала ги видовме годинава?
Сите 12 патеки од првата година Критична маса во Скопје





Точакољупци или На Точак,
што да стои на постерот?
Па и мапата баравме да ја стават,
кутри дизајнери со почетници :)





„Идејата ми дојде додека возев точак“
и слични почетнички занесувања.  
Ама стварно ни доаѓаа со секоја нова критична маса :)







И’ рековме дека треба да разговараме
за дизајнот до 10ти јули,
ни го прати завршен на 8ми.









Успешно вметна господин во дизајнот,
иако не му го имавме кажано навреме слоганот.





Минатиот пат- господин, сега машка школска банда.
Не сакаме да им се мешаме на дизајнерите,
ама мораше да има девојче :)

 







Смислуваме тема за насочување на критиката
кон неосветлените велосипедисти.
Успева во дизајнот да ја искритикува
и состојбата на патеките :)







Му влезе на дизајнот мртва сериозна.
Производ - дизајн на многумина омилен.





Едвај се најдовме,
но комуникацијата потоа беше најлесна на свет.
И новогодишни моменти и други јазици, се’ вклучено.






I drew a knight on a bike fighting a smoke monster.
Your argument is invalid.





Да го извадам или да го ослободам... точакот? :)
Ќе си почнам со своерачен цртеж,
а вие мислете му ја за слоганот.







#CelebrateLife #НаТочак!
А овие од колите заглавени нека пцујат :)

   






Редефинирана тема и комуникација од 88 мејла.
Ама се исплати :)




Побаравме дизајнер за КМ 13, ни донесе цела лабораторија.
Лого па ич не побаравме, а го добивме :)
Во знак на благодарност постерите од изложбата им ги подаривме/ќе им ги подариме на нивните автори.